Во прво лице
Сите ние пиеме вода од еден извор
1. ЗА СЕБЕ: Добро сум .
2. ЗА ЉУБОВТА: Ја има. Таква и е природата на Љубовта, да ја има.
3. ЗА ЖИВОТОТ: Приказна за живеење.
4. ЗА ТЕАТАРОТ: Го сакам.
5. ЗА ДОБРОТO: Учиме од животот.
6. ЗА ЗЛОТО: Учиме од животот.
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Сигурно ги имам. Како и секој. Има премостливи разлики. Има и такви кои не се премостуваат. А на крајот од денот секој си го сака мирот .
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Тука се. И нови ќе дојдат.
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Многу исцрпува тоа. Ужасно многу. Да го зачуваш своето битисување , а да не си интрудер кон другиот. Да си патник добронамерник. А не е сме секогаш тоа, свесно и несвесно.
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Се разбираме. Знае да предизвика и алергии, ама не постои актер кој не ја сака.
10. ЗА КОЛЕГИТЕ : Добро се.
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ : Ууухх, не знам. После соочување – патување.
12. ЗА ИНСПИРАЦИЈАТА : ТАА вертикала. Да ја има. Си треба. И убаво е што ние луѓето така сме кроени.
13 . ЗА ИДЕЈАТА : На некое ќоше од некој ден. И ако има таква која што ќе ми го пресретне денот и потоа не ми дава мир, си викам треба да и се посвети време и енергија. Па да пробам и да ја реализирам. Нека трепка таму некаде, во етерот.
14. ЗА СОНОТ : Еве пример. Кога ќе погледнеме во познатата историја на
човештвото среќаваме луѓе со генијален ум и виш дух. Визионери пред своето време. Еден од нив, а сигурно најоргиналниот е Никола Тесла. После еден век, сега и овде, денес, сведоци сме дека одиме кон реализација на неговите изуми и проекти. Или барем стануваат видливи и јасни за целото човештво ( овде нема да говориме за злоупотребата на таа сила, за што Тесла бил категорично против ). А не било така пред 100 години, не било така додека тој создавал. Неговото дело и сонот не се изгубени, се покажа дека се вистински. Можеби не за наш лајфтајм, ама човештвото оди или барем има обид да тргне кон реализација на неговата визија – здрава животна средина, хармонична динамика на земјината литосфера,биосфера, хидросфера, атмосфера. Убаво би било овој пат да успееме во тоа. Сакав да направам претстава со детско драмско студио за овој сон на Тесла . Да учиме од луѓе кои умеат да чекорат и по небото за широко да гледаат. Ова е само еден од примерите. Сите ние ги имаме. Значи, како без сонот? Мој, твој, нечиј.
15. ЗА ЈАВЕТО: Mожеме подобро од ова. Навистина подобро.
16. ЗА ВИНОТО: Го сакам виното и го пијам.
17. ЗА СЕМЕЈСТВОТО : Потребно секому. Да подржи, да испровоцира, па и да
помогне да има ведро небо на подолго време.
18. ЗА КРАЈ : И почеток на реализација на неколку креативни иницијативи за младите со еден убав тим на креативци и ентузијасти. Како за почеток на есента.