ПРЕМИЕРА ,,АЖДЕР” НУ Народен театар – Битола

 

Во вторник 20.11 ве каниме на премиера 20 ч.

Голема сцена ,,АЖДЕР” во режија на Владимир Милчин,а на сцената ќе го погледнете безмалку целиот ансамбал

НТБ денес 14.11.2018 – има роденден и тоа 74 – ти. Тоа се 74 години од првиот македонски збор изговорен на сцена, 74 години во листата на најдобрите театарски куќи во регионот, 74 години љубов, солзи, пот и креативност, 74 години континуирани претстави за вас драга публико.
Денес НТБ е театар кој достоинствено го продолжува добиеното наследство, театар за кој се зборува ,театар кој е дел од асоцијацијата на Шекспир фестивалите, театар кој благодарејќи на новите вработувања до крајот на годината ќе брои околу 100 вработени,театар со дури 17 живи претстави на репертоарот кои се играат на три сцени,театар кој има претстави скоро во сите работни денови од месецот.
Ние годинава роденденот ќе го прославиме со дупли проби, а на 20.11 со премиерата на ,,АЖДЕР”, бидејќи и покрај сите напори да стигнеме за роденденскиот датум поради обемноста на претставата не успеавме во тоа. Но затоа на 20 – ти , 25 актери од сцената, техничари, гардеробери, фризери и сите останати зад сцената, ќе му го честитатат роденденот на нашиот славеник онака како што најдобро знаат со уметност.
Да ни си долговечен,ти не си стар ами мудар и заедно со сите нас кои учествуваме во твоето градење, засекогаш запишан во културните старници на нашата земја и пошироко!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *