“Орестија” едногласно – најдобра!: Пројковски во Сплит создаде театарска магија која не се заборава

“Среќен сум што “Орестија“ испадна токму онаква каква што ја замисливме. За тоа дека направивме добра работа и добра претстава, говорат и реакциите и коментарите на публиката и критиката. Токму “ Јудита “ ја заокружи нашата напорна двомесечна работа и воопшто не ми е жал што во тие два месеци малку спиев”, изјави Пројковски на доделувањето на наградата за најдобра претстава на 64. издание на “Сплитско лето”

 

Претставата “Орестија” на македонскиот режисер Дејан Пројковски, едногласно е прогласена за најдобро уметничко достигнување на 64. “Сплитско лето”. Претставата ја доби престижната награда “Јудита”, а образложението на жири-комисијата за драмска програма на оваа врвна хрватска манифестација, е дека се работи за “дело со висока естетика и актерски остварувања”.

“Авторскиот тим и актерскиот ансамбл под водство на режисерот Дејан Пројковски со оваа силна и впечатлива премиера во продукција на самиот фестивал, на најдобар начин ја врати традицијата на Сплитското лето кое го одбележаа бројни антички драми и откривања на нови амбиентални сцени. Во Ситно Горње, под Мосор, добро се вклопи две и пол илјади години старата Есхилова трагедија, поврзувајќи ги и на содржинско и на мисловно ниво, одамна минатите времиња со денешницата. Преиспитувајќи ја со Есхил човечката природа полна со немири, двоумења, мрачни нагони, но и желба за воспоставување на хармонија, креаторите на претставата создадоа дело со висока естетика и квалитетни актерски остварувања. Со “Орестија” е создадена и нова летна сцена со величествен поглед на градот, морето и островите, а Сплит по долго време доби вистинска амбиентална претстава. Честитаме!”, се вели во образложението за наградата.

За оние пак, кои имаа можност да ја проследат оваа античка драма во изведба на ХНК Сплит, во древниот амбиент под Мосор, претставата е “театарска магија која не се заборава”. Според vecernji.hr, “Орестија” е “неповторливо доживување на амбиентален театар”, “претстава за паметење” и “импресивна претстава која мора да се доживее”.

Позитивни критики за претставата можат да се прочитаат и на сајтот на slobodnadalmacija.hr каде пишува: “сплитска “Орестија” срасна со просторот и навлезе во него: претставата напишана пред две и пол илјади години ја воодушеви публиката во Ситно Горње”, “успешен, впечатлив и силен театарски проект”…

На самото доделување на наградата, пак, како режисерот Пројковски изјавил:

“Среќен сум што “Орестија “ испадна токму онаква каква што ја замисливме, за тоа дека направивме добра работа и добра претстава, говорат и реакциите и коментарите на публиката и критиката. Токму “Јудита“ ја заокружи нашата напорна двомесечна работа и воопшто не ми е жал што во тие два месеци малку спиев. Знав дека сме на вистинското место уште првиот пат кога го здогледав теренот за новата сцена. Отворањето на нова амбиентална театарска сцена е предизвик и нешто најубаво што може да му се случи на еден уметник. Чувството е слично како да сте изградиле црква, или сте посадиле младо стебло – нешто што ќе живее и трае … “

Во креаторскиот тим на претставата, покрај Пројковски, од Македонија учествуваа и македонскиот композитор Горан Трајковски и сценографот Валентин Светозарев.

vecer.press

Меѓународно признание за Пројковски

 

Јудита од Сплит за режија и цело купно остварување – “Орестија “

 

Македонскиот режисер Дејан Пројковски се здоби со меѓународното признание “ Јудита “ на престижното Сплитско лето во Хрватска за режија на петставата “Орестија “ ХНК – Сплит.

Амбиенталниот спектакл кој се одвиваше на според режисерот “ на тешкиот ни убав под Мосор “ се здоби исто така и со статуетката за најдобра петстава, што за нашиот Пројковски е извонредно признание.

Тој на самото долевање на наградата изјави:

  • Среќен сум што “Орестија “ испадна токму онаква каква што ја замисливме, за тоа дека направивме добра работа и добра претстава, говаорат и реакциите и коментарите на публиката и критиката, Токму “ Јудита “ ја заокружи нашата напорна двомесечна работа и воопшто не ми е жал што во тие два месеци малку спиев. Знав дека сме на вистинското место уште првиот пат кога го здогледав теренот за новата сцена. Отворањето на нова амбиентална театарска сцена е предизвик и нешто најубаво што може да му се случи на еден уметник. Чувството е слично како да сте изградиле црква, или сте посадиле младо стебло – нешто што ќе живее и трае … “

ИЗВОР СЛОБОДНА ДАЛМАЦИЈА

“ ОРЕСТИЈА “ – од Сплит на нашиот Пројковски се закити со награда

Хрватски национален театар – сплит
премиера 10.08.2018
реприза 11,12,13.08.2018

64 Сплитско лето – “ ОРЕСТИЈА “, во режија на Дејан Пројковски

“ОРЕСТИЈА зборува за серија морални проблеми во врска со модерното општество во која политичка манипулација, ароганција, недостаток на морални должности и елементарно човечко смирение – секој ден. Есхилова на моралните дилеми кои оваа крвава трагедија ги дискутира се сомнежите на денешниот свет, кој, сепак, за разлика од етичкиот систем на античка грција, не учи од своите грешки. страдањето постои, но не води до мудрост како беше случајот во повеќето време, во модерниот свет станува само уште едно средство за манипулација.”

МОНКЛ

Христо Петрески

ИЗБОРИТЕ КАКО ТЕАТАР

Колумна-есеј

На почетокот се парцијалните и фрагментарни подготовки, кои најчесто се случуваат и одржуваат во тајност и во камерни простори. Потоа следуваат пообемните и поопсежни, но и полујавни проби и вежби, додека не се најави, закаже и случи генералната проба.

А, кога се во прашање изборите, театарот се случува речиси секојдневно, па се менува само сцената, но не и мизансценот. Сепак, најбитниот театарски настан и долгоочекуваната премиера се случува на самиот Ден на изборите. Тогаш, за разлика од реалниот и вистински театар, кога на сцената се ставаат маските, на  Денот на гласањето – се симнуваат маските. Се поддржуваат  и им се аплаудира само на најискрените, најборбените, најдобрите и најкреативните.

Но, изборите (не) се само уличен театар. Тие се, или подобро речено, треба да бидат и цивилизиран, достоинствен и логичен чин. Декорот е со транспаренти и знамиња, реквизити се микрофоните, мегафоните и звучниците, а актери се протагонистите кои однапред и наизуст го научуваат ветувачкиот текст кој мора и треба да побуди емоции и да биде според мерката и прагот на очекувањата на консументите. Изборниот театар е факт, независно од театарската потреба и резултат.

Дел од актерите толку многу се соживуваат со своите ролји, па може да се каже дека не само што оживуваат, туку дури и воскреснуваат на сцената, сеедно дали како цареви и принцови, или како кловнови и слуги. Независно, дали се диктира и гестикулира од бината, се мафта со рацете, се посочува со показалецот, се плеска со дланките, или само се рецитира и декламира според претходно задададеното и речиси до детали наученото и увежбаното сценарио, синопсисот е најчесто унифициран и униформиран, со сувопарна и безлична терминологија, а освежувањата, забавата и разонодата за публиката стигнува и им се испорачува главно преку невкусни и хуморни конструкции, омаловажувања и навреди, кои понекогаш се гарнирани и со насилие и пцости.

Тој и таков брутален и физички театар, кога недостасува и исчезнува духовната сила и моќ, изборите ги плашат и одвраќаат гласачите и им го ускратуваат и нивното единствено право за личен избор. Но, наспроти тоа, гласаме за афирмација, стимулација и презентација на изборниот театар, сеедно дали камерен или масовен, сценски или уличен, кој пред сî е искрен, позитивен и вистински!

Изборите се театар, а театарот  е избор!

 

Денис Давитковски – актер

 

Во прво лице

КОЛЕГИТЕ – БЕСКРАЈНИ СОНУВАЧИ

  1. ЗА СЕБЕ : Сакам да патувам и го сакам моментот кога сум изгубен во правилна насока.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Најубавата причина за мојата насмевка .

  1. ЗА ЖИВОТОТ: Долга забава.
  2. ЗА ТЕАТАРОТ: Кутија со повеќе вистина отколку реалниот живот.
  3. ЗА ДОБРОТО: Се радувам.
  4. ЗА ЗЛОТО: Не знам кој филтер да употребам.
  5. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Јас би сакал да излеземе на пијачка.

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Нека почекаат малку. Да одмориме .

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: За жал, ја има насекаде.
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Голема стапица исполнета со возбуда и живот.
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ: Најголема инспирација .Бескрајни сонувачи.
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Спремен да ги одиграм.

12 . ЗА ИДЕЈАТА:  Од неа сè почнува. 

