режија на Дарин Петков е куклената претстава која најмладата публика ќе може да ја види утревечер (1 ноември), од 19 часот, во Театарот за деца и младинци.
Во неа се зборува за основните бон-тон правила во јадењето на оброците. Низ интеракција со децата, Лакомата Меца е предупредена дека не треба да биде стрвна кога јаде и дека секој залак треба добро да се изџвака, зашто во спротивно има опасност да се задави. Мецата нејќе да ги послуша децата и продолжува со стрвното јадење, па се случува токму најлошото. Една коска и се заглавува во грлото, па напомош и притрчуваат останатите шумски животни….
Во претставата играат Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска и Мартин Јордановски.
Вљубеничка во книгите ја претворила нејзината библиотека во уметност и резултатот е неверојатен
Некои луѓе сакаат да читаат книги за уметност, други уживаат да прават уметност од книги. Елизабет Саган ја споделува својата љубов кон книгите со нејзините 90.000 следбеници веќе неколку години, и никогаш не престанува да ги зачудува сите со своите креативни сценарија. Сѐ започнало со споделување на омилените книги и Инстаграм видеа, а со текот на времето фотографиите станувале посложени и креативни. Денес таа создава сложени и инспиративни уметнички дела од нејзината голема колекција на книги.
Можам да кажам дека нема поблагородно место за сценска премиера од тоа свето место, во манастирот. Духовен мир, повозвишен смисол, тихување, свети мошти, тишина, мајка земја и небо, клокот на света вода, етер, леб и вино и актерите со своите души распослани со степен на верба и посвета. И атер – петиот елемент покрај: земјата, водата, воздухот, сонцето… Атер – Боженствена љубов.
Се разбира, ако театарот има своја духовна смисла. Ако ја бара својата Боженственост. Своето свето место на сцената. На некој начин тоа е нивната повторна средба во времето сега и овде на театарот и црквата. Една метафора на самиот живот. Нивната повторна средба. Вера и театар. Место за чествување на таа верба.
Хамонод дава податок за убиството на уште еден македонски цар за време на празнувањата на Ксантика – (летен фестивал, веројатно денес може да се огледа или спореди со Прочка) 367 години п.н.е. Како пример за славењето и традицијата за македонски фестивали во антиката на кој освен песните и ората се случувале и драмски претстави. Хамонд кажува дека Филип Втори бил патрон на уметноста, дека кај него водечките биле актерите за време на фестивалот на Музите. Но, да појасниме уште една дилема која се прекршува во именувањето на јазикот во антиката како старогрчки.
“… Тој јазик познат како КОИНЕ, базиран на антички дијалект и прилагоден од Александар и неговите луѓе…”46
,,ТАТКО МИ ГО САКАШЕ АДОЛФ” ТЕАТАР ЃИЛАНЕ – КОСОВО
24/10/2018 20:00
MКЦ – Сала Фросина
„Татко ми го сакаше Адолф“ ги истражува првите десет години по Втората светска војна, по големиот историски Албански пресврт, каде времето е артикулирано преку специјален диоптер, за разлика од книжевната сметка на оваа ера во нашата проза. За време на десетгодишното владеење на Таткото, можеби 1945/1955, кое е полно со поделени сцени, публиката патува заедно со Таткото во жив филм, оди низ нео-реалистичен документарен театар; нараторот, додека тече филмската лента, намерно ја замаглува границата меѓу реалното и фиктивното, прави пародија на приказната преку изобилни сведоштва, ја прави иронична и негувана околината, атмосферата, луѓето …
Претставата „Крал Иби“ е дело кое го спојува ваудевилскиот жанр со вулгарен, развратен хумор, кој резултира со покажување на злобната страна на човечката природа преку нов комичен акт.
Претставата е направена спонтано, речиси како борбен крик, како единствено средство на актерите да го изразат нивниот став во околина која ја третира уметноста како паразитска форма и се труди ја за загуши и избрише.
