Колегите и пријателите се простија од театарскиот бард Мите Грозданов:

Актерите никогаш не умираат, тие кристализираат во споменот…

“Мите Грозданов беше, е и ќе остане ненадминат во својата професија“, го започна своето обраќање актерот БлагојаЧоревски на денешната комеморација која се одржа во Драмскиот театар по повод смртта на неговиот колега Мите Грозданов. Чоревски посочи дека Мите има одиграно над 150 улоги во неговиот матичен Драмски, но и низ театрите во Македонија и пошироко.

“Тој беше првиот македонски актер кој ја освои престижната југословенска награда “Златен ловоров венец“ во 1968 за главната улога во претставата “Партитура за еден Мирон“, рече Чоревски набројувајќи ги големиот број награди со кои се закити Грозданов, притоа споменувајќи дека во 2017 година Грозданов го одбележал и 50-годишниот јубилеј на професионална кариера со претставата “Од инат, заинат, поинат“ во Драмскиот театар.

Чоревски не заборави да ја спомене и неговата педагошка дејност додавајќи “Беше духовен водич на Театар Македонија, каде што како педагог и режисер – учител низ неговите раце поминале многу млади, талентирани актери“.

Беседа за театарскиот бард Мите Грозданов имаше и познатиот македонски режисер Бранко Ставрев.
“Актерите никогаш не умираат, тие кристализираат во споменот, што е јадрото на човековото живеење“, рече Ставрев кој посочи дека е тешко да се одреди неговата естетска припадност бидејќи тој не и дал предност ниту на една театарска школа, туку дека прифаќајќи ги сите си направил своја. “Љубопитството на Мите ѕирна и во поетиката на Еврипид, и во трагедијата на фамозниот Вилијам, и во системот на Станиславски, и во малиот органон на Брехт, и во комедијата дел арте на Руцанте… и во апсурдниот театар на Мрожек, Бекет, Јонеско или Пинтер…“, посочи Ставрев истакнувајќи дека кога Мите Грозданов не глумел професионално, режирал аматерски, кога не режирал, ја пишувал неговата поетска “Трилогија“, кога не пишувал, пеел тешки песни, а кога не пеел, играл монодрами. “И не, немаше едно чудо професии, имаше само една – беше глумец! А тоа соединува се: и сиот живот, и сите вештини на светот“, истакна Ставрев посочувајќи дека во животната битка ако на актерот му го одземеш зборот, сепак не можеш да му го одземеш паметењето, и сеќавањата и спомените за него.

Со долг и емотивен аплауз, присутните колеги и пријатели на комеморацијата во полната сала на неговиот матичен Драмски театар го испратија театарскиот бард Мите Грозданов кон неговиот вечен дом…

https://vecer.press

Актерот Мите Грозданов замина на небесна -та “ Сцена “

 

СО СИТЕ

Во комедијата „Лето“ што самиот ја напишав и ја поставив на сцената на театарот „Антон Панов“, на младиот Мите Грозданов му поделив улога на руски емигрант, кој еден господ знае, како заскитал во слепото црево на Македонија, да не речам под царевите кули на Тиверија. Кутрото човече, кој го подзаборавил мајчиниот, а не го научил струмичкиот, дебитантот го одигра за аплауз на отворена сцена. Од тоа уметничко лето кинисавме заедно и талкајќи низ сите театарски годишни времиња и невремиња стасавме во оваа монографија, ветена и посветена на актерот со плод од винова лоза во презимето, за кој, да беше жив Шекспир, ќе речеше дека е „од најдобрите на светот, сакате за трагедија, сакате за комедија, сакате за историска драма, сакате за пас – то рална игра,сакате пасторално-комична“…сакате за монодрама, сакате за дуодрама, сакате за радиодрама, сакате за тв-драма, сакате за на филм, сакате за во професионален, сакате за во аматерски, Театар “ Македонија “…

Љубознајноста на Мите наѕре и во Вилијам и во „Шекспир наш совр е – меник “ на Јан Кот, и во „Системот “ на Станиславски, и во „ Малиот органон “ на Брехт, и во комедиите Дел арте на Руцанте, и во Сир ом а шниот театар на Гротовски, и во Театарот-чума на Арто, и во водвиљскиот на Фејдо и во авангардниот на Мрожек, Бекет, Јонеско, Пинтер.

Не давајќи и предност на ниедна од споменативе театарски поетики, тој ги прифати сите, за од нив да изгради своја сопствена. Не е непозната праксата професионалци да соработуваат со аматери од кои ќе се родат нови актери, режисери, драматурзи или само добри гледачи, но во случајот „Грозданов“, тој добива димензии кои се карактеристични само за него.

Како од раѓање да знаел дека нема ниту професионализам, ниту аматеризам, доколку под тие фамозни поими не ги подразбереме сите облици на љубовта. Токму поради тоа во порталот на професионализмот, кој веројатно е изведен од професија и аматеризмот,кој сигурно извира од чистата љубов, тој ја смести смислата на својот живот.

Не е исклучено тоа негово уверување да се должи на фактот дека први учители по театар му беа актери-чевлари, актери-месари, актери-шивачи, актери-банкарски и судски службеници, актери-домаќинки, актери- студенти…и други самоникнати ентузијасти, на кои им беше достатен само талентот за да блескаат од сцената.

Кога не глуми професионално во матичниот Драмски театар, режира аматерски каде што ќе стигне и пристигне, особено во неговиот приватен театар „Македонија“. Кога не режира ги пишува стиховите за својата „Трилогија“.

Кога не пишува, им пее коледарски, тешки или патриотски песни на пријателите. Кога не е во тој ритуал што го воскреснува детството, ги игра неколкуте свои монодрами по домовите за култура, училиштата, театрите и амфитеатарите, па дури и по караулите на македонските граници.

Живее и создава како да е дух од патувачкиот театар „ Боем “ на неговиот учител и колега Петре Прличко.

Сам е.

Ама со сите свои…

Играл и во „ Партитура за еден Мирон “ на Коле Чашуле и во „ Големиот чичо“ на Васе Манчев и во „Пиликатник“ на Антон Панов и во „Кенгурски скок“ на Живко Чинго и во „ Мартолозот “ на Григор Прличев…бил и Артуро Уи, и Брехт дури, бил Чехов, бил „Самоубиец“, бил „ Дрво на ридот “, бил- „ Ќумурџијата…“

Но, ролјата на Иљо М. што ја одживеа во „ Големиот смок “,“ Сенката “ и „Пуста земја“ на Митко Маџунков, бездруго е утока во која се влеваат сите други актерски дострели на доајенот на македонското глумиште Мите Грозданов. И во време она и во време ова, не ме напушта уверувањето дека преку Иљо М. актерот ни кажа и ни премолча важни нешта и за себе самиот.

„Ти изгледа, не знааш, с’с кој си им’ш работа?!

Ти ак си ут пуста земја, јас с’м поутпуста, ут најпустата пустина зат пуста земна…“

Гледам во далечините како драмскиот лик со М во презимето инеговиот исполнител со плод од винова лоза во  презимето жилаво сербесно, курназно, ја влечкаат колата на теспис,крстосувајќи ги макадамите на Македонијава.

Думаните што ги креваат зад себе не се толку густи за да ни ја замаглат сликата на нивното постоење.

Иљо М. и М.Грозданов ујдисани како еден, навистина можат да ја победат смртта со еден расц’вт’н минд’л и со

една шљупка ут урех.

 

БРАНКО СТАВРЕВ

( дел од монграфијата “ Мите – сцена, живот “ 2012г. ја напиша Борче Грозданов )

Почина бардот Мите Грозданов

 

Утре 27.11.2018

Комеморацијата на великанот Мите Грозданов ќе се одржи утре во 10.00ч. во неговиот матичен Драмски театар Скопје.

А погребот ќе биде на  Гробиштата во црквата Св. Пантелемон во 11.30ч ќе биде изложен во капелаат, а самиот погреб ќе биде во 12.00ч

IN MEMORIAM За Бардот на македонското глумиште, МИТЕ ГРОЗДАНОВ.

