Премиера – „Казимир и Каролина“, НТ. „ Војдан Чернодрински „ Прилеп

Премиера – 09 Октомври 20.00ч

Еден Фон Хорват
„КАЗИМИР И КАРОЛИНА“
Режија – Нела Витошевиќ
Автор – Еден Фон Хорват
Сценографија – Костантин Трпеноски
Композитор – Огнен Анасатасовски
Драматург – Лидија Митоска – Ѓорѓиевска
Превод – Викторија Рангелова – Петровска


Играат
Казимир – Димитар Ѓорѓиевски
Каролина – Катерина Чакмакоска
Ширцингер – Никола Настоски
Меркл Франц/ Човек со глава на булдог – Зоран Иваноски
Ерна/ Хуанита – Ангела Наумоска
Раух – Игор Трпчески
Шпер – Александар Тодески
Ели – Јасмина Мицовска – Станкоска
Марија /Кепец – Наташа Ачански
Конферансие/Доктор/Келнер – Михајло Миленкоски
„Казимир и Каролина“ е претстава за уништените соништа. Низ кратки слики кои суптилно се претопуваат една во друга, оваа претстава ја исцртува изолираноста на поединецот во едно општество што се распаѓа, како и кревкоста на меѓучовечките односи кога човек ќе ја изгуби работата, статусот и слично. Затскриен задсветликавите рингишпили, тезгите со сладолед и храна меѓу кои се случува дејството на оваа претстава, изобилството од алкохол и општата еуфорија која владее на Октоберфест,ова е всушност еден брутален и безмилосен светна малодушност и банално секојдневие, свет во којшто човековите копнежи и соништа во целост зависат од материјалното. Луѓето го губат тлото под нозете и нивната борба за некакво упориште е осудена на неуспех. Во такви услови, само од себе се наметнува прашањето – какви шанси има љубовта, иако авторот Еден фон Хорват како поднаслов ја ставил максимата „А љубовта сепак трае“. Таа дилема ја потврдува и Казимир, единствениот кој одбива да учествува во сеопштото лудило и еуфорија, велејќи – „трае, додека не добиеш отказ“.Духовната и морална криза кои ги наметнува општеството, ги кршат соништата на поединецот и на колективот. Оваа претстава содржи очигледни алузии на нашата денешна реалност и недвосмислено го отсликува духот на нашето време.

Реприза во петок на 12.10 во 20.00 ч.
Сабота 13.10. во 20.00 часот

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

Тихомир Стојановски

Кај Никола Вулиќ во книгата “Римско позориште крај Скопља” е даден податок за дијаметарот на оркестрата во стобскиот и скупскиот театар. Во Скупи тое е 30 метри, во Стоби 29 метри. Со тврдењето на Борза се вели дека театарот служел за верско-религиски прослави, свадби, секако на сцената, оркестрата во театарот, во него се играле ората и се пееле песните, се случувале обредите и чествувањата, што му дава на театарот повисока општествена и духовна улога од онаа востановената како само “место за гледање” и го збогатува неговото значење меѓу елитната и масовната култура во општеството и во историјата на еден народ. Во историјата на тлото на Македонија.

MHT – „ЕДЕН МЕСЕЦ НА СЕЛО“

29.9 | ПРЕМИЕРА – „ЕДЕН МЕСЕЦ НА СЕЛО“ | 20:00

Автор: Иван Сергеевич Тургењев
Режисер: Паоло Маџели
Драматург: Жељка Удовичиќ

Превод: Катерина Коцевска
Асистент на режисерот: Дамјан Костовски
Сценограф: Лоренцо Банчи
Костимограф: Мануела Паладин
Композитор: Љупчо Константинов
Дизајнер на плакат: Зоран Кардула

Улоги:
АРКАДИЈ СЕРГЕЕВИЧ ИСЛАЕВ, богат земјопоседник ― Ѓорѓи Јолевски
НАТАЛИЈА ПЕТРОВНА, негова сопруга ― Сашка Димитровска
КОЉА, нивни син ― Лука Софрониевски/Димитар Илијевски/Александар Цветковски (дете) 
ВЕРА АЛЕКСАНДРОВНА, млада девојка, (штитеничка на семејството) ―Дарја Ризова
АНА СЕМЈОНОВНА ИСЛАЕВА, мајка на ИСЛАЕВ ― Катерина Коцевска
ЛИЗАВЕТА БОГДАНОВНА, воспитувачка, гувернанта на Коља ― Тина Трпкоска
ШАФ, Германец, домашен учител ― Александар Микиќ
МИХАИЛ АЛЕКСАНДРОВИЧ РАКИТИН, куќен пријател ― Никола Ристановски
АЛЕКСЕЈ НИКОЛАИЧ БЕЉАЕВ, студент, учител на Коља ― Стефан Спасов/Дамјан Цветановски
АФАНАСИЈ ИВАНОВИЧ БОЉШИНЦОВ, сосед ― Нино Леви
ИГНАТИЈ ИЉИЧ ШПИГЕЉСКИ, доктор ― Сашко Коцев
МАТВЕЈ, слуга ―Дамјан Цветановски/Стефан Спасов
КАТЈА, слугинка ―Ана Стојановска