Ненадејно замина Ванчо Петрушевски

Уникатен талент и исклучителен актер

“Ванчо му остави непроценливо наследство, особено на Драмски театар, со неповторливите ролји, а неговото ненадејно заминување од светот на македонскиот театар остави место што никогаш нема да биде пополнето, заради уникатниот талент и актерското мајсторство кои не можат да се копираат“, ќе посочи Сашо Тасевски на комеморацијата која по повод смртта на Петрушевски се одржа во понеделникот во Драмски театар, а на која за последен пат со громогласен аплауз од него се збогуваше семејството, пријателите, колегите и неговите обожаватели

Македонски народни приказни, „Хихирику“, „Ангели на отпад“, „Трст виа Скопје“, „Среќна Нова 49“, „Трето доба“, „Диво месо“, „Грев или Шприцер“, „Солунски патрдии“, „Опстанок“, „Пресуда“ се ТВ- емисиите, радио драмите, филмовите и претставите по кои ќе биде запаметен исклучителниот актер Ванчо Петрушевски, кој на 67 години, ненадејно замина од овој свет минатата недела. Тој секогаш ќе биде втемелен во сеќавањата на неговите колеги и во колективната меморија на македонскиот народ, а неговиот фах беше комедијата. Многу генерации ќе го паметат и по ликот на Рамче.

“Заедно со твојот Гоце, со Ѓокица, Дади и Мешко, со Кате и Милица, Ненад, Коле, Чоре и останатите бардови на Драмскиот театар испишавте историја и оставивте голем аманет за наредните генерации македонски глумци“, ќе истакне Сашо Тасевски, директор на Дрмаски тетар-Скопје, матичната сцена на актерот Петрушевски, каде што тој во 2017 година се пензионираше.

“Ванчо му остави непроценливо наследство, особено на Драмски театар, со неповторливите ролји, а неговото ненадејно заминување од светот на македонскиот театар остави место што никогаш нема да биде пополнето, заради уникатниот талент и актерското мајсторство кои не можат да се копираат“, додаде Тасевски на комеморацијата која по повод смртта на Петрушевски се одржа во понеделникот во Драмски театар, а на која за последен пат со громогласен аплауз од него се збогуваше семејството, пријателите, колегите и неговите обожаватели. Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина токму во овој театар уште од 1975 година, каде што остави безброј актерски остварувања.

Ослободувањето на Скопје, Панургиј, Чудото на свети Ѓорѓија, Сомнително лице, Мачорот Мики Траси и Џингин Кан, Полнета птица, Дупло дно, Коприварник, Ноќ спроти Водици, Собирен центар, Чија си, Женски оркестар, Харем, Маратонците го трчаат почесниот круг, Зоолошка приказна, Сега му е мајката, Вујко Вања, Словенскиот ковчег, Платонов, Земјомерот, Сонот на летната ноќ, Тетовирани души, Марисол, Хамлет од Долно Гаштани, Македонски рулет, Лебедова песна, Живот во тесни чевли, Буре барут, се само дел од претставите во кои играл Петрушевски во Драмскиот театар.

“Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност во изразот како виртуозно обликување на комични и трагични ефекти што ги плени театарските гледачи, со што тие стануваат негови обожаватели. Со мангупска комика, непрекинато концентриран, играта успева да ја префрли преку рампата до гледалиштето, со што Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на исклучителни актери“, ќе истакнат од неговиот матичен театар.

Актерот Гоце Тодоровски, кој со Ванчо Петрушевски биле пријатели 57 години на комеморацијата, пак, со многу емоции зборуваше за одиграните улоги, настапи, награди, за умешноста и шармот на Петрушевски, за неговата пасија-сликарството, за викендичката во село Орешани, каде што, за жал, во несреќен случај минатата сабота, Петрушевски го загуби животот. Според извештајот од полицијата, Петрушевски починал од струен удар додека работел качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки.

“Го изгубивме Ванчо, Ване, Иван, Рамче. Не само во комедијата, Ванчо умееше и драмски ликови многу убаво да игра, беше сестран“, беа зборовите на актерот Кирил Андоновски за Петрушевски. Благоја Чоревски, пак, потсети дека со Петрушевски се познавале повеќе од 40 години. “Ванчо беше извонреден актер, извонреден пријател, извонреден човек. Навистина беше таков и му благодарам на Бога и на животот што воопшто што ме споија со него, што можев да играм, што можам да се сеќавам на него, на се убаво“, рече тој.

Со емотивни пораки на социјалните мрежи, деновиве од Ванчо Петрушевски се збогуваа и актерите Сашко Коцев, Рубенс Муратовски, Васил Зафирчев, Роберт Вељановски, Јелена Жугич, Ердоан Максут, Весна Петрушевска, оперскиот пејач Игор Дурловски, а македонскиот шоумен Игор Џамбазов на својот пријател, со кој го поминал половина од животот, му подари емотивна изведба на песната “Ако умрам ил загинам“.

Петрушевски е роден на 19 април 1951 година, во Скопје. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во 1975 година. Оттогаш како актер работел во Драмскиот театар во Скопје, се до неговото пензионирање. Добитник е наградите “Димче Трајковски“ за улогата Јаков во претставата „Дупло дно“ (1985 година) за актерско остварување на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и за улогата на Јанко во претставата „Собирен центар“ (1989 година). Во 1987 година, Петрушевски го добил признанието за најпопуларно ТВ лице на годината според гласовите на читателите на весникот „Вечер“, а во 1988 година, според анкетата на ревијата “Екран# е добитник на наградата „Најдобро артистичко остварување во филмот и на телевизијата“.

Петрушевски беше активен на повеќе полиња и надвор од театарот, како водител на кулинарско шоу, снимаше филмови, а негова пасија било и сликарството. Тој е еден од творците на серијата Македонски народни приказни.

ТЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА ПОЈАВА

Тихомир Стојановски

И кај Хамонд41 се поместени податоци за култовите во Македонија, “за средбата на Филип Втори со Олимпија на култовите на Кабирите за плодородие и живот после смртта, за култ кон Орфеј, за култ кон Дионис кој е племенско царски култ, за подигување на олтари на Дионис, за вербата на Македонците дека Боженствноста преоѓа од татко на син…”42

Како и за тоа дека :

“… во октомври имало во театарот во Еге фестивал Дионисија, чествување на Боговите… на вториот ден со религиска процесија, со музички и драмски претстави се празнувало и славело во театарот и во македонската палата…”43

Како и за тоа дека :

“… Павзаниј го убил Филип Втори во орекстрата во театарот во Еге за време на свадбата… “44

И ако се обѕирнеме само на овој податок за значењето на театарот во Македонија во античко време, ќе допреме уште една кота каде театарот и животот се испреплетуваат. Еден македонски цар е ставен во позиција да биде крвна жртва на сцената на театарот. Можеби, последната крвна жртва пред театарот и црквата да се разделат понатаму низ историјата на македонско тло, на две различно институции. Хамнонд понатаму пишува дека гледачите, учесниците, гостите на свадбата слегле од гледалиштето и еден по еден му се поклониле на мртвото тело на Филип Втори на сцената во театарот во Еге45.

Можна ли е поголема метафора, симбол, настан меѓу животот и театарот, за да се покаже улогата на сцената во културата и културниот живот на македонско тло.

Ние денес често, односно редовно ги даваме свооите премиери во манастирот “Свети Јоаким Осоговски” на платото меѓу двата храма, “Света Богородица” и “Свети Јоаким” со театарот “Скрб и утеха”.

НЕСРИН ТАИР, АКТЕРКА

Во прво лице

“ Ла вита е бела”

1. ЗА СЕБЕ: Сéуште раскопувам по душичката, се спознавам себе.

2. . ЗА ЉУБОВТА: Бесконечна.

3. ЗА ЖИВОТОТ: “ Ла вита е бела” .

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Го дишам.

5. ЗА ДОБРОТО: Нека метастазира.

6. ЗА ЗЛОТО: Игнор.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Да се живи и здрави.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?: Вечни.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Не ја поимам.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Се навлеков.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Нé има секакви.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Сонувам.

12. ЗА ИДЕЈАТА: Непресушна.

13. ЗА СОНОТ : Не сакам да се разбудам.

14. ЗА ЈАВЕТО: Сон во сон.

15. ЗА ВИНОТО: Бело, питко.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Љубов ми се.

17. ЗА КРАЈ: После секој крај, доаѓа Почеток.

Секогаш ќе бидеш дел од нашата фамилија

Владо Дојчиноски

Ванчо пријателе, нашиот дедо Папу многу те сакаме. Премногу ни недостасуваш. Ти ни беше и школо и пријател и колега. Не сакаше како свои деца, а ние и како татко и како дедо. Се правевме заедно. Премногу ни недостасуваш. Ни беше дел од фамилијата. Вечно ќе те сакаме и ќе те споменуваме. Секогаш ќе бидеш дел од нашата фамилија. Те сакаат Владо, Николина и малиот Нестор. Вечна ти слава пријателе!

Утре комеморација за Петрушевски во Драмски театар Скопје


Комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски, кој почина вчера од струен удар во скопското село Орешани, ќе се одржи утре во 10 часот во Драмски театар Скопје.
– Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина токму во Драмски театар уште од 1975 година и остави безброј актерски остварувања, наведе во известувањата за комеморацијата Драмски театар Скопје.
Според извештајот од полицијата, Петрушевски починал од струен удар додека работел качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки.
Петрушевски е роден на 19 април 1951 година, во Скопје. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во 1975 година. Оттогаш како актер работи во Драмскиот театар во Скопје, сè до неговото пензионирање во 2017.та година.
– Со успех настапувал во повеќе улоги во претстави од домашни и странски автори и секој пат покажува духовити поединости кои им даваат на неговите ликови карактеристични движења и гримаси. Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност во изразот како виртуозно обликување на комични и трагични ефекти со што ги плени театарските гледачи, со што тие стануваат негови обожаватели. Со мангупска комика, непрекинато концентриран, играта успева да ја префрли преку рампата до гледалиштето, со што Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на исклучителни актери, потенцираат од Драмски театар.
За Петрушевски критиката пишува во суперлативи „… Суфлерот во Лебедова песна многу суптилно го обојува својот лик со хумор, со што уште повеќе ја покажува својата природа на сенка-човек. Исто толку несреќен колку големиот актер…“.
„… Многу значајно место во севкупната поставеност на дејството има играта на Ванчо Петрушевски, како Човекот со ѓеврек и Човекот со лузна. Со лежерно мајсторство, неговите појави на сцената точно ги лоцираат идеите на режисерот Владимир Милчин за пресметка со мракот, мачнината. Тежината на поттикот е да се оди докрај, до безизлезот, да се биде на сечилото на ножот, на кое се води пресметката со мракот/мачнината, Да се чуе крикот на оние чија адреса е улицата… (Марисол).
Ванчо Петрушевски беше активен на повеќе полиња и надвор од театарот, како водител на кулинарско шоу, снимаше филмови, а негова пасија беше и сликарството. Тој е еден од творците на серијата Македонски народни приказни. Многу генерации го препознаваат по ликот на Рамче. Воедное е и еден од првите Македонци кои настапиле во странски филм. Кај нас го снимил филмот Досие КА по негово сценарио и продуцентство, а истовремено ја толкувал и главната улога.
Селективниот репертоар на сцената на Драмскиот театар во кој настапува, покрај многу други, се: Ослободувањето на Скопје, Солунски патрдии, Панургиј, Чудото на свети Ѓорѓија, Сомнително лице, Мачорот Мики Траси и Џингин Кан, Полнета птица, Дупло дно, Коприварник, Ноќ спроти Водици, Собирен центар, Чија си, Женски оркестар, Грев или шприцер, Харем, Маратонците го трчаат почесниот круг, Зоолошка приказна, Сега му е мајката, Вујко Вања, Словенскиот ковчег, Платонов, Земјомерот, Сонот на летната ноќ, Тетовирани души, Марисол, Хамлет од Долно Гаштани, Македонски рулет, Лебедова песна, Баал, Живот во тесни чевли, Буре барут, Атена со пенис од Александар Русјаков, режисер Синиша Евтимов.
Ванчо Петрушевски настапувал на сцените на Македонскиот народен тератар, народните театри во Штип и Велес..
Добитник е наградите „Димче Трајковски“ за улогата Јаков во претставата „Дупло дно“ (1985 година за актерско остварување на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Јанко во претставата „Собирен центар“ (1989 год.).
Во 1987 година, Ванчо Петрушевски го доби признанието за најпопуларно ТВ лице на годината според гласовите на читателите на весникот „Вечер“, а во 1988 година, според анкетата на ревијата „Екран“ е добитник на наградата „Најдобро артистичко остварување во филмот и на телевизијата.

Рекоа за Ванчо, актерите на своите фб профили

 

Актерот Рубенс Муратовски сподели емотивен статус со кој се прости од својот колега, Ванчо Петрушевски, кој почина денес.

-Кога ќе си отиде глумец од моето детство, како да си оди и дел од мене. Дел од она кон кое сум се стремел. На кое сум завидувал и бескрајно го почитувал. Ванчо, беше баш таков. Но кога ќе си отиде глумец, знаеш дека неговите одиграни улоги ќе останат за навек….нека Ти е лесен патот кон светлината Ванчо, напиша Муратовски.

Роберт Вељановски, Актер и поранешен директор на Драмски театар,  се прости од својот долгогодишен колега Ванчо Петрушевски.

-Замина една од најголемите легенди на Драмски! Пријател, колега, брат! МАКЕДОНЕЦ!!! Почивај во мир и Бог да те прости! Се гледаме, онаму, напиша тој.

Сашо Тасевски директорот на Драмски театар

-Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче.

Васил Зафирчев

Во спомен на Ванчо Петрушевски 
Голем актер, редок човек и посветен колега и пријател. Благодарност за сите негови улоги со кои пораснавме, но и за сите претстави што заедно ги споделивме на сцената. Ќе недостасуваат неговата искрена насмевка, ведар дух, неверојатен хумор и вечен оптимизам! Нека му е светол патот кон вечноста и нека му се вечни славата и сеќавањето кај многу идни генерации Македонци!

Јелена Жугиќ
Драган Сапсов дац

Големите глумци не умираат…

Почивај во мир, бате Ване!
Големите актери како тебе секогаш ќе останат во нашите сеќавања нашите срца, а таму горе повторно ќе се дружиш со величините на нашето глумиште и твоите другари, колеги Џемаил Максут, (црна арапина) Ѓорги Колозов и другите… ?

Maja Андоновска Илијевска 
Снимањата нема да бидат исти… Почивај во мир Ванчо Петрушевски, чест ми беше што многу пати работевме и другарувавме на снимањата на Македонските народни приказни…

Десетте најконтроверзни писатели:  Нивните книги биле забранувани и палени, а тие осудувани

Животот на одредени писатели наликува на романите кои ги пишуваат, полни со непредвидливи, контроверзни, скандалозни, а понекогаш и опасни или дури сосема неверојатни ситуации. Всушност, често животот и настаните кои се случуваат во нивното опкружување се нивната главна инспирација. Како и да е, одредени автори имале навистина бурен живот, а нивните дела предизвикале уште побурни реакции во јавноста

Кристофер Марлоу (1564 – 1593)

Тоа што бил избоден во една уличка во областа Дептфорд, Англија, не е врвот на монструозно- скандалозната кариера на овој англиски драматурт, поет и преведувач, чија драма “Д-р Фаус#, ги излудувала луѓето. За Марлоу во 1953 имало налог за апсење поради ракописот кој содржел “непријатни еретички концепти”. По смртта, неговиот превод на Овидиј бил забранет, а копиите биле јавно спалени како дел од мерките против материјали со навредлива содржина.

Афра Бен (1640-1689)

Откако работела како политички шпион, а поминала извесно време и во затвор за неплаќање на долговите, оваа бунтовничка, најпосле се смирила доволно за да ја започне својата кариера како писател. Заедно со уште две свои колешки писателки, Афра Бен ја скандализираше машката критика со своето пишување за сексуалните желби на жените. Оваа славна тројка била наречена “непослушен триумвират#. Афра Бен е првата писателка која заработувала од своето пишување.

Џон Клеланд (1709 – 1789)

Кога еротската новела на Џон Клеланд “Фани Хил# или “Мемоарите на една девојка за задоволства# првпат била објавена во средината на 18 век, тој, неговиот издавач и печатар, веднаш биле уапсени. На суд, Клеленд се одрекол од книгата и таа официјално била повлечена. Не била публикувана повторно дури и повеќе од еден век.

Волт Витман (1819-1892)

Кога неговата претерано сексуална поетска колекција “Листови трева# првпат била објавена во 1855, Витман веднаш бил отпуштен од работа во Американското министерство за внатрешни работи. Книгата била сметана за профана, евтина и неморална во нејзината егзалтација на задоволства, но лошата критика не го сопрел Витман да го потроши целиот свој живот на пишување и препишување на оваа американска поезија.

Жорис – Карл Уисманс (1848-1907)

Ценејќи дека, за да го заинтересира читателот, романот треба да ја измеша нарацијата на “потврдените документи#, Уисманс во романот “Таму# (1891) го проучува феноменот -сатанизам. Откако го прочитал романот, католичкиот писател Барбе д’Орвили предвидел дека Уисманс еден ден ќе треба да одбере меѓу “пиштолот и крстот”, или поинаку речено: меѓу самоубиството и религиозното преобраќање.

Д.Х. Лоренс (1885-1930)

Кога починал, Лоренс бил третиран како писател на порнографија кој си навлекол многу непријатели на врат, па голем дел од животот го поминал во доброволен егзил. Дури и по смртта Лоренс не бил поштеден од скандалите, особено по излегувањето на книгата “Љубовникот на лејди Четерли, во 1960. Тој станал еден од најконтроверзните писатели на сите времиња, а издавачот книгата ја публикувал под едицијата “Непристојни публикации#.

Вилијам Бароуз (1914-1997)

Полубиографската книга на Бароуз за хероинската зависност, “Гол ручек”, се докажа како екстремно контроверзна како во поглед на нејзината содржина така и во поглед на јазикот кога прв пат била објавена во 1959 година. Била забранета во Бостон и Лос Анџелес и била една од најчестите американски книги која го задржала предзнакот за вулгарност.

Александар Солженицин (1918-2008)

Најконтраверзните писатели знаеле како да не и допуштат на критиката да стигне до нив, но не и Солженицин. Тој немал многу избор. Бил екстрадиран од Советскиот Сојуз во 1974 за неговиот критицизам кон режимот и вознемирувачките описи на животот во камповите за принудна работа. Тој беше еден од многуте дисиденти принудени да ја напуштат земјата, но единствениот кој беше награден со Нобелова награда за литература.

Салман Ружди (1947)

Во центарот на она што може да се нарече најпознат литературен скандал во модерната историја, “Сатанските стихови# на Ружди испровоцираа протести, од муслиманите во неколку земји, некои од нив дури и насилни. Кон него имаше упатено и смртни закани. Во Брадфорд, Англија, во 1989 година оваа книга била јавно запалена, а Ружди бил осуден и на смрт од иранскиот духовен лидер. Оттогаш тој е под постојана заштита на службите на Велика Британија.

Питер Парнел (1953) и Џастин Ричардсон (1963)

Кога ова дуо ја објави книгата со наслов “Танго за тројца#, во 2005 година, не можеле ниту да претпоставаат каква мешаница ќе предизвикаат. Детската книга за двајцата пингвини, родители од ист пол, предизвикала огромна врева во Америка заради сликовитото претставување на хомосексуалноста кај животните. Затоа, цели три години по ред, “Танго за тројца” во Америка беше прогласена за една од најконтроверзните книги.

 

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

Тихмир Стојановски

Понатаму Борза вели дека имало:

“Симпозиум, гоштевка со пиење и јадење поразличен од атинскиот, македонски…” или дека:

“… театарот во Еге имал дијаметар на оркестрата 28,50 метри и е најголем од тој тип” 38

Потоа Борза дава појаснување дека театарот во Македонија немал забавна, туку религиска функција. Зборува за театарот во Еге, старата македонска престолнина. Дава податок дека театарот Епидавар, блиску до Атина има дијаметар на оркестрата од само 19,50 метри. Кажува за свадбата на ќерката на Филип Втори Клеоптара со Александар Молисиски, која се случувала во театарот во Еге, старата македонска престолнина (денес кај Воден) каде всушност е убиен Филип Втори во оркекстрата на сцената на самиот театар.

Понатаму вели дека :

“Дион, светиот македонски град под Олимп, е религиски центар со фестивали за Ѕевс и Музите” 39

Всушност, од пишувањата на Е. Борза имаме доволно показатели дека театарот во антиката бил институција на тлото во Македонија, или во македонската култура. Тоа ни покажува дека појдовната точка на театарот е елитноста и избраноста и секако крајната точка е масовноста или обнародувањето. Секако и неговото тврдење дека:

“… Македонската култура е инспирација за Грците, за соседите и евентуално за римјаните…” 40

Борза ни дава показател дека театарот како култ и култура на славење, песни и ора, беседи, поезија, дарувања, и драмски претстави има оставено длабоки траги и живее и во денешната култура на македонско тло, кај Македонците. Во современите слави, музика, песни и ора и народни адети, односно во народната култура. Секако и ни ја подвлекува нашата теза за длабоката поврзаност на сцената и религијата.

Габриела Петрушевска актерка

 

Во прво лице

Сите ние пиеме вода од еден извор

1. ЗА СЕБЕ: Добро сум .
2. ЗА ЉУБОВТА: Ја има. Таква и е природата на Љубовта, да ја има.
3. ЗА ЖИВОТОТ: Приказна за живеење.
4. ЗА ТЕАТАРОТ: Го сакам.
5. ЗА ДОБРОТO: Учиме од животот.
6. ЗА ЗЛОТО: Учиме од животот.
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Сигурно ги имам. Како и секој. Има премостливи разлики. Има и такви кои не се премостуваат. А на крајот од денот секој си го сака мирот .
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Тука се. И нови ќе дојдат.
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Многу исцрпува тоа. Ужасно многу. Да го зачуваш своето битисување , а да не си интрудер кон другиот. Да си патник добронамерник. А не е сме секогаш тоа, свесно и несвесно.
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Се разбираме. Знае да предизвика и алергии, ама не постои актер кој не ја сака.
10. ЗА КОЛЕГИТЕ : Добро се.
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ : Ууухх, не знам. После соочување – патување.
12. ЗА ИНСПИРАЦИЈАТА : ТАА вертикала. Да ја има. Си треба. И убаво е што ние луѓето така сме кроени.
13 . ЗА ИДЕЈАТА : На некое ќоше од некој ден. И ако има таква која што ќе ми го пресретне денот и потоа не ми дава мир, си викам треба да и се посвети време и енергија. Па да пробам и да ја реализирам. Нека трепка таму некаде, во етерот.

14. ЗА СОНОТ : Еве пример. Кога ќе погледнеме во познатата историја на
човештвото среќаваме луѓе со генијален ум и виш дух. Визионери пред своето време. Еден од нив, а сигурно најоргиналниот е Никола Тесла. После еден век, сега и овде, денес, сведоци сме дека одиме кон реализација на неговите изуми и проекти. Или барем стануваат видливи и јасни за целото човештво ( овде нема да говориме за злоупотребата на таа сила, за што Тесла бил категорично против ). А не било така пред 100 години, не било така додека тој создавал. Неговото дело и сонот не се изгубени, се покажа дека се вистински. Можеби не за наш лајфтајм, ама човештвото оди или барем има обид да тргне кон реализација на неговата визија – здрава животна средина, хармонична динамика на земјината литосфера,биосфера, хидросфера, атмосфера. Убаво би било овој пат да успееме во тоа. Сакав да направам претстава со детско драмско студио за овој сон на Тесла . Да учиме од луѓе кои умеат да чекорат и по небото за широко да гледаат. Ова е само еден од примерите. Сите ние ги имаме. Значи, како без сонот? Мој, твој, нечиј.
15. ЗА ЈАВЕТО: Mожеме подобро од ова. Навистина подобро.
16. ЗА ВИНОТО: Го сакам виното и го пијам.
17. ЗА СЕМЕЈСТВОТО : Потребно секому. Да подржи, да испровоцира, па и да
помогне да има ведро небо на подолго време.
18. ЗА КРАЈ : И почеток на реализација на неколку креативни иницијативи за младите со еден убав тим на креативци и ентузијасти. Како за почеток на есента.

 

 

“Илијада“ СНГ Драма, Љубљана го затвора “Охридско лето”

Охридско лето го посетиле над 20 илјади љубители на уметноста:

Завесата на годинешното 58. издание на фестивалот „Охридско лето“, ќе биде спуштена на 20 август со театарската претстава “Илијада“ од Хомер во режија на Јернеј Лоренци. Овој копродукциски проект на Словенечки народен театар -СНГ Драма, Љубљана, Цанкариев дом и Градски театар Словенија, е иновативна и величествена, колку што е класична, толку е и инспирирана од европската театарска авангарда и со суптилни совети на модерната историја на Балканот, а ќе биде изведена во Антички театар (21 часот).

Инаку, годинешнава програма донесе над 800 уметници од 27 земји од светот, а настапите на врвните светски уметници ги посетија над 20 илјади љубители на уметноста.

Покрај бројните фестивалски настани , меѓу кои концертите на оперската дива Елена Мошук, тенорот Калин Братеску и маестралниот диригент Николае Молдовеану, Кралскиот секстет „Д Квин Сикс“, познатото трио руски уметници, Лугански-Књазев -Крилов, изведбата на семакедонски производ – ораториумот „Радомировиот псалтир“ на македонскиот композитор Димитрие Бужаровски кој го напиша специјално за фестивалот „Охридско лето“, се одржаа и традиционалните Вечери на полска и француска музика и Кубанската вечер, како и концертот на Амира Медуњанин. Во Охрид се претставија и уметниците Георги Божиков, потоа Марта Пејоска и Биби Клекачкоска со „Скриеