ПРЕМИЕРА – „ЕДЕН МЕСЕЦ НА СЕЛО“ актерка

Во прво лице

“Направи добрина и фрли ја во море”

1. ЗА СЕБЕ: Секогаш повеќе

2 . ЗА ЉУБОВТА: Нема толкување,се доживува

3. ЗА ЖИВОТОТ: Зграпчи го

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Постојам, дишам, ме има

5. ЗА ДОБРОТО: “Направи добрина и фрли ја во море”

6. ЗА ЗЛОТО: зло си е зло

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ : гушење

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Богатство

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: е неизбежна.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: без правосмукалка

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Моќ и сила

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: НАДЕЖ

12 . ЗА ИДЕЈАТА: ја имаш или ја немаш

13. ЗА СОНОТ: Зад камера

14. ЗА ЈАВЕТО: тогаш си буден

15. ЗА ВИНОТО: Престол

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Баклава

17. ЗА КРАЈ , Почеток

18 ЗА НАГРАДАТА НА МТФ “кога се сака се се може”

Весна Димитрова Бобевска актерка

Во прво лице

НЕПРИЈАТЕЛИТЕ- ДОПИНГ ЗА УСПЕХОТ

1. ЗА СЕБЕ Како и секој жив човек, со доблести и маани.

2. ЗА ЉУБОВТА: Па како без неа?

3. ЗА ЖИВОТОТ: Се е пола-пола во животот.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Краста! Кога еднаш ќе се заразиш, ти нема спас од него

5. ЗА ДОБРОТО Сеуште опстојува.( Во чинењето на добри дела е спасението на човекот-така не учи верата)

6. . ЗА ЗЛОТО Искушенија. Слабостите на човекот.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ Непријателите-Добар допинг за правење успеси.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Пријателите-Добра противтежа!

8. За глумата во живото – Глумата е доказ за животот-рекол некој

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА Волшебна е

10. за колегите Да ми се здрави и живи

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ Прележана болест

12. ЗА ИДЕЈАТА Двигател

13. ЗА СОНОТ Па тоа го држи човекот.

14. ЗА ЈАВЕТО Го живеам

15.ЗА ВИНОТО Не случајно го пиеле боговите.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО Светиња

“Петтиот чин” – јубилеен за двајца актери

Премиерно во Струмички театар

Во струмичкиот театар “Антон Панов” вечерва премиерно ќе биде изведена претставата “Петтиот чин”, со која актерите Бранко Бенинов и Ванчо Крстевски- Чичо ќе одбележат 35 години од нивната актерска кариера. Претставата е од црногорскиот автор Љубомир Ѓурковиќ, а во режија на Ник Апер (Нико Горшиќ) од Словенија.

Претставата е селектирана и за Фестивалот на камерен театар “Ристо Шишков”. Актерот Бенинов посочува дека токму ова претстава е за двајца актери кои слават свој јубилеј.

“Во претстава сме Мартин и Арсен, но исто како да сме Бранко и Ванчо. Дури и начинот на кој успеавме толку приватно да ја донесеме претставата на сцена, што и самите сме изненадени од многу работи кои си ги кажуваме во претставата. Сметам дека претставата ќе има долг век”, рече Бенинов.
Музиката е на Влатко Стефановски, преводот, сценографијата и костимографијата на Иванка Апостолова, драматугијата е на Загорка Поп Антоска-Андовска.

Благојa Чоревски лауреат

 На Театарскиот фестивал Свети Јоаким Осоговски

Истакнатиот македонски актер Благојa Чоревски е годинашен добитник на единствената награда на Mеѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, што јубилејно по десетти пат ќе се одржи од 14 до 22 септември во Крива Паланка.

Благојa Чоревски потекнува од актерско семејство, а Факултет за драмски уметности завршил во Софија, а работниот век го поминал во Драмскиот театар во Скопје и во текот на својата долгогодишна актерска кариера има остварено значајни улоги во многу драмски, телевизиски, филмски и радио проекти.

Меѓу поважните театарски улоги се издвојуваат неговите остварувања во претставите:
„Болва во уво“, „Полтена штица“, „Јадигар“,  „Дупло дно“, „Карамазови“, „Крал Иби“, „Викенд на мртовци“, „Коприварник“, „Керубин“, „Ноќ спроти Водици“, „Р“, „Сили во воздухот“, „Шуаби ап“, „Кула Вавилонска“, „Женски оркестар“, „Чернодрински се враќа дома“, „Грев или шприцер“, „Животот е сон“, „Зоолошка градина“, „Сега му е мајката“, „Ревизор“, „Ни ќар ни зијан“, „Амадеус“, „Сон на летната ноќ“, „Маседоан, Одисеја 2001“, „Брачна игра“, „Нема да верувате“, „Цинко и Маринко“, „Хамлет од Долногаштани“, „Лет во место“, „Комшилук наопаку“ и други.

