Тихмир Стојановски
Понатаму Борза вели дека имало:
“Симпозиум, гоштевка со пиење и јадење поразличен од атинскиот, македонски…” или дека:
“… театарот во Еге имал дијаметар на оркестрата 28,50 метри и е најголем од тој тип” 38
Потоа Борза дава појаснување дека театарот во Македонија немал забавна, туку религиска функција. Зборува за театарот во Еге, старата македонска престолнина. Дава податок дека театарот Епидавар, блиску до Атина има дијаметар на оркестрата од само 19,50 метри. Кажува за свадбата на ќерката на Филип Втори Клеоптара со Александар Молисиски, која се случувала во театарот во Еге, старата македонска престолнина (денес кај Воден) каде всушност е убиен Филип Втори во оркекстрата на сцената на самиот театар.
Понатаму вели дека :
“Дион, светиот македонски град под Олимп, е религиски центар со фестивали за Ѕевс и Музите” 39
Всушност, од пишувањата на Е. Борза имаме доволно показатели дека театарот во антиката бил институција на тлото во Македонија, или во македонската култура. Тоа ни покажува дека појдовната точка на театарот е елитноста и избраноста и секако крајната точка е масовноста или обнародувањето. Секако и неговото тврдење дека:
“… Македонската култура е инспирација за Грците, за соседите и евентуално за римјаните…” 40
Борза ни дава показател дека театарот како култ и култура на славење, песни и ора, беседи, поезија, дарувања, и драмски претстави има оставено длабоки траги и живее и во денешната култура на македонско тло, кај Македонците. Во современите слави, музика, песни и ора и народни адети, односно во народната култура. Секако и ни ја подвлекува нашата теза за длабоката поврзаност на сцената и религијата.