Премиерата во Драмски театар „Луди за љубов“ Деан Дамјановски

 

ЛУДИ ЗА ЉУБОВ “ Премиера: 28.09.2018

Автор:  Сем  Шепард

Режија:  Деан Дамјановски

Музика:  Миодраг Неќак

Автор на композиција: Јана Стојановска

Сценографија:  Ѓорѓи Ѓорѓиевски

Костими:  Елена Вангеловска

 

МЕЈ ЈАНА СТОЈАНОВСКА / БЛАГИЦА ДИМИТРОВСКА
ЕДИ ФИЛИП ТРАЈКОВИЌ
СТАРЕЦОТ АНАСТАС ТАНОВСКИ
МАРТИН КРИСТИЈАН СВЕТИЕВ

 

Инспициент: Жарко Намичев

Суфлер: Даница Илиева

Пиротехничар: Методија Најдоски

Светло – мајстор: Дејан Блажевски

Тон – мајстор: Саше Ѓорѓиев

Видео реклама: https://youtu.be/sytLO9PMx18

 

 

 

Вљубувањето е зачудувачко искуство – од една страна не би го менувале за ништо на светот, од друга, тоа е вистински пекол

Сем Шепард, автор

 

 

Во ерата на едноставни и практични прирачници за „среќа“, „слобода“, „љубов“ и што ли уште не, наоѓам дека е добро да се погледне и опачината на овие поими, кои, некако по дефиниција ги прифаќаме за „позитивни“. Оттука и „Луди за љубов“, драма во која Сем Шепард ги поставува ликовите на Еди и Меј, да лутаат без конецот на Аријадна во темниот лавиринт на сопствените емоции, за да се најдат еден со друг. Во таа потрага по својата „друга половина“, тиe полека ја раскриваат природата на љубовта, која, за нив постои само во невозможноста за нејзино остварување.

Деан Дамјановски, режисер