Животот на одредени писатели наликува на романите кои ги пишуваат, полни со непредвидливи, контроверзни, скандалозни, а понекогаш и опасни или дури сосема неверојатни ситуации. Всушност, често животот и настаните кои се случуваат во нивното опкружување се нивната главна инспирација. Како и да е, одредени автори имале навистина бурен живот, а нивните дела предизвикале уште побурни реакции во јавноста
Кристофер Марлоу (1564 – 1593)
Тоа што бил избоден во една уличка во областа Дептфорд, Англија, не е врвот на монструозно- скандалозната кариера на овој англиски драматурт, поет и преведувач, чија драма “Д-р Фаус#, ги излудувала луѓето. За Марлоу во 1953 имало налог за апсење поради ракописот кој содржел “непријатни еретички концепти”. По смртта, неговиот превод на Овидиј бил забранет, а копиите биле јавно спалени како дел од мерките против материјали со навредлива содржина.
Афра Бен (1640-1689)
Откако работела како политички шпион, а поминала извесно време и во затвор за неплаќање на долговите, оваа бунтовничка, најпосле се смирила доволно за да ја започне својата кариера како писател. Заедно со уште две свои колешки писателки, Афра Бен ја скандализираше машката критика со своето пишување за сексуалните желби на жените. Оваа славна тројка била наречена “непослушен триумвират#. Афра Бен е првата писателка која заработувала од своето пишување.
Џон Клеланд (1709 – 1789)
Кога еротската новела на Џон Клеланд “Фани Хил# или “Мемоарите на една девојка за задоволства# првпат била објавена во средината на 18 век, тој, неговиот издавач и печатар, веднаш биле уапсени. На суд, Клеленд се одрекол од книгата и таа официјално била повлечена. Не била публикувана повторно дури и повеќе од еден век.
Волт Витман (1819-1892)
Кога неговата претерано сексуална поетска колекција “Листови трева# првпат била објавена во 1855, Витман веднаш бил отпуштен од работа во Американското министерство за внатрешни работи. Книгата била сметана за профана, евтина и неморална во нејзината егзалтација на задоволства, но лошата критика не го сопрел Витман да го потроши целиот свој живот на пишување и препишување на оваа американска поезија.
Жорис – Карл Уисманс (1848-1907)
Ценејќи дека, за да го заинтересира читателот, романот треба да ја измеша нарацијата на “потврдените документи#, Уисманс во романот “Таму# (1891) го проучува феноменот -сатанизам. Откако го прочитал романот, католичкиот писател Барбе д’Орвили предвидел дека Уисманс еден ден ќе треба да одбере меѓу “пиштолот и крстот”, или поинаку речено: меѓу самоубиството и религиозното преобраќање.
Д.Х. Лоренс (1885-1930)
Кога починал, Лоренс бил третиран како писател на порнографија кој си навлекол многу непријатели на врат, па голем дел од животот го поминал во доброволен егзил. Дури и по смртта Лоренс не бил поштеден од скандалите, особено по излегувањето на книгата “Љубовникот на лејди Четерли, во 1960. Тој станал еден од најконтроверзните писатели на сите времиња, а издавачот книгата ја публикувал под едицијата “Непристојни публикации#.
Вилијам Бароуз (1914-1997)
Полубиографската книга на Бароуз за хероинската зависност, “Гол ручек”, се докажа како екстремно контроверзна како во поглед на нејзината содржина така и во поглед на јазикот кога прв пат била објавена во 1959 година. Била забранета во Бостон и Лос Анџелес и била една од најчестите американски книги која го задржала предзнакот за вулгарност.
Александар Солженицин (1918-2008)
Најконтраверзните писатели знаеле како да не и допуштат на критиката да стигне до нив, но не и Солженицин. Тој немал многу избор. Бил екстрадиран од Советскиот Сојуз во 1974 за неговиот критицизам кон режимот и вознемирувачките описи на животот во камповите за принудна работа. Тој беше еден од многуте дисиденти принудени да ја напуштат земјата, но единствениот кој беше награден со Нобелова награда за литература.
Салман Ружди (1947)
Во центарот на она што може да се нарече најпознат литературен скандал во модерната историја, “Сатанските стихови# на Ружди испровоцираа протести, од муслиманите во неколку земји, некои од нив дури и насилни. Кон него имаше упатено и смртни закани. Во Брадфорд, Англија, во 1989 година оваа книга била јавно запалена, а Ружди бил осуден и на смрт од иранскиот духовен лидер. Оттогаш тој е под постојана заштита на службите на Велика Британија.
Питер Парнел (1953) и Џастин Ричардсон (1963)
Кога ова дуо ја објави книгата со наслов “Танго за тројца#, во 2005 година, не можеле ниту да претпоставаат каква мешаница ќе предизвикаат. Детската книга за двајцата пингвини, родители од ист пол, предизвикала огромна врева во Америка заради сликовитото претставување на хомосексуалноста кај животните. Затоа, цели три години по ред, “Танго за тројца” во Америка беше прогласена за една од најконтроверзните книги.