Комеморациско писмо од режисерот Бранко Ставрев – ЧОВЕКОТ И АКТЕРОТ  МИТЕ ГРОЗДАНОВ

 

УЖАЛЕНО СЕМЕЈСТВО, КОЛЕГИ И ПРИЈАТЕЛИ НА ЧОВЕКОТ И АКТЕРОТ  МИТЕ ГРОЗДАНОВ

АКТЕРИТЕ НИКОГАШ НЕ УМИРААТ,ТИЕ КРИСТАЛИЗИРААТ ВО СПОМЕНОТ,ШТО Е ЈАДРОТО НА ЧОВЕКОВОТО ЖИВЕЕЊЕ..

МИТЕ ГРОЗДАНОВ ГО ЗАПОЗНАВ ЕДНО ЛЕТО, НО НЕ ЛЕТО  КАКО ГОДИШНО ВРЕМЕ,ТУКУ КАКО КОМЕДИЈА ШТО САМИОТ ЈА НАПИШАВ И САМИОТ ЈА ПОСТАВИВ НА СЦЕНАТА НА ТЕАТАРОТ “АНТОН ПАНОВ” ВО СТРУМИЦА. ВО ТОА УМЕТНИЧКО “ЛЕТО” ТОА ДАРОВИТО МОМЧЕ МНОГУ УСПЕШНО ОДИГРА ЕДЕН ЧОВЕК СО СТАР ВЕЛОСИПЕД,ЕДЕН РУСКИ ЕМИГРАНТ, КОЈ ГОСПОД ЗНАЕ КАКО ЗАСКИТАЛ ВО СЛЕПОТО ЦРЕВО НА МАКЕДОНИЈА, КАКО ШТО СИТЕ ГО НАРЕКУВАА МАЛОТО ГРАДЧЕ ПОД ЦАРЕВИТЕ КУЛИ.

МЛАДИОТ АКТЕР- ПОЧЕТНИК, ГО ОДГЛУМИ КАКО

МАЛ ЧОВЕЧЕЦ  КОЈ ГО ПОДЗАБОРАВИЛ МАЈЧНИОТ,  А НЕ ГО НАУЧИЛ СТРУМИЧКИОТ, И ЗАТОА ТРЕТИ- ПЕТИ КРКАШЕ КЛОЦИ ОД БЕЗДЕЛНИЦИТЕ, КОИ ТРЕСЕЈЌИ ЈАКА ОД СОЦИЈАЛИЗМОТ, КРОЕЈА ПЛАН ЗА БЕГСТВО ВО АМЕРИКА.

ОД ТОА СЦЕНСКО ЛЕТО ЗАЕДНО КИНИСАВМЕ, И ТАЛКАЈЌИ НИЗ СИТЕ ТЕАТАРСКИ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА И НЕВРЕМИЊА ,,СТАСАВМЕ ДО ОВАА ЦРНА БЕСЕДА, СВЕТЕНА И ПОСВЕТЕНА НА АКТЕРОТ КОЈ РЕШИ ДА ЈА СПУШТИ ЗАВЕСАТА НА КОМЕДИЈАТА КОЈА ГО ОНЕМЕ, АКТЕРОТ ЗА КОЈ ШЕКСПИР ДА БЕШЕ ЖИВ ЌЕ РЕЧЕШЕ ДЕКА Е ОД НАЈДОБРИТЕ НА СВЕТОТ,САКАТЕ ЗА ТРАГЕДИЈА,САКАТЕ ЗА КОМЕДИЈА, САКАТЕ ЗА ИСТОРИСКА ДРАМА, ЗА ПАСТОРАЛНА ИГРА ,САКАТЕ ПАСТОРАЛНО-КОМИЧНА, ИСТОРИСКО-ПАСТОРАЛНА,ТРАГИЧНО-ИСТОРИСКА,ТРАГИ-КОМИЧНО-ИСТОРИСКО-ПАСТОРАЛНА, САКАТЕ ЗА СЦЕНА СО ЕДИНСТВО НА ДЕЈСТВО ,САКАТЕ ЗА ЕП БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА…САКАТЕ ЗА КОЛЕКТИВНА ДРАМА, ДУОДРАМА,   ИЛИ МОНОДРАМА,

САКАТЕ ЗА НА РАДИО, САКАТЕ ЗА НА ТЕЛЕВИЗИЈА,САКАТЕ ЗА НА ФИЛМ, САКАТЕ ЗА ВО ПРОФЕСИОНАЛЕН ТЕАТАР, САКАТЕ ЗА ВО  АМАТЕРСКИ ТЕАТАР, САКАТЕ ЗА ВО НЕГОВИОТ ПРИВАТЕН ТЕАТАР ОЗАГЛАВЕН КАКО “МАКЕДОНИЈА”.

ТЕШКО  Е ДА СЕ ОДРЕДУВА ЕСТЕТСКАТА ПРИПАДНОСТ НА МИТЕ ГРОЗДАНОВ, ЗАШТО ТОЈ НЕ И ДАДЕ ПРЕДНОСТ НА НИТУ ЕДНА ТЕАТАРСКА ШКОЛА,ТУКУ СИТЕ ЗАЕДНО ГИ ПРИФАТИ КАКО ЕДНА ЕДИНСТВЕНА, И  ОД НИВ СИ ИЗГРАДИ С В О Ј А.

ЉУБОПИТСТВОТО НА МИТЕ ЅИРНА И ВО ПОЕТИКАТА НА ЕВРИПИД, И ВО ТРАГЕДИЈАТА НА ФАМОЗНИОТ ВИЛИЈАМ, И ВО СИСТЕМОТ НА СТАНИСЛАВСКИ, И ВО МАЛИОТ ОРГАНОН НА БРЕХТ, И ВО КОМЕДИЈАТА ДЕЛ АРТЕ НА РУЦАНТЕ, И ВО СИРОМАШНИОТ ТЕАТАР НА ГРОТОВСКИ, И ВО ТЕАТАРОТ-ЧУМА НА АРТО, И ВО ВОДВИЉСКИОТ НА ФЕЈДО, И ВО АПСУРДНИОТ ТЕАТАР НА МРОЖЕК, БЕКЕТ,ЈОНЕСКО ИЛИ ПИНТЕР…

 

НЕ Е НЕПОЗНАТА ПРАКСАТА ПРОФЕСИОНАЛЦИ ДА СОРАБОТУВААТ СО АМАТЕРИ ОД КОИ ЌЕ СЕ РОДАТ НОВИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ.АКТЕРИ, РЕЖИСЕРИ, ДРАМСКИ ПИСАТЕЛИ, ИЛИ БАРЕМ  ДОБРИ ГЛЕДАЧИ, НО ВО СЛУЧАЈОТ ГРОЗДАНОВ,ТОЈ ФЕНОМЕН ДОБИ ЗАЧУДУВАЧКИ ДИМЕНЗИИ.

НЕМА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, И НЕМА АМАТЕРИЗАМ, ДОКОЛКУ ПОД ТИЕ ПОИМИ НЕ ГИ ПОДРАЗБЕРЕМЕ СИТЕ ОБЛИЦИ НА ЉУБОВ.

ВО ПОРТАЛОТ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ, КОЈ ВЕРОЈАТНО ПРОИЗЛЕГУВА ОД КОРЕНОТ ПРОФЕСИЈА, И АМАТЕРИЗМОТ,КОЈ СИГУРНО ИЗВИРА ОД ЧИСТА ЉУБОВ,ТОЈ ЈА БАРАШЕ СМИСЛАТА НА СВОЈОТ БУРЕН, АВТЕНТИЧЕН, БОЕМСКИ, БОЖЕМСКИ, И НО И ГОРЧЛИВО СТВАРЕН ЖИВОТ.

КОГА НЕ ГЛУМЕШЕ ПРОФЕСИОНАЛНО,  РЕЖИРАШЕ АМАТЕРСКИ, КОГА НЕ РЕЖИРАШЕ, ЈА ПИШУВАШЕ НЕГОВАТА ПОЕТСКА  “ТРИЛОГИЈА”,ВО КОЈА ГО БОЛЕА МИСЛИТЕ, КОГА НЕ ПИШУВАШЕ, ПЕЕШЕ ТЕШКИ ПЕСНИ, КОГА НЕ ПЕЕШЕ,  ИГРАШЕ МОНОДРАМИ ПО АУЛИТЕ И КАРАУЛИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАНИЦИ, КОГА СЛЕТУВАШЕ СО АВТОБУС ВО ВАРДАР,ИЗРОНУВАШЕ ЖИВ И ЗДРАВ ОД РЕЧНОТО ДНО, ЗАШТО НЕ ДАВАШЕ РИБИ ДА ГО ЈАДАТ,КОГА МОЛЧЕШЕ – ДРДОРЕШЕ ТИШИНАТА.

НЕ,НЕМАШЕ  ЕДНО ЧУДО ПРОФЕСИИ..

ИМАШЕ  САМО ЕДНА :

БЕШ Е  Г Л У М Е Ц.

А ТОА СОЕДИНУВА СЕ: И СИОТ ЖИВОТ, И СИТЕ ВЕШТИНИ НА СВЕТОТ.

БЕШЕ САМ , АМА СО СИТЕ.

ТОЈ ПАРАДОКС НЕ Е УПАТНО РАЦИОНАЛНО ДА СЕ ТОЛКУВА,ЗАШТО И ДА СЕ СВРТИ  НАОПАКУ,  ПАК КЕ БИДЕ ИСТ:

СО СИТЕ, А САМ.

ИГРАЛ АКТЕРОТ СО ПЛОД ОД ВИНОВА ЛОЗА ВО ПРЕЗИМЕТО  ВО РАЗНИ РЕЖИИ, БИЛ И АРТУРО УИ, ВО ПОДЕМ И ВО ПАД,ГО  ГЛУМЕЛ И САМИОТ БРЕХТ ДУРИ, БИЛ САМОУБИЕЦ, БИЛ МИТКЕ, БИЛ И ДРВО НА РИДОТ, И ЌУМУРЏИЈАТА, БИЛ ЧЕХОВ…

ИГРАЛ И ВО ПАРТИТУРА ЗА ЕДЕН МИРОН НА ЧАШУЛЕ, И ВО ГОЛЕМИОТ ЧИЧО НА МАНЧЕВ , И ВО ПИЛИКАТНИК  НА АНТОН ПАНОВ, И ВО КЕНГУРСКИ СКОК НА ЖИВКО ЧИНГО, И ВО МАРТОЛОЗОТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ…

НО ВО  ЕДНА УЛОГА  ВЕТИ ДЕКА ЌЕ СЕ КАЧИ, И СЕ КАЧИ НА КОРАБОТ И  ВИКНА СО БУЕН ГЛАС ШТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НЕГОВО УМЕТНИЧКО КРЕДО:

“ЧОВЕЧКИО З Б О Р,УС КОЈ ОН РАСТЕ ДУ НЕБОТО,ЗА ТЕБЕ (ЗА АНГЕЛОТ НА СМРТТА),НЕ ПОСТОО.НЕ МООШ ДА СИ ЗАМИСЉШ ОТИ НЕКУЈ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ САМО—Г  О В О Р Е Ј Ќ И! КА ЌИ МУ ЗЕМ Ш И ЗДРАВЕ И МЛАДОС И ЖИВОТ,САК Ш ДА МУ ГО ЗЕМ Ш И ПУСЛЕДНОТО—  И    З Б О Р О!

ДА ГУ НАЛЕГН Ш  У БАТАКО, ЗА ДА СЕ ПОКАА ШО СЕ РУДИЛ КАТО ЧУВЕК, ДА ГО ПОНИЖ Ш ПОВЕЌЕ УТ ШО ГО-О НАВРЕДИЛ И ЗАСРАМИЛ САМЈО ЖИВОТ. ШО САК Ш ТИ УТ МЕНЕ? ДА ТИ СЕ МОЉ М?… ЈАС ЗНАМ ОТИ ТВОЈ ТО СРЦЕ Е ОД КАМЕН И НА МЕНЕ ТВОЈ ТА МИЛОС НЕ МИ ТРЕБА!…”

РАСПНАТ ВРЗ ХИПЕРБОЛИЗИРАНИОТ КРСТ ВО БЕСМРТНАТА ВЕЧНА ИГРА НА МИТКО МАЏУНКОВ, КАКО ИЉО М., И ПРКОСЕШЕ НА СМРТТА

СО ГЛАС ШТО   СЕ СЛУШАШЕ ДУРИ ДО ПУСТА ЗЕМЈА.

