TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

Тихомир Стојановски

Кај Никола Вулиќ во книгата “Римско позориште крај Скопља” е даден податок за дијаметарот на оркестрата во стобскиот и скупскиот театар. Во Скупи тое е 30 метри, во Стоби 29 метри. Со тврдењето на Борза се вели дека театарот служел за верско-религиски прослави, свадби, секако на сцената, оркестрата во театарот, во него се играле ората и се пееле песните, се случувале обредите и чествувањата, што му дава на театарот повисока општествена и духовна улога од онаа востановената како само “место за гледање” и го збогатува неговото значење меѓу елитната и масовната култура во општеството и во историјата на еден народ. Во историјата на тлото на Македонија.