Со подеднаков успех Чоревски остварил улоги и во филмовите: Исправи се Делфина, Пресуда, Време, Води, Викенд на мртовци, Тетовирање и Самоуништување.
Добитник е на следните награди и признанија: Во 1972 год. – награда на весникот „Млад борец“ за најдобро актерско остварување; 1976 год. – награда „Златен Ловоров венец“ на Фестивалот на мали и експериментални сцени во Сарајево, за најдобро актерско остварување; 1979 год. – Стериина награда на фестивалот „Стеријно позорје“ во Нови Сад за најдобро актерско остварување; 1980 год. – Лауреат е на највисокото општествено признание  Наградата „11 Октомври“ за особено значајни остварувања во областа на уметноста од интерес на Република Македонија; 1984 год. – Награда за најдобро актерско остварување на филмот и ТВ „Милтон Манаки“ според анкетата на ревијата „Екран“; 1984 год. – најпопуларно лице според анкетата на весникот „Вечер“; 1989 год. – Награда за најдобра епизодна улога од списанието „Вечерње новости“ на Стериино позорје во Нови Сад; 1992 год. – Награда за најдорбо актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;1996 год. – Награда за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; 2003 год. – Награда за најдобар актерски пар во претставата „Брачна игра“ од Едвард Олби на четвртиот Меѓународен Украински Фестивал во Тернопол „Тарас Шевченко“; 2004 год. – Награда „Климент Охридски“ општествено признание за особено значајни остварувања во културата и уметноста од интерес на Република Македонија; 2007 год. – Златна маска за најдобро актерско остварување на Фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Тевје во „Свирачот на покривот“ ; 2007 год. – Награда од дневниот весник „Битолски весник“ за најуспешен битолчанец од областа на културата во 2007 година; 2009 година – Награда за животно дело „Петре Прличко“; 2015 година- Награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Чоревски извршувал и одговорни општествени функции бил директор на Драмски театар – Скопје, заменик Министер за култура на Република Македонија и претседател на Советот на град Скопје.

-Престижното признание „Свети Јоаким Осоговски“ за мене претставува голема чест од повеќе причини. Најпрвин поради фактот што го носи името на еден исклучително значаен светец во православието ширум светот кој бил познат и по своите исцелителни моќи, потоа заради огромното духовно и културно значење  на еден од најубавите манастири во Република Македонија и секако затоа што сум вклучен меѓу знаменитите досегашни добитници на оваа награда како што се Милица Стојанова, Мето Јовановски, Зафир Хаџиманов, Јордан Плевнеш, Јелена Жугиќ, Петар Темелковски, Шенка Колозова – истакна Благоја Чоревски по веста дека е добитник на наградата.

Наградата ќе му биде врачена со свечена пригода на 14 септември, на почетокот на Фестивалот.

Инаку, годинава на Фестивалот ќе бидат изведени осум претстави со театри од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија,

МОНКЛ

професор Христо Петрески

ЗА РАСКАЖУВАЊЕТО, ПАТУВАЊЕТО И СОНУВАЊЕТО

Мал есеј за животот, книжевноста, театарот, филмот…

5.

Нема раскази кои не се напишани и запишани.

Има само нови пишувачи и запишувачи, кои не сакаат да признаат дека е тоа така.

Расказите се напишани и запишани единствено кога е тоа направено со својата рака.

Сеедно дали со мастило или крв, со прачка од врба на влажниот песок покрај реката, само со двата прста од двете раце удирајќи врз тастатурата, или преповторувајќи ги новоиспилените реченици додека чекориш самиот низ паркот, а тие ќе ти одлетаат и нема да ти се вратат никогаш, исто како и луѓето, пејзажите и предметите кои ги среќаваш и набљудуваш само еднаш и никогаш повеќе во животот…

Затоа, ако веќе старецот го пронајде патот низ лавиринтот и стигне до највишната пирамида,  треба да сонува и да патува повторно и да не се враќа назад, туку задолжително од спротивната страна, каде сé уште никој не ни стапнал, ниту открил и вкусил забранет плод, а детето пак треба да пролжи да ја слуша прекрасната приказна, насладувајќи се во зборовите и пресвртите кои првпат ги слуша, исто како што ќе помисли и поверува дека конечно го пронашол вистинскиот процеп низ бројните карпести лавиринти и се искачил токму на врвот од највишната пирамида, од каде се гледа  најдалеку, од каде се слуша најубаво, каде и птиците преселници трајно заспиваат на покривот  и никогаш дома нема да се вратат…

Ќе раскажуваат само оние што ќе успеат да ги прелетаат недогледните солени води, или кои ќе ги исфрлат премалени пенливите морски бранови на површината, но и оние кои за тоа веќе следната пролет или есен ќе немаат веќе кому да раскажуваат, освен на самите себеси, додека чекорат боси по изладената песок, загледани кон празното небо и пресреќни кога ќе здогледаат барем уште една џиновска птица, за која не ни сонувале преходно дека е токму Галебот Џонатан Ливингстон…

(Скопје, 16.11.2011 година, 0 часот и 15 минути)