Премиера „Забрането смеење” Струмица

 

„Забрането смеење” 7 Ноември 2018 /  20:00 – 21:30 ч. Струмица

      Автор: Миро Гавран

Режија: Игор Ивковиќ
Играат:
Стојан Велков – Трн
Јасмина Вучкова
Анкица Бенинова

„ЗАБРАНЕТО СМЕЕЊЕ“ е претстава која раскажува навидум едноставна семејна приказна за 43 годишниот Борис, кој има богата сопруга и со неа е во брак 20 години. Во последните 5 години тој ја има и помладата љубовница Нина. Кога швалерката ќе реши да ја раскине врската со него, почнуваат проблемите.
Претставата говори за нас луѓето од денешницата. За тоа колку глумиме сите ние во животот и дека сето тоа стана одвратно. Ова е претстава која ги исмејува бесмислените, лажни и себични споделувања емоции. Зборува за хипокризијата во секојдневните човечки односи, за лажните компромиси што се прават во брачните односи, но и за сексуалните фрустрации кои произлегуваат од нив. И сето тоа на комичен начин. Така можеби ќе си ги воочиме грешките и ќе направиме од нас посреќни луѓе.
Превод и адаптација: Горјан Милошевски
Дизајн на сцена и костими: Маре Трајковска, Ванчо Василев
Сценски движења и танци: Валентино Апостоловски
Музика: Виктор Апостоловски, Ставре Ангелаков
(користени делови и од Nina Zilli, Jules Gaia, Gavin Luke)
Графички дизајн: Марјан Ѕингаров
Изложба: Од колекцијата на „СТРУМИЧКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА“.
Дела на авторите: Марјан Ѕингаров, Ване Костуранов, Никола Пијаманов, Љупка Галаска-Василев).