ВО ТАА ПАРТИЈА ШАХ НА ЖИВОТОТ СО СМРТТА,ВО ТОЈ МЕТАФИЗИЧКИ ДУЕЛ, МИТЕ ОСТВАРИ  ЕДЕН ОД АНТОЛОГИСКИТЕ МИГОВИ-ВЕЧНОСТ ВО МАКЕДОНСКОТО ГЛУМИШТЕ  .

РОЛЈАТА ШТО ЈА ОСТВАРИ ВО “ГОЛЕМИОТ СМОК”,”СЕНКАТА” И “ПУСТА ЗЕМЈА”,Е  БЕЗДРУГО  УТОКАТА  ВО КОЈА СЕ ВЛЕВААТ СИТЕ ДРУГИ АКТЕРСКИ ПОСТИГНУВАЊА НА МИТЕ ГРОЗДАНОВ.

НО КОЈ СЕ КРИЕ ЗАД ЛИКОТ НА ИЉО М..?

ТОА ТИ Е ЕДЕН ЧОВЕК КОЈ СИ Е САМ И АЛАТ И ЗАНАЕТ.

(АМА И МИТЕ.)

САМ СИ Е И ДРЖАВА И СИСТЕМ.

(АМА И МИТЕ.)

САМ СИ Е  КАКО ЕДЕЛВАЈЗ, ПИРИНСКАТА КИТКА

(АМА И МИТЕ..)

НЕ Е ГЛУВ,НО НИКОГО НЕ СЛУША

(АМА И МИТЕ.).

НЕ Е СЛЕП,НО НИКОГО НЕ ГЛЕДА

ГОРД Е И ГОРДЕЛИВ.

НЕПОКОРЕН И ТВРДОКОРЕН.

НЕ МУ ТРЕБААТ ЦАРСКИ ПАЛАТИ–ДОСТА МУ Е РУСКАТА КОЛИБА.

НЕ ОСТАВА НИКОЈ ДА ПРИПАРИ ДО НЕГО, НЕ ДАЈ БОЖЕ НЕШТО ДА ГО УЧИ.

ДА МУ СОЛИ УМ, ДА МУ КАЧУВА ШЕЌЕР.

ТОЈ ИМА П Л А Ц., ТОА Е НЕГОВАТА ЗЕМЈА.

ТОЈ ПЛАЦ МОЖЕ ДА БИДЕ КУЌА,НО И ГРОБ.

“ВАЖНО НЕ Е ЗА ПРОДАВАЊЕ И ТОЧКА..”

НЕГОВИТЕ ЏЕБОВИ СЕ ПОЛНИ СО  СЕМКИ И ИДЕИ.

МОЖЕ ДА ГИ ЗАСАДИ И НА КАМЕН, И ДА БИДЕ СИГУРЕН ДЕКА ЌЕ НИКНАТ.

КОНЕЧНО МОРАШЕ ДА СЕ ДОЗНАЕ КОЈ СЕ КРИЕ ВО ОНА М.  ЗАД  ИЉО.

ТОА ДА ТИ БИДЕ ИНИЦИЈАЛОТ ОД НЕГОВОТО ИМЕ—М, НО И И, НО И Т., НО И Е.

ВО ФАМОЗНИОТ ИЉО М. МИТЕ ГРОЗДАНОВ ГО СОКРИ СВОЈОТ ЧОВЕЧКИ ОДРАЗ КАКО ВО ОГЛЕДАЛО, КАКО АВТОПОРТРЕТ НА КАБАДАИЈА, НА БУНТОВНИК СО ПРИЧИНА, НА ДИВ НЕДОВОЛНИК ОД СЕБЕСИ, НО И ОД ДРУГИТЕ, ОД СВЕТОТ КОЈ МУ ЈА РАЗДЕЛИ ЗЕМЈАТА НА ТРИ, ПА ЕТЕ, КЕ МОРА ТОЈ ПОВТОРНО ДА И ЈА ВРФАКА ЦЕЛИНАТА, ДА ЈА КРШТЕВА СКРИШНО СО ИМЕТО В А П И Е Г, ЗА ДА НЕ СЕ СЕТАТ ШПИОНИТЕ ГУМЕНЏАНИ, И СЛИЧНИТЕ ДОУШНИЦИ ДЕКА МИСЛИ НА ВАРДАР, НА ПИРИН, И НА ЕГЕЈ.

НЕСОГЛАСУВАЊЕТО СО ДРЕВНАТА СУДБИНА НА АКТЕРОТ, ДА ИМ ЈА ПОЗАЈМУВА МИСЛАТА И ЕМОЦИЈАТА НА ТУЃИ ТЕКСТОВИ КЕ МУ ЈА ПОДБУЦНУВА ПЕРМАНЕНТНО ИМАГИНАЦИЈАТА СО СВОИ ЗБОРОВИ ДА ЈА ОПЕВА ТАТКОВИНАТА, КАКО НЕКАКОВ НОВ МАЈАКОВСКИ, ИЛИ ЕСЕЊИН, ИЛИ ГАНЕ ТОДОРОВСКИ, ДА ГИ ОПЛАКУВА НЕЈЗИНИТЕ ПРЕДЦИ И СВЕТЦИ, ДА РЕДИ ПЦОСТИ ЗА НЕЈЗИНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ, АПАШИ, И АНТИХЕРОИ.

КЕ СЕ ОБИДЕ ДА ЈА КРЕНЕ ТОРБАТА ПОТЕШКА  ОД ЗЕМЈАТА, КАКО БЛАЖЕКОНЕСКИОТ  МАРКО КРАЛЕ, И ТУКА КЕ СЕ СКРШИ, КЕ ЈА ЗАГУБИ СИЛАТА, КЕ ГО ПОБЕДИ МУМИЈАТА, АНГЕЛОТ НА СМРТТА.

КЕ ЈА РАСКАЖЕ ИСТОРИЈАТА ЗА И НАТАМУ ДА И ПРКОСИ, НО ТАА КЕ ГО ЗАМОЛЧИ, КЕ МУ ГО ОДЗЕМЕ ГОВОРОТ…

ИАКО СЕ ЧИНЕШЕ ДЕКА НЕ СЕ ПРЕДАВА, ГЛУМЕЈКИ НАДЕЖ ПРЕД СВОЈАТА МАГДА, БОРЧЕ, ЗОРИЦА, МАРИЧЕ, КАТЕРИНА, ПРЕД  ВНУЦИТЕ, ЗЕТОВЦИТЕ, ДРУГАРИТЕ, КОЛЕГИТЕ, И ПРИЈАТЕЛИТЕ, ИМАВ КОБНО ЧУВСТВО ОТИ ЗНАЕШЕ ОДНАПРЕД  ДЕКА ОВОЈ ПАТ КЕ ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА, И ЗАТОА СЕ ОПИРАШЕ ДА ЛЕГНЕ ПОД НОЖОТ.

СЕ ПОКАЖА ДЕКА ЗА ОВА СРЦЕ ОСТРАТ НОЖ, А НОЖОТ ЗАБОДЕН Е ВЕКЕ.

БОЖЕ, ГОСПОДИ, КАКВА Е ТАА ПРАВДА ШТО ГО О Н Е М У В А АКГТЕРОТ?

ОТКОГА КЕ МУ ГО ОДЗЕМЕШ ЗДРАВЈЕТО, МЛАДОСТА И ЖИВОТОТ, САКАШ, И МОЖЕШ, ДА МУ ГО ОДЗЕМЕШ  И  ПОСЛЕДНОТО, И   …

З Б О Р  О ….

НО НЕ И НАМ  ПАМЕТЕЊЕТО,

НЕ И СЕКАВАЊАТА,

НЕ И СПОМЕНОТ ЗА НЕГО.

ВЕЧНА МУ СЛАВА

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *