Бон-тон правила за најмалите
“Лакомата Меца“
режија на Дарин Петков е куклената претстава која најмладата публика ќе може да ја види утревечер (1 ноември), од 19 часот, во Театарот за деца и младинци.
Во неа се зборува за основните бон-тон правила во јадењето на оброците. Низ интеракција со децата, Лакомата Меца е предупредена дека не треба да биде стрвна кога јаде и дека секој залак треба добро да се изџвака, зашто во спротивно има опасност да се задави. Мецата нејќе да ги послуша децата и продолжува со стрвното јадење, па се случува токму најлошото. Една коска и се заглавува во грлото, па напомош и притрчуваат останатите шумски животни….
Во претставата играат Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска и Мартин Јордановски.