 

Роден во Струмица 14. Декември 1943 – 25 Ноември 2018 година

Да се пишува за некого значи да се оттргне еден живот, една индивидуа, еден неспорен факт на лицето на земјата од заборавот, од патината, од дното на заборавената меморија… Да се пишува за некого значи да се остави траг кој и по простосмртноста останува да сведочи дека некој, некогаш, за нешто, со нешто, живеел, творел, градел, надградувал, создал… Да се пишува за некого значи да се оддаде почит кон незаборавот на личноста која сама по себе му пркоси на мигот, имајќи ја за цел вечноста… Да се пишува за еден од најголемите , кој и буквално умеел со својата појава и моќ за творба да нè остави без здив, значи да се стави уште една точка, сјајна како ѕвезда во аналите на културното театарско (и не само такво) живеење.

Професионалани награди: – Млад борец за „Партитура на еден Мирон“, 1968 год. – Златен ловоров венец за истата ролја во МЕСС, Сараево, 1968 год. – Единствена актерска награда од колегите за упаѓање во ликот на Луков – „Црнила“ ; за 48 часа – Сребрена колајна – Фестивал на монодрама во Земун за претставата „Дрво на ридот“ – Војдан Чернодрински, Прилеп – главна машка награда за Светозар Митиќ во „Карамазови“ – Актер на годината – Екран; за монодрамата „Ќумурџијата“ и Светозар Митиќ во „Карамазови“, 1984 год; – Војдан Чернодрински, Прилеп – награда за главна машка улога за Иљо М во „Сенката“, НТ „Антон Панов“, Струмица; – Награда за Животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп – 2010 год.

ОДИГРАНИ ПРЕМИЕРИ ВО ДРАМСКИОТ ТЕАТАР 1967 год.

– „Зборот дупка не прави“- З. Петан, К. Франце ( 27.06) – „Ромул Велики“ – Ф. Диренмат; В. Цанков ( 14.11) – „Партитура за еден Мирон“ – К. Чашуле; Љ. Георгиевски (05.12) – „Две врцви вода“ – А. Греидануса; К. Ќортошев ( 28.12) 1968 год. – „Германци“ – Л. Круцковски; К. Браун (09.02) – „Земја во која не се стигнува“ – О. Николова; Д. Наумовски (02.03) – „Немирна рудина“ – С. Дракул; М. Стефановски ( 07.04) – „Балада за Тил Ојленшпигел“ – Г. Вајзенборн; Д. Наумовски (27.09) (упаѓање за 10 дена) – „Бегалка“ – В. Иљоски; Т. Кондова-Зафировска (11.10) – „Лисистрата“ – Аритофан; Д. Христов ( 13.10) 1969 год. – „Пештера“ – М. Неделковски; Д. Родиќ ( 08.02) – „Балада за Лузитанското страшило“ – П. Вајс; В. Милчин (22.03) 1970 год. – „Сојуз на лажните светци“ – М. Афанасиевиќ / Булгаков; Т. Кондова-Зафировска (14.10); ( упаѓање за две ноќи ) 1971 год. – „Нажалена фамилија“ – Б. Нушиќ; Д. Станковски (06.01) – „Богунемили“ – П. Андреевски; Д. Наумовски (27.02) – „Владимир и Косара“ – С. Таневски; Т. Кондова – Зафировска (08.05) – „Болен Дојчин“ – Г. Сталев; Д. Станковски (30.12) 1972 год. 18. „Задржливиот подем на Артурио Уи“ – Брехт; М. Горкиевиќ (25.03) 19. „Скриената шапка – празникот на правдата“ – Т. Мазилу; Љ. Георгиевски ( 21.07) 20. „Мајка“ – С. И . Виткиевиќ; П. Димовски ( 06.12) 1973 год. 21. „Јас Клаудиј“ – Џ. Мортимер; С. Унковски (03.03) 22. „Војцек “ – Г. Бихнер; Б. Зафировски (05.05) 1974 год. 23. „Грдиот нарцис“ – Т. Арсовски; Ѓ. Трајнов (28.02) 24. „Легенда за Бошко Буха“ – Белозиќ / Пешиќ; Н. Пановски (15.03) 25. „Болва во уво“ – З. Фејдо; Д.Османли ( 24.03) 26. „Нарачана комедија“ – Ф. Хаџиќ; С. Унковски ( 21.09) 27. „Сончева колона“ – повеќе автори; Н. Гешоска ( 26.11) 28. „Јане Задрогаз“ – Г. Стефановски; С. Унковски ( 26.12) 1975 год. 29. „И бол и бес“ – С. Јаневски; Д. Османли (16.04) 30. „Чук-чук Стојанче“ – О. Николова; К. Ангелевски ( 13.12) 1976 год. 31. „Бегалка“ – В. Иљоски; (обнова 12.03) 32. „Седмо, кради помалку“ – Д. Фо; Д. Станковски (28.05) 33. „Цар Едип “ – Софокле; М. Корун (12.07) 1977 год. 34 „Црнила“ – К. Чашуле; Љ.Георгиевски (09.03) ( упаѓање за две ноќи – Луков ) 35. „Баш Челик“ – Д. Бабиќ; К. Ангелосвски (28.04) 36. „Непокор“ – Б. Пендовски; Љ.Георгиевски (07.12) 1978 год. 37. „Тигар“ – М. Шизгал; Д. Велјановски ( 26.05) 38. „Шекспир во приказни“ – Лем/Гузел; К. Ангеловски (01.06) 39. „Бегалка“ – В. Иљоски ( обнова – 28.06) 40. „Веселата смрт“ – М. Евреинов; Н. Пановски (09.11) 1979 год. 41. „Солунски патрдии“ – М. Попоски; К.Ангеловски ( 20.06) 42. „Рибарски караници“ – К. Голдони; Т.Кондова-Зафировска (14.12) 1980 год. 43. „Подбивна среќо моја“ – Л. Маљугин; С.Маркус (09.01) 1982 год. 44. „Еригон“ – Ј. Плевнеш; Љ.Георгиевски ( 21.01) 45. „Ајкула“ – В.Хаин; Ѓ. Стојановски ( 28.01) 1984 год. 46. „Карамазови“ – Д.Јовановиќ; П.Маџели (04.03) 47. „Ивона кнегиња Бурбудска“ – В.Гомбровиќ; В. Цветановски (16.06) 48. „Фоксфаер“ – Купер/Кронин; Б. Поп Ѓорчев (08.12) 1986 год. 49. „Керубин“ – С. Јаневски/ Плевнеш; Љ. Горгиевски (13.07) 50. „Зоикиниот стан“ – Булгаров; С. Стојановски (17.12) 1989 год. 51. „Собирен центар“ – Д. Ковачевиќ; К. Ангеловски (28.01) 52. „Татко“ – А. Стриндберг; Т.Кондова-Зафировска (18.04) 53. „Лице и опачина“ – Ј. Радичков; Љ. Горгиевски ( 07.06) 54. „Дедо Мраз во Соновија“ – С. Илиев; М.Грозданов (23.12) 1990 год. 55. „Самоубиец“ – Н. Ердман; Б.Ставрев (14.04) 1991 год. 56. „Балконот“ – Ж. Жене; И. Кумчевиќ (12.04) 1994 год. 57. „Шегите на прасињата“ – С. Илиев; М.Грозданов (08.11) 1995 год. 58. „Од првиот здив“ – Д. Коцевски; Г.Тренчоски (04.03) – 1996год. 59. „Вазна од порцелан“ – Ј. Петровски (20.6) НТ „Антон Панов“ – Струмица – „Лето“ – Б.Ставрев; 1963 (студент ) – „Медеа“ – (упаѓање за една ноќ – Јасон ); режија Д. Христов – „Скок преку кожа“ (Горчин ); Т. Арсовски – Трилогија – М. Маџунков – Б. Ставрев; улога: Иљо М. 1. „Големиот смок“ (09. 1986) 2. „Сенката“ (11.02. 1987) 3. „Пуста земја“ (1989) – „Без вина виновни / Сон на летната ноќ“ – Н. Островски/ Шекспир; адаптација и режија Б.Ставрев – Отворање ФКТ „Ристо Шишков “, 08.09.1993год – „Пиликатник“ – автор А. Панов; режија Б.Ставрев; 13.08.1997 МНТ – „Судењето на Бертолт Брехт пред комитетот за антиамериканска дејност“ – режија Н. Пановски; 1975 г. – „Мартолозот“ – по Прличев; режија Б.Ставрев (Охридско лето, 1992 год.) Охридско лето – „Кенгурски скок“ – Ж.Чинго; режија Б.Ставрев (Варијанта на бродот Македонија – продукција “Сцена 92” – 1992 год. ) – „Кенгурски скок“ (Затворена варијанта – Дом на култура „Григор Прличев“), 1993 г.; режија Б. Ставрев – НТ Штип – „Црнила“ – К.Чашуле; режија Н.Пановски – 1982 год. – „Големиот чичо“ – В.Манчев; р. Б.Ставрев – 1992 год. – Театар на народности албанска драма – „Сурати“ – Ж. Чинго; режија Б.Ставрев – 1986 год. Ад хок театар 1. „Лјубоф“ – М.Сизгал; режија Иван Митевски (Дом на млади „25 Мај“, 1995 год. ) 2. „Болна градина“ – Р. Јачев; режија М.Грозданов (КИЦ – 1977 год. ) 3. „Страв“ – по М. Ренџов; режија М.Грозданов ( Дом на млади „25 Мај“, 1978 г. ) 4. „Театар на поезија“ – СВП; режија М.Грозданов, 1980 год. Монодрами 1. „Дрво на ридот“ – А.Шопов – 1982 год. 2. „Ќумурџијата“ – Б.Смаќоски 3. „Историска хронологија“ – повеќе автори 4. „Итар Пејо дошол од кај умрените“ – Р. Давчевски 5. „Чекајќи го Илко“ – М.Ристеска 6. „Трилогија“ – М.Грозданов; 2000 г. 7. „Којне“ – М. Попоски 8. „Дај му на човекот“ – М.Ристеска. ( 5.06.2014 ) “ Вечна игра “ режија Б.Ставрев, текст М.Маџунков “ Антон Панов“ Стумица,

ТЕАТАР МАКЕДОНИЈА 1. „Сомнително лице“ – Б.Нушиќ ; 04 – 05. 11 . 1993 год, Кочани – свечено отворање на Театар Македонија. 2. „Кутра наша земја“ – по Кларк / Бобрик; 14.01.1995 год. 3. „Изборот е твој“ – С.Илиев; 17.04.1998 г. во Драмски театар 4. „Митке, Коштан, Гркљан“ – Б.Станковиќ (КИЦ ) 5. „Семеен викенд“ 6. „Стрниште Ж“ – М.Левенски 7. „Петли“ 8. “ Црв “ монодрама во Драсми театар /2015/, “ Од инат поинат, за инат “ 2017 година со што обележа и 50 години професионална кариера.

ФЕСТИВАЛИ…. Учествувал на сите порелевантни фестивали низ Македонија: „ВојданЧернодрински“, „Ристо Шишков“ – Струмица,

За Чеховата драмa „Галеб“

 

Не верувајте на Чехов. Тој ќе се обиде да те измами. Тој ќе се обиде да игра со вас за да ве обесхрабри, во случај да сте површен и љубопитен читател. Веднаш на почетокот на своето дело Чехов ја дефинира својата драма” Галеб “ како комедија. И тука е првата измама. Ако очекувате да ве натерате да се смеете и да се навикнете дека оваа е комедија, не сте во право. Ако очекувате бесплатен заговори, едноставни карактери, повторно сте погрешиле. Во работата нема смешни работи, нема шега или хумор. Комично во приказната е, групата луѓе кои страдаат поради нивните неисполнети надежи, очекувања и љубов? Овие херои се жалат, тврдат тие, и донесуваат важни одлуки кои ги менуваат нивните животи. На самиот почеток на драмата Маша ќе рече: “Жал ми е за мојот живот. Јас сум несреќен. ” Сепак, ова е комедија, вели писателот! Времето сака да ни каже дека овде се потенцира баналноста на трагедијата на своите ликови, фактот дека нивниот живот и судбина, без оглед на тоа, како и во даден момент да е се сериозно и значајн. Само една епизода и дел од светот што не опкружува, а дел се доволно мали и незначителни делови како и судбината на секој од нас.

Иако ‘рбетот на драмата е составена од три љубовни триаголници, не може да се каже дека ова е драма за љубовта. Љубовта е само причина, “платно” кое му служи на писателот подобро да ги фати хероите и нивните ликови. Темата е блискоста на животот, безнадежноста и неможноста да се ослободат од природните и социјалните околности. Иронијата не може да се игнорира, а Чехов толку непријатно ги поставува хероите на ситуации што не можат да излезат сами. Неговите херои се борат меѓу нивните желби и нивните можности. Оваа борба е краток опис на она што се случува во драмата.

“Но, ништо не се случува во драмата”, може да се каже некој. Тоа е некој кој ја ставил на уште една помала уметничка измама на Чехов. Ви велам уште еднаш, не му верувајте. “Галеб“ време вклучува малку повеќе од две години, а во тоа време, на маса и Meчкестиот брак, Нина и Тригорин добиват дете, кој подоцна почина, Сорин ќе се разболи, Tрепљев станува успешен писател … Каде е тогаш впечаток дека ништо не се случува драма ? Дури и Aркадин ќе каже: “На топлина, тишината, никој ништо не прави, сите филозофираме …” Одговорот лежи во фактот дека Чесито и внимателно и вешто управува со сите големи и важни настани остави зад сцената или надвор од текстот, и на нив да научиме од разговорот кои се одвиваат на местото на настанот. Она што го читаме и директно го откриваме не се компликации, занаети и одлични настани. Главната улога во оваа драма игра тишина и молчење, а главните случувања се случуваат зад сцената. Она што се случува на местото на настанот се случаен прекин од животот, како избраните моменти да бидат издвоени од некој голем режисер и презентирани пред нас. Во нашите животи, ние не секогаш гледаме сè и секого во секое време, зошто треба да го видиме во драма, која е само животен стил? И Чехов се обиде да направи сè во својата драма како во својот живот.

При читањето на Гуска, може да се слушне тишината, се чувствуваат на пауза и неискажаното, а неговите ликови ги сакате, но не можам да кажам за вас. Ова не е драма за големите судбини и исклучителни херои. Чесите ни покажуваат мали, обични животи, како нашите. Тоа ни покажува дека не само големи трагедии и театарски настани се она што го заслужува вниманието на писателот и што заслужува место во драмата. Неговите херои ги доживуваат личните трагедии и ние сме во можност да ги посетуваме. Чехов сака да ни покаже дека е важно што се случува меѓу луѓето, а во нив, како што беше речено, и потиснати, забележани малку моменти и разговори како причина за сите големи и важни. Не е важно дека Трепљев се самоубил. Затоа неговото самоубиство се одвива зад сцената. Важно е зошто тој самиот се уби, гледачите ги гледамаат причините на сцената.

Поради напорите на Чехов во драмата покажува животот каков што навистина е во клучните моменти, често може да се слушне звуците во позадина, и се банална, секојдневна и го попречува, нарушат возвишеното и атмосфера на ситуацијата. Така, во последната сцена меѓу Нина и Трепљев, се наоѓа огниште и смеа од соседната соба. Една од најголемите и најубавите љубовни сцени на овој детал е целосно непросветлен. Овој писател ја исмејува важноста на дадената ситуација и ликовите воопшто. Светот нема да запре во светот, за да можеме да ги одиграме нашите големи улоги. Уште еднаш, овој извонреден писател потврдува дека неговата драма е живот на сцената. Бидејќи писателот ги става во банални ситуации, а и поради тоа што тие се сфаќаат премногу сериозно – хероите на Чехов се како од стрипови.

“Па, ќе видите, и галебот,  можете да видите, симбол, или, извинете, јас не ги разбирам”, тие ќе велат дека во еден момент Нина Mикхаилова  е венчана. Слободеите птици, мртвиот галеб и галеб кој бил наполнет со нешто заедничко – симболиката во тоа што Чесите вешто се вклучени во оваа работа, нагласувајќи неговата важност самиот наслов. За секој од ликовите, Галебот  претставува нешто друго – што – тоа и за читателот треба да е го открие. А тоа може да откритие само оние внимателни читатели, подготвени да слушате тишинатана  Чехов, да се види она што тој се чувствува и совети само на она што нашите херои случајно откриена во изливите на нежност и лутина.

***

Московската премиера на текстот „Галеб“ се случила пред точно 120 години и тоа е голем предизвик одново да се открие дека текстот и во денешни услови е актуелен и отвора теми што го допираат современиот човек, бидејќи станува збор за љубовна приказна. Во историјата на Македонскиот народен театар текстот „Галеб“ е поставен двапати, во режија на Димитар Ќостаров во 1960 година и на Бранко Ставрев во 1990 година. Новата претстава во режија на Нина Николиќ ќе биде трето поставување на овој класичен текст на сцената на МНТ.
„Текстот содржи ситуации кои и денес ги живееме, како Чехов пред 120 години да го пишувал за 21. век.

превод на М. Петрески

 

 

 

По 30 години праизведба на„Викенд на мртовци“ вечерва премиерно во Театар комедија

Современа верзија на култниот  Нова естетика, современост и мултимедијалост. 

Претставата која својата премиера ќе ја има вечерва започнува во 20 часот, а режијата е на Ѓорѓи Ризески кој вели дека направиле оригинална верзија:

„Ова е претстава за живите кои се справуваат со смртта. Тргнавме од тоа дека претставата не е поставена долго време, дека денес живееме во друго време, дека тематиката е вечно присутна и трае, но едноставно идејата беше како ние денес гледаме на таа тема и како денешните ликови се справуваат со оваа тема која постоела и постои“.

 

Меѓу екипата која брои 16 актери е и Магдалена Ризова,  која во деведесеттите како дипломец играла во „Викенд на мртовци“ на сцената на Драмски, но сега, како што вели нејзиниот колега, актерот Роберт Ристов претстaвата е со многу поразлична естетика.

„Имајќи ги поставеностите на претставата и филмот, сакавме да го избегнеме тој реализам. Трагавме по една поинаква естетика во групните сцени, а кога се групни сцените потребна е поголема усогласеност меѓу актерите, поголемо ангажирање и секогаш е тоа потешко за реализација“, додаде Ристов.

 

По шест години, на сцената на Театар Комедија, публиката ќе може да ја види и актерката Жаклина Стевковска која споделува дека процесот бил особено сложбен за неа. Уметничката директорка пак, Мирјана Ристов раскажа дека одлуката да се работи на една современа верзија на „Викенд на мртовци“ било ризик за целата екипа:

„Ризик е дали ќе биде подобра или барем на исто ниво. Многу често публиката знае да суди по гледаното, да има оформено свој став и да смета дека претходното е подобро. Нескромно кажано, оваа актерска екипа направи многу подобро ниво, зашто веќе имаме современа претстава, која опфаќа современа тематика, а ќе има и видео бимови на сцената“.

Оваа претстава, вчеравечер ја имаше својата претпремиера, а следната изведба по денешната премиера  е на трети декември.

/ M.П /

ПРЕМИЕРА ,,АЖДЕР” НУ Народен театар – Битола

 

Во вторник 20.11 ве каниме на премиера 20 ч.

