Oтворање на 43. МОТ – 20 септевмри

ПРОГРАМА http://mot.mk/mot-2018/

Осумнаесет претстави

Претставата на белгискиот “Колектив Мензуел”, утре вечер, 20 септевмри, во МНТ ќе го отвори 43. Млад отворен театар.

“Сакавме да создадеме сценарио во кое народот е разлутен, се разбудил и прави нешто во врска со тоа. Нашиот театар е ангажиран и политички афирмиран, зашто сметаме дека токму театарот е место за дискусија и дебата”, вели Рено Рига, еден од петтемина учесници на овој проект – кој нема режисер. Нивната 80-минутна претстава е филмска пародија, создадена со повеќе од 1.400 кадри извадени од 160 холивудски филмови. Баптист Исаја, член на колективот, истакна дека со конструкција на деловите создаваат филм. За време на претставата, филмот се прикажува во заднина, а на сцена тие ги произведуваат сите звуци и шумови, дијалози и целата музика.

“Технички невозможно било да ги добијат авторските права за сите филмови од кои извадиле елементи за претставата, затоа што за американските филмови немаат застапници во Европа. Но, постои право на пародија, што значи може да се користи одреден дел или филм доколку целта е пародија и да направите публиката да се смее, а притоа не му штетите на самото дело или на авторот. Тоа ни овозможи да функционираме беа авторски права#, посочи Исаја.

МОТ ќе трае до 28 септември и на програмата се 18 претстави со повеќе од 200 артисти, кои ќе настапат на сцените во Скопје. Меѓу нив се и три македонски премиери. Програмата е веќе обајавена на mot.mk.