Премиера “ Фестен “ Драмски театар Скопје

 

НОЕМ.16  / 20.00 – 22.00 / Драмски театар Скопје

FESTEN – ПРОСЛАВА

Томас Винтерберг, Морген Руков и Бо Хр. Хансен

Сценска адаптација: Дејвид Елдриџ

Превод од англиски јазик: Благоја Бошковски Буцко
Режија: Зоја Бузалковска
Драматургија: Александра Бошковска
Сценографија: Зоја Бузалковска и Тодор Дајевски
Костимографија: Марија Пупучевска
Сценски движења и борби: Дарко Вељиќ

Кристијан …………… АЛЕКСАНДАР СТЕПАНУЛЕСКИ
Михаел ………………. ДЕЈАН ЛИЛИЌ
Хелене ……………….. СОЊА СТАМБОЛЏИОСКА
Хелге …………………. ДИМЕ ИЛИЕВ
Елзе …………………… ЛИЛЈАНА ВЕЛЈАНОВА
Мете ………………….. ЕМИЛИЈА МИЦЕВСКА
Гбатокаи ……………. ДЕНИЗ АБДУЛА
Хелмут ………………. ДИМИТРИЈА ДОКСЕВСКИ
Поул ………………….. ЛАЗЕ МАНАСКОВСКИ
Дедото ……………….. ЃОРГИ ТОДОРОВСКИ
Ким …………………… ПРЕДРАГ ПАВЛОВСКИ
Ларс ………………….. ЗЛАТКО МИТРЕСКИ
Пија …………………… ТАМАРА РИСТОСКА
Девојчето ………….. АНАСТАСИЈА АНЕВСКА

Во семејството Хансен, родендените се слават онака како што налага данската традиција: бучно, свечено и помпезно. Особено што Хансенови се едно од највлијателните и најбогати семејства во Данска. До толку повеќе што таткото Хелге, го прославува 60. роденден. Јубилеен.

Во сенка на скорешната смрт на една од ќерките на Хелге, гостите се собираат во големата семејна куќа на уште една прекрасна свеченост. Шокантиот пресврт го изместува текот на забавата, по која ништо веќе не е како претходно…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *