Тихомир Стојановски
Ние слободно можеме да го нарекуваме царски македонски јазик, јазикот кој денес сите го кажуваат како старогрчки. Хамонд вели дека е создаден од Александар Македонски. Се разбира, тој јазик нема врска со современиот грчки, ниту со визнатискиот грчки? Го давам овој пример за тоа дека и ние имаме право да зборуваме за македонски театри во антиката. Да не заборавиме дека најзначајното дело на Еврипид “Баханалии” е напишано во македонската престолнина во Еге кај македонскиот цар Архелај, кој бил инспириран од царските македонски Деноносии и слави. Но, да видиме што вели Хамонд:
“… секоја година Македонците му правеле слави на Дионис…”47
Или:
“… во октомври 324 година п.н.е., во Ектакабана, Александар организирал игри по повод смртта на Хефестион… со 3000 актери, уметници и спортисти…”
Како духовна разделба со драг пријател, но и како култ кон мртвите и култ за славење и игри, наречен македонски фестивал кој почнувал со спортски игри, поезија, беседи и обврзно завршувал со театарска претстава. И секако, нам овој податок ни е полезен за длабоката врска на театарот со црквата од времето на македонската антика како една иста институција. Место каде се славеле Боговите, музите, каде се правеле свадби, се играле ората и се пееле пеаните, но и место за славење на починатите. Или со други зборови кажано се работи за општествено духовна институција ТЕАТАР ХРАМ за чествување на Бога и дарување култура во негова чест. Тргната од елитноста и избраноста кон масовноста и народот.