Рекоа за Ванчо, актерите на своите фб профили

 

Актерот Рубенс Муратовски сподели емотивен статус со кој се прости од својот колега, Ванчо Петрушевски, кој почина денес.

-Кога ќе си отиде глумец од моето детство, како да си оди и дел од мене. Дел од она кон кое сум се стремел. На кое сум завидувал и бескрајно го почитувал. Ванчо, беше баш таков. Но кога ќе си отиде глумец, знаеш дека неговите одиграни улоги ќе останат за навек….нека Ти е лесен патот кон светлината Ванчо, напиша Муратовски.

Роберт Вељановски, Актер и поранешен директор на Драмски театар,  се прости од својот долгогодишен колега Ванчо Петрушевски.

-Замина една од најголемите легенди на Драмски! Пријател, колега, брат! МАКЕДОНЕЦ!!! Почивај во мир и Бог да те прости! Се гледаме, онаму, напиша тој.

Сашо Тасевски директорот на Драмски театар

-Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче.

Васил Зафирчев

Во спомен на Ванчо Петрушевски 
Голем актер, редок човек и посветен колега и пријател. Благодарност за сите негови улоги со кои пораснавме, но и за сите претстави што заедно ги споделивме на сцената. Ќе недостасуваат неговата искрена насмевка, ведар дух, неверојатен хумор и вечен оптимизам! Нека му е светол патот кон вечноста и нека му се вечни славата и сеќавањето кај многу идни генерации Македонци!

Јелена Жугиќ
Драган Сапсов дац

Големите глумци не умираат…

Почивај во мир, бате Ване!
Големите актери како тебе секогаш ќе останат во нашите сеќавања нашите срца, а таму горе повторно ќе се дружиш со величините на нашето глумиште и твоите другари, колеги Џемаил Максут, (црна арапина) Ѓорги Колозов и другите… ?

Maja Андоновска Илијевска 
Снимањата нема да бидат исти… Почивај во мир Ванчо Петрушевски, чест ми беше што многу пати работевме и другарувавме на снимањата на Македонските народни приказни…