Претставата првично е одиграна во напуштена фабрика за цигли, на безживотна земја и нечистотија, која изгледа постапокалиптиќно и метафорички ја претставува денешната планета. Актерите се сместени во инсталацијата на скулптурата на еден од најталентираните современи уметници, Виктор Киш, додека атмосферата е надополнета со филмовите на Срѓан Чешиќ и Џонатан Инглиш, како и екстравагантните и инвентивни костими на Тијана Павлов. Музиката е компонирана од Немања Аќимовиќ, која, заедно со другите компоненти на новото читање на познатата претстава, не носи во светот на новиот, апокалиптичен Иби.
Крал Иби го поставуваме како изведба на перформансот, преку кој сакаме да го изразиме нашето мислење за тоа што се случува во модерниот свет: војни, бегалци, човекови права и слободи, медиуми, морал, измами, алчноста на моќните, авторитет, пари, диктаторство, класни разлики…
3 ,,ХАММ-ЛЕТ / СТУДИЈА НА НЕНАСИТНОСТ”
МAЛАТА КОМПАНИЈА НА МАГНОЛИЈА – ТОРИНО, ИТАЛИЈА
26/10/2018 20:00 MКЦ – Сала Фросина
ХАММ–ЛЕТ / Студија на ненаситност почнува од неисцрпното ремек-дело на Шекспир и поминува преку злобниот јазик на ХАМЛЕТ МАШИНА од Хајнер Милер, поминувајќи исто така други погледи кои биле фасцинирани од Шекспировото ремек-дело…Ова дело комбинира длабоко истражување на Јапонската естетика со ехо на Комедија дел Арте. Празен простор за игра, анимиран од карактерите на Хамлет, Гертруда и Офелија, кои создаваат атмосфера и прават да бидеме присутни во моментот.
4 ,,ОПАСНИ ВРСКИ “
ДРАМСКИ ТЕАТАР ПЛОВДИВ „НИКОЛАИ О. МАСАЛИТИНОВ“ – ПЛОВДИВ, БУГАРИЈА
27/10/2018 20:00 MКЦ – Сала Фросина
Ова е приказна за аристократите на ренесансата „заглавени во мочуриште на здодевност“. Нивниот начин за да излезат од тоа е преку потсмевање на романтичните воздишки на другите – тие вешто ги заведуваат со ветувања и потоа ги фрлаат во вечно каење за направениот грев… сè до катарзичниот момент на одмазда, кога самата нивна игра ќе ги убие.
Мајка и син, се сретнуваат после 20 години. Дијалог и паузи со кои пробуваат да го вратат назад изгубеното време. Две осамени души.
6. ,,БРАШНОТО ВО НАШИТЕ ВЕНИ”
ЈУ САРАЕВСКИ ВОЕН ТЕАТАР САРТР – САРАЕВО, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
29/10/2018 20:00 MКЦ – Сала Фросина
„Брашното во нашите вени“, расфрлани низ светот поради војна, и кои се сретнуваат повторно, после 20 години, во град, во стан, навечер. Сè е сменето: градот, земјата, популацијата, етничкиот состав, улиците, лицата, но траумата останува која не може да биде избришана ниту од времето ниту од промената на географската локација. Тоа станува поглед на светот, начин на размислување, модел на однесување. Со текот на времето, траумата станува позната и пријатна, и преминувањето преку траумата станува болно и полно со неизвесност. Индивидуата останува заробена во траумата.
Зависноста е форма на адаптација на социјални дислокации кои се повторуваат. Повеќето луѓе живеат на работ на ропството предизвикано од нивното деструктивно однесување, од една страна, и целосна свесност и недостаток на поврзаност, од друга страна. Врз основа на книгата „Во царството на гладните духови“ од Др. Мате Габор и неговото поле на истражувања, кое го поткрепува искуството на многу експерти, претставата „Окупирај се“ се обидува да најде одговор на прашањето: што претставува зависност и што можеме да направиме откако ќе ја идентификуваме. Употребувајќи разни и комплексни театарски форми, групата на „Проект Чекална“ нуди индивидуален внатрешен поглед кој може да го смени вашиот поглед на работите кој се однесува на вашите зависности.
2 . ЗА ЉУБОВТА: Арена во која се среќаваат срцето, чувствата, апсурдот и болката
ЗА ЖИВОТОТ: Живеј го со полн здив, не врти се зад себе, гледај дааалеку напред
ЗА ТЕАТАРОТ: Паралелен свет, прибежиште од реалноста
ЗА ДОБРОТО: Ќе победи
ЗА ЗЛОТО: За жал сеприсутно насекаде
ЗА УЛОГАТА НА ИСПИЦИЕНТОТ: Подеднакво важна ролја
ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Ја избегнувам кај себе, ја препознавам кај другите
ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА Препорачана од доктор
ЗА АКТЕРИТЕ И ОДНОСОТ КОН ТВОЈАТА РАБОТА Знаат да почитуваат. Некои се вистинси пријатели
ЗА РАБОТАТА ЗАД СЦЕНА Машинерија што не ‘рѓосува, не знае да запре
12 . ЗА СОНОТ Сонувам во боја
ЗА ЈАВЕТО Бегам накај сонот
ЗА ВИНОТО: Еликсир без кој не се може
ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Најцврста карика, столб на здравото општество
ЗА КРАЈ Како што вели Емброуз Бирс во “Ѓаволовиот речник“: Политика е конфликт на интереси што се камуфлира во судир на принципи. Водење на јавните работи во лична корист.” На политиката покажете и ја вратата надвор од театарот. Народен Театар Охрид
Кога сонот станува јаве
– Нова Македонија 07.08.2012
На фестивалот, кој имаше натпреварувачки карактер, учествуваа осум театри од земјава и од светот. Организаторите се надеваат дека тој ќе прерасне во препознатлив бренд, бидејќи „Битолино“ и официјално е на мапата на светските детски театарски фестивали.Со претставата „Розовиот соновник“ во изведба на театарот „Мала сцена“ од Загреб, Хрватска, завчера во Битола, во Центарот за култура, почна второто издание на интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Ова манифестација за најмладите, што завршува денеска, е во организација на битолскиот театар „Бабец“ и се одржува во рамките на „Битфест“, со поддршка на општината Битола и на Министерството за култура на Македонија.На фестивалот учествуваа осум театри од земјава и од светот, а на првиот ден, освен гостите до Загреб, во Народниот театар околу 450 деца можеа да ја проследат и претставата „Не можеме да останеме на ова“ на театарот „Тијатротем“ од Истанбул, Турција. На репертоарот во голема сала на Центарот за култура Битола беше и „Јованче и Марика“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица. – По претставите на нашите пријатели од Хрватска и од Турција и по претставувањето на струмичкиот театар на првиот фестивалски ден, во понеделникот продолживме со гостите од Бугарија, од театарот Враца, со претставата „Малата вештерка“. Потоа ги видовме членовите на театарот „Пан“ од Лугано, Швајцарија, со претставата „Тик и Так“, која беше без текст туку со пантомима. Потоа следуваше гостувањето на детскиот театар „На портата на Нарва“ од Санкт Петербург, Русија, чии глумци ја изведоа „Пепелашка“ на Шарл Петро. Вчера, на последниот ден на фестивалот, први настапија гостите од Западен Јоркшир, театарот „Раскажувач“ со „Снежната кралица“ и театарот „Додона“ од Приштина со урнебесната
претстава за деца „Том и Џери“, работена по мотиви на истоимениот цртан филм. И за крај, за сите деца театарот „Бабец“ по повод двегодишнината од постоењето приреди слатко изненадување, дружење на јунаците од бајките за сите дечиња на незаборавна роденденска забава во фоајето на Центарот за културата. Исто така, можеа да се донираат средства или играчки за Домот за доенчиња во Битола – рече директорот на фестивалот Васко Мавровски.Идејата за детски театар во Битола ја зачна еден голем актер Петар Стојковски-Бабецот, уште во далечната 1968 година. – Долги години растеше овој сон и еве тоа се претвори во една успешна приказна. Работевме неуморно, создававме театар, создававме љубов, а за возврат добивме насмеани детски лица, солзи, восхит,љубов… Магијата нѐ понесе, нѐ инспирира, ни даде мотив да продолжиме да создаваме. Се роди фестивал, отворивме нова страна во македонската театарска историја, го создадовме првиот интернационален детски театарски фестивал „Битолино“ – вели Мавровски. Тој се надева дека интернационален карактер на фестивалот ќе помогне во промовирањето на Македонија, како земја, во која се посветува внимание на театарот наменет за најмладите, со чија помош се врши едукација и се создава елементарнатеатарска култура од најмали нозе. Од театарот „Бабец“ ќе се залагаат овој фестивал ќе прерасне во препознатлив бренд, бидејќи до јануари „Битолино“ и официјално се најде на мапата на светските детски театарски фестивали.
Големата српска актерка Милена Дравиќ почина во Клиничко-болничкиот центар Бежаниска коса. Милена беше таму на лекување, беше во лоша здравствена состојба во последните неколку дена, лекарите се обидоа сè, но немаше спас. Пред две и пол години таа остана без сопругот Драган Николиќ и оттогаш се бореше со болеста. Ова лето гостуваше во Пула, Херцег Нови и Палиќ, каде што беше промовирана монографијата за неа. Таа е една од најголемите актерки што ги имала Србија и Југославија.
Милена Дравиќ е родена на 5 октомври 1940 година во Белград.
Љубов што трае
14 април 2005
МАКЕДОНИЈА Е НЕОДМИНЛИВ ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ. И МАКЕДОНИЈА БЕШЕ МОЈА ТАТКОВИНА, ЗЕМЈА НА МОЕТО РАЃАЊЕ, НА МОЈАТА МЛАДОСТ И СОЗРЕВАЊЕ. КАЈ ВАС И ПОНАТАМУ ЈА ИМАМ СВОЈАТА ПУБЛИКА КОЈА СЕ РАДУВА НА ОНА ШТО ГО РАБОТАМ, ВЕЛИ МИЛЕНА ДРАВИЌ ГОЛЕМАТА АКТЕРКА ОТКРИВА И ЕДНА “ТАЈНА” ОД ЗАЕДНИЧКОТО ЖИВЕЕЊЕ СО ДРАГАН НИКОЛИЌ: МОЈАТА ДОВЕРБА ВО ЧОВЕЧКИТЕ И УМЕТНИЧКИТЕ КВАЛИТЕТИ НА МОЈОТ СОПРУГ И ОБРАТНО, СE`, ВСУШНОСТ, СИЛАТА СО КОЈА УСПЕВАМЕ ДА БИДЕМЕ НАД СЛАБОСТИТЕ И ТЕШКОТИИТЕ
Се почна пред точно пет децении, кога несудената балерина која на сцената стапнала уште на 4-годишна возраст, го сними првиот филм – “Вратата останува отворена”. Оттогаш за Милена Дравиќ, актерката на векот според публиката во Србија и Црна Гора, има снимено 92 филма, 150 телевизиски серии и одиграно многу улоги во театар. Добитник е на сите можни признанија во својата земја и надвор од неа. Чест гостин е на Кан, Венеција и на други престижни фестивали. За неа, како за ретко кој, подеднакво позитивно се врзува публиката, но и критиката. Од првите стекнува популарност и обожавање, од другите пофалби и награди. Со овие атрибути, несомнено, Милена Дравиќ е едно од најзначајните имиња во уметничката фела кај нашиот северен сосед. Во Македонија била многупати. Неодамна ни гостуваше со претставата “Бокешки Д-мол” на Културниот центар од Тиват. И повторно беше примена со подеднаква љубов и топлина. Како никогаш и да не се разделила од својата македонска публика.
Очигледно, Вие ни значите нешто. Што Вам ви значи Македонија?
– Македонија и времето поминато во неа се неодминлив дел од мојот живот. И Македонија беше моја татковина, земја на моето раѓање, мојата младост и созревање. Каде и да одев – во Пула, Венеција, Кан, Лондон или Париз, јас како уметник, меѓу другите, и неа ја претставував како дел од нашата тогашна татковина, Југославија. Никогаш тој дел од мојот живот нема да биде заборавен. И денес го имам тоа чувство, пред се, затоа што секогаш кога ќе дојдам овде се чувствувам како добредојден гостин. Кај вас и понатаму ја имам својата публика, која ме цени и се радува на она што го работам.
Што е поголема магија, камерата или сцената?
– Магија се и сцената и камерата. Обете ја бараат вистината. Ако како актер успееш потполно да им се посветиш, и да се сродиш со ликот кој го толкуваш, тоа значи дека си ја постигнал вистината. А, најголемата магија се состои во тоа публиката да ти поверува.
Алхемијата – живот ве спои со човек од вашиот ков, речиси исто толку признат и познат. Колку знае (или не) таа набиена енергија понекогаш и да попречи?
– Мојата и кариерата на Драган течеа паралелно. И тој и јас работевме и работиме на сите три медиуми – филмот, телевизијата, театарот. Навистина, ретко бевме партнери. Мене лично поради тоа ми е неизмерно жал. Секако дека темпото на работа и живот носи со себе и убави и тешки моменти за обајцата. Сепак, сметам дека успеавме таквите ситуации да ги надминеме. Како што рековте, ние сме луѓе од ист ков, со исти погледи на свет и имаме заеднички круг на пријатели. Мојата доверба во човечките и уметничките квалитети на мојот сопруг и обратно, се, всушност, силата со која успеваме да бидеме над слабостите и тешкотиите.
Вие сте една од првите која ја помина хрватската граница, во уметничка смисла. Кажете ни нешто повеќе за тоа искуство?
– Со претставата “Лари Томпсон или трагедијата на една младост” од Душан Ковачевиќ со театарот “Звездара” и се претставивме на загрепската публика пред три и пол години. Игравме три ноќи по ред во преполна сала и на крајот бевме испратени со овации. Беше тоа нешто повеќе од игра. Тоа беше настан и за нас и за публиката. Нешто подоцна, со “Бокешки Д-мол” во два наврати гостувавме во Пула, Риека и Загреб. Успехот и чувството беше слично како претходното. Тоа говори дека границите, особено во уметноста, се глупост.
По пет децении креативна работа и огромна творечка патека оставена зад себе, дали чувствувате дека има нешто што би сакале да одиграте, нешто што е Ваш неостварен сон и дали сте блиску до негово остварување?
– Сакам да одиграм улога на филм која ќе ме исполни со радост и задоволство. Кога подобро ќе размислам, тоа отсекогаш ми била креативна желба-двигател. Во оваа смисла не сум сигурна дали сонот веќе го имам остварено.
” Тешкото… е фолкорен театар кој опфаќа организација на обредот… чествување свети места, свети и лековити води, јама за жртвено принесување (дарување на Бога), хор, дневни и ноќи ора … строго одредени реквизити (како во театар) …тапан и дрвена свирка аулос… дека фолкорниот театар го раѓа атинскиот… дека има според Аристотел женско менадично и машко дитирамбово оро… пеани и играни жанрови како трени – оплакувања, како химни и пеани, дека има женски менадични ора.
Претставата “Буре барут” ќе се премиера на 12.-ти октомври во 20 часот на големата сцена, која ќе го отвори Црногорскиот Национален Театар за новата сезона 2018/2019.
Режија на Дејан Проковски
Текст на Дејан Дуковски
Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Тијана Тодоровиќ и композитор Горан Трајкоски. Движењето на сцената беше Нада Вукчевиќ, помошник на режисерот е Миливоје Лакиќ и помошник во костимографија е Марта Гарчевиќ.
извршниот продуцент се Нела Отешевч и Јања Ражнатовиќ.
Игра големата актерска екипа на овој театар: Мирко Влаховиќ, Горан Вујовиќ, Зоран Вујовиќ, Ана Вучковиќ, Марко Тодоровиќ, Петар Буриќ, Бранимир Поповиќ, Никола Перишиќ, Мишо Обрадовиќ, Дејан Иваниќ, Душан Ковачевиќ, Јадранка Мамиќ…
Има и бенд кој се вика како и претставата “ Буре барут “
Оркестарот е на почесната гарда на армијата на Црна Гора.