Во прво лице
Да го сочуваме и негувме детето во себе!
За себе: ГОЛЕМО дете.
За љубовта: Единствена светла точка во ова сивило, за која вреди да се бориме!
За животот: Возбудлива авантура, полна со големи предизвици пред кои треба да одговориме, а притоа да не заборавиме да уживаме.
За театарот: Магијата на светот.
За доброто: Слепо му верувам.
За злото: “Ко зна зашто је ово добро…”
За непријателите: Сам свој најголем непријател.
За пријателите: Колку сѐ, толку сѐ, нетокму сѐ, ама без нив не се живее.
За глумата во животот: Маска која нѐ спречува вистински да го искусиме животот.
За сценската прашина: Со полни гради и срце, одново и одново ја вдишувам.
За колегите: Мајстори на својот занает, од кои неуморно учам.
За неодиграните улоги: Со душа чекам да се запознаеме!
За сонот: Сонувам со очи широко отворени.
За јавето: Апсурд на денешницата!
За идејата: Зависно од реализацијата, може да стане многу моќна играчка.
За виното: Со негова помош го ублажувам апсурдот хахаха… Наздравје!
За семејството: Бесценето богатство, најцврста поддршка и најхрабри херои. Е тоа се тие! Сакам ве људи!
За крај: Секогаш неуморно да се трудиме да го сочуваме и негувме детето во себе!