Голема сцена ,,АЖДЕР” во режија на Владимир Милчин,а на сцената ќе го погледнете безмалку целиот ансамбал

НТБ денес 14.11.2018 – има роденден и тоа 74 – ти. Тоа се 74 години од првиот македонски збор изговорен на сцена, 74 години во листата на најдобрите театарски куќи во регионот, 74 години љубов, солзи, пот и креативност, 74 години континуирани претстави за вас драга публико.
Денес НТБ е театар кој достоинствено го продолжува добиеното наследство, театар за кој се зборува ,театар кој е дел од асоцијацијата на Шекспир фестивалите, театар кој благодарејќи на новите вработувања до крајот на годината ќе брои околу 100 вработени,театар со дури 17 живи претстави на репертоарот кои се играат на три сцени,театар кој има претстави скоро во сите работни денови од месецот.
Ние годинава роденденот ќе го прославиме со дупли проби, а на 20.11 со премиерата на ,,АЖДЕР”, бидејќи и покрај сите напори да стигнеме за роденденскиот датум поради обемноста на претставата не успеавме во тоа. Но затоа на 20 – ти , 25 актери од сцената, техничари, гардеробери, фризери и сите останати зад сцената, ќе му го честитатат роденденот на нашиот славеник онака како што најдобро знаат со уметност.
Да ни си долговечен,ти не си стар ами мудар и заедно со сите нас кои учествуваме во твоето градење, засекогаш запишан во културните старници на нашата земја и пошироко!

„Лисистрата“ на сцената на Велешкиот театар

 

На големата сцена во Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес денеска ќе биде изведена претставата „Лисистрата“ од Аристофан, во режија и сценска адаптација на режисерот од Ерменија Хакоб Газанчјан.

Тоа е прва изведба на претставата на репертоарот на Театарот, по нејзината премиерна изведба во Античкиот театар во Стоби на свеченото отворање и затворање на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.

Сценографијата за претставата и изборот на музиката е на Хакоб Газанчјан, асистент на сценографија е Софија Стојаноска, а костимите се на Катерина Чукниева.
Во претставата настапуваат актерите: Ирена Илиевска, Марина Поп-Панкова, Кети Борисовска, Талија Настова, Самоил Стојановски, Драгана Босниќ, Васил Зафирчев, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Кире Ацевски и Ане Павлов.

М. Петрески

 Главна статија: „Трагедиите на Шекспир“.

Трагедии

 

превод Миле Петрески

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ГЛУМИШТЕ

Претесна салата за да се почувствува Мите Грозданов

Ова е книга за слободниот човек што успеал да го доживее будењето, рече режисерот Бранко Ставрев, славејќи го името на актерот

Претесна беше завчера малата сцена на Драмскиот театар да ги прими сите гости на доајенот на македонското глумиште, актерот Мите Грозданов. Повод – промоција на монографијата за неговото дело и живот насловена “Мите – сцена, живот…”.

“Монодрамите се најголемата Митева љубов, иако тој не признава”, рече авторот Борче Грозданов, автор на монографијата, театарски критичар во Вечер и син на Мите, пред околу 200 гости, откако Мите со актерски авторитет ја надглуми, ја отплака, ја отпеа и ја натпеа неговата монодрамска приказна за Македонија, и тоа во дел заедно со син му!

Емотивната промоција од час и половина, по монодрамата “Историска хронологија”, продолжи со зборовите на промоторот, писателот Блаже Миневски, кој барајќи недостатоци на делото, пронашол дека недостига само гласот, оти никоја книга не може да го долови гласот.

“Ретки се книгите што на таков убав и сублимиран начин ги собираат сите емоции распослани од убав актерски ангажман. Има такви убави пасажи, парчиња што наликуваат на приказна што е просто неверојатно. Монографијата е комбинирана на современ начин. Борче се обидел да ги концентрира темите, односно интересите на Мите Грозданов. Прочитав фасцинантни податоци кои се за восхит. На пример околу 2.500 ноќи поминати само во Драмски театар”, рече Миневски, рецензент на монографијата.

Човекот што го заокружи славењето на тандемот Грозданови беше режисерот Бранко Ставрев, велејќи: “Ова е книга за слободниот човек што успеал да го доживее будењето”!

(Де.Т.)
ФОТО: Д. МИТРЕСКИ