Тихомир Стојановски
И кај Хамонд41 се поместени податоци за култовите во Македонија, “за средбата на Филип Втори со Олимпија на култовите на Кабирите за плодородие и живот после смртта, за култ кон Орфеј, за култ кон Дионис кој е племенско царски култ, за подигување на олтари на Дионис, за вербата на Македонците дека Боженствноста преоѓа од татко на син…”42
Како и за тоа дека :
“… во октомври имало во театарот во Еге фестивал Дионисија, чествување на Боговите… на вториот ден со религиска процесија, со музички и драмски претстави се празнувало и славело во театарот и во македонската палата…”43
Како и за тоа дека :
“… Павзаниј го убил Филип Втори во орекстрата во театарот во Еге за време на свадбата… “44
И ако се обѕирнеме само на овој податок за значењето на театарот во Македонија во античко време, ќе допреме уште една кота каде театарот и животот се испреплетуваат. Еден македонски цар е ставен во позиција да биде крвна жртва на сцената на театарот. Можеби, последната крвна жртва пред театарот и црквата да се разделат понатаму низ историјата на македонско тло, на две различно институции. Хамнонд понатаму пишува дека гледачите, учесниците, гостите на свадбата слегле од гледалиштето и еден по еден му се поклониле на мртвото тело на Филип Втори на сцената во театарот во Еге45.
Можна ли е поголема метафора, симбол, настан меѓу животот и театарот, за да се покаже улогата на сцената во културата и културниот живот на македонско тло.
Ние денес често, односно редовно ги даваме свооите премиери во манастирот “Свети Јоаким Осоговски” на платото меѓу двата храма, “Света Богородица” и “Свети Јоаким” со театарот “Скрб и утеха”.