  1. ЗА СОНОТ: Желба без рок на траење.
  2. ЗА ЈАВЕТО: Неизбежна авантура.
  3. ЗА ВИНОТО: Секогаш наоѓам време.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО:  Среќа! 

  1. ЗА КРАЈ: Да не дозволиме сонот да биде само сон. Повеќе да сонуваме отколку спиеме.

Во моментот ги довршувам моите студии на Факултетот за Драмски Уметности -ДАМУ во Прага.Играм во претставата ,,Serve the people’’ со режија на Ран Јиао и ја спремам мојата прва монодрама ,, Дневникот на Лудиот’’ која во блиска иднина ќе има премиера пред публиката на Прага. Исто така за првпат застанувам во улога на режисер со мојата прва претстава инспирирана од сцени од ,,Галеб ’’ Чехов.

 

 

Дејан Пројковски со “Орестија“ на “Сплитско лето“

 

Се пропагираат морални вредности, но секој игра по свое

Македонскиот режисер Дејан Пројковски на падините на планината Мосор, близу Сплит, ќе ја постави “Орестија“ на Есхил, која треба да биде изведена во рамки на 64. издание на фестивалот “Сплитско лето“ (со четири изведби – 10,11,12 и 13 август). Два и пол века старата трилогија (сочинета од три трагедии) на познатиот грчки драматург се занимава со семејното насилство, со семејните гревови и проклетства, каде синот ја убива својата мајка за да го одмазди својот татко

“Злосторството раѓа злосторство, пролеаната крв бара ново крвопролевање. Тоа е една голема тема со која се занимаваме – злосторството треба да се санкционира и да се запре на друг начин – никако со ново злосторство“, ќе истакне македонскиот режисер Дејан Пројковски кој на падините на Мосор, близу Сплит, ќе ја постави “Орестија“ на Есхил, која треба да биде изведена во рамки на 64. издание на фестивалот “Сплитско лето“ (со четири изведби – 10,11,12 и 13 август). Два и пол века старата трилогија (сочинета од три трагедии) на познатиот грчки драматург се занимава со семејното насилство, со семејните гревови и проклетства, каде синот ја убива својата мајка за да го одмазди својот татко. “И денес, во 21 век, се избегнува човекот да се гледа како индивидуа, како поединец. И денес се прашува чиј/а си, на која страна е/била твојата фамилија, што работеле твоите родители… И вака не е само во нашите краишта, ми се чини дека тоа се случува секаде во светот“, ќе рече режисерот.

Инаку, Пројковски, кој со Есхил се занимава вторпат во кариерата, во интервју за “Слободна Далмација“ ќе посочи дека класичните текстови треба да се третираат/обработуваат со почит, а не да се допишуваат и да се преправаат, бидејќи се случува луѓето да купат билети за одреден наслов, а да видат нешто сосем друго. И иако трилогијата “Орестија“ во поголем дел е скратена, трае три часа. Сепак Пројковски напоменува дека драматургот Јасен Боко крател многу внимателно, како уредник, стих овде, реченица онде, за да се сочува структурата и убавината на делото.

Што е правда, а што разум…

Запрашан кој всушност е во право во “Орестија“, дали жената која го убива мажот, или синот кој ја убива мајката, или, пак, дали се тоа трите Еринии кои повикуваат на одмазда, или божицата Атена која повикува на мир, Пројковски со одговор дека во “Орестија“ факт е дека секој ја бара својата правда и секој се бори за неа. Но, како што ќе истакне тој, тие се осврнале особено на прашањата: што е правда, а што разум и колку ставовите за нив се имаат сменето за два и пол милениуми и што всушност значи на некој да му се одземе живот и дали има некој право тоа да го направи. Македонскиот режисер ќе истакне дека особено се посветиле на ликот на мајката преку прашањата дали е доволно да се носи детето девет месеци и да се роди, за да може жената со полно право да се нарекува мајка или за тоа е потребно многу повеќе, како и дали вистински може да се испере пролеаната крв. “Тоа е тешко, не за џабе Шекспир ни ја претставува сликата на лејди Магбет која во паника пробува да ја исчисти крвта од својата рака“, ќе посочи Пројковски за кого божиците на одмаздата Ериниите го претставуваат гласот на совеста од кој не може да се избега, но и гласот на сите оние кои викаат и денес на улиците барајќи правда.

