Премиера – „Казимир и Каролина“, НТ. „ Војдан Чернодрински „ Прилеп

Премиера – 09 Октомври 20.00ч

Еден Фон Хорват
„КАЗИМИР И КАРОЛИНА“
Режија – Нела Витошевиќ
Автор – Еден Фон Хорват
Сценографија – Костантин Трпеноски
Композитор – Огнен Анасатасовски
Драматург – Лидија Митоска – Ѓорѓиевска
Превод – Викторија Рангелова – Петровска


Играат
Казимир – Димитар Ѓорѓиевски
Каролина – Катерина Чакмакоска
Ширцингер – Никола Настоски
Меркл Франц/ Човек со глава на булдог – Зоран Иваноски
Ерна/ Хуанита – Ангела Наумоска
Раух – Игор Трпчески
Шпер – Александар Тодески
Ели – Јасмина Мицовска – Станкоска
Марија /Кепец – Наташа Ачански
Конферансие/Доктор/Келнер – Михајло Миленкоски
„Казимир и Каролина“ е претстава за уништените соништа. Низ кратки слики кои суптилно се претопуваат една во друга, оваа претстава ја исцртува изолираноста на поединецот во едно општество што се распаѓа, како и кревкоста на меѓучовечките односи кога човек ќе ја изгуби работата, статусот и слично. Затскриен задсветликавите рингишпили, тезгите со сладолед и храна меѓу кои се случува дејството на оваа претстава, изобилството од алкохол и општата еуфорија која владее на Октоберфест,ова е всушност еден брутален и безмилосен светна малодушност и банално секојдневие, свет во којшто човековите копнежи и соништа во целост зависат од материјалното. Луѓето го губат тлото под нозете и нивната борба за некакво упориште е осудена на неуспех. Во такви услови, само од себе се наметнува прашањето – какви шанси има љубовта, иако авторот Еден фон Хорват како поднаслов ја ставил максимата „А љубовта сепак трае“. Таа дилема ја потврдува и Казимир, единствениот кој одбива да учествува во сеопштото лудило и еуфорија, велејќи – „трае, додека не добиеш отказ“.Духовната и морална криза кои ги наметнува општеството, ги кршат соништата на поединецот и на колективот. Оваа претстава содржи очигледни алузии на нашата денешна реалност и недвосмислено го отсликува духот на нашето време.

Реприза во петок на 12.10 во 20.00 ч.
Сабота 13.10. во 20.00 часот