Како што ќе рече македонскиот режисер, “Орестија“ е некако најслична на Шекспировиот “Хамлет“. “Синот бара одмазда за убиениот татко, а негови мети се новиот маж на мајка му и самата таа. Хамлет го прогонува духот на покојниот татко, исто како што на Орест не му дава мир споменот на Агамемнон“, ќе посочи Пројковски кој за просторот за изведбата на оваа амбиентална претстава (под планината со поглед на море) ќе истакне дека дава вистинска енергија, асоцира на антички театар, но и сам нуди решенија и ја отвора приказната.

Во амбиент за фатална и брутална игра

Прашан зошто теренот требало да се рамни и на него да се гради базен, тој посочува дека потребна била вода, четвртиот елемент. “Имаме запалени борови од ланскиот пожар – кои ја претставуваат младоста на хероите кои изгинале под Троја, потоа ја имаме земјата и воздухот, сè древно, прастаро, кое ги памети проклетите векови на војни и пролеана крв. Да, вистинскиот амбиент за грчката трагедија овде може да се намириса. Овде можеме да играме слободно, и фатално и брутално“, ќе додаде Пројковски.

Коментирајќи го крајот на драмата во која Есхил за Орестовата судбина воведува гласање и со тоа означува некаков почеток на демократија, а сепак на крајот му пресудува гласот на божицата Атена, Пројковски со одговор дека ни тогаш, ни во подоцнежните општества ништо не е едноставно, ништо не е црно, ни бело. “Самиот Сталин кажал дека не е важно кој гласа, туку кој ги брои гласовите. Третиот дел на Есхиловата трилогија со сцената на гласањето можеме лесно да ја замислиме и денес кога постојат недопирливи Олимпи, центри на моќ и гласови на божества кои се повредни од другите. И иако базата/сржта пропагира морални вредности, главните актери сепак си играат по свое“, ќе заврши Пројковски.

Никола Наковски актер

 

Во прво лице

Да го сочуваме и негувме детето во себе!

За себе: ГОЛЕМО дете.

За љубовта: Единствена светла точка во ова сивило, за која вреди да се бориме!

За животот: Возбудлива авантура, полна со големи предизвици пред кои треба да одговориме, а притоа да не заборавиме да уживаме.

За театарот: Магијата на светот.

За доброто: Слепо му верувам.

За злото: “Ко зна зашто је ово добро…”

За непријателите: Сам свој најголем непријател.

За пријателите: Колку сѐ, толку сѐ, нетокму сѐ, ама без нив не се живее.

За глумата во животот: Маска која нѐ спречува вистински да го искусиме животот.
За сценската прашина: Со полни гради и срце, одново и одново ја вдишувам.

За колегите: Мајстори на својот занает, од кои неуморно учам.

За неодиграните улоги: Со душа чекам да се запознаеме!

За сонот: Сонувам со очи широко отворени.

За јавето: Апсурд на денешницата!

За идејата: Зависно од реализацијата, може да стане многу моќна играчка.

За виното: Со негова помош го ублажувам апсурдот хахаха… Наздравје!

За семејството: Бесценето богатство, најцврста поддршка и најхрабри херои. Е тоа се тие! Сакам ве људи!

За крај: Секогаш неуморно да се трудиме да го сочуваме и негувме детето во себе!

Јужно од БИТЕФ

 

МЕЃУНАРОДЕН НИШВИЛ ЏЕЗ ТЕАТАРСКИ ФЕСТ

Интернациноналниот Нишвил џез и театрски фестивал, кој започнува овој петок, и е во склоп на истоимениот џез фестивал, во себе ќе содржи 16 претстави од четири континенти Европа, Азија, Африка и Северна Америка. Театарскиот фестивал годинава с ереализира под слоганот “ Сонувај сино “ односно Сонувај сини (блуе) тонови. Тие тонови се по малку тажни, но во себе содржат копнеж и длабочина, неопходна за уметничка креација, и поглед на современието во кое живееме.

Селекцијата на преставите е раководена од џезот, во секој негов сегмент и сите припаѓаат, на изразот на соврмнеиот театара, чие настанување датира од крајот од деветнаесетиот и почетокот на дваесетиот век, речиси во исто време кога и настана џезот.

За мотивите по кој се раковиди ово фестивал, уметничката директорка Маја Митиќ ќе рече:

“ Сакам да верувам дека со театарскиот чин, кој својот зародиш, најпрвин го наоѓа во уметничкиот сон – да се роди една претстава, да се случи, да се изведува долго да живее, декаа тоа е всушност денес потреба, не само како естетска категорија, туку и првенствено етичка. Верувам дека токму таквите претстави можат да влијаат на времето и опшеството во кое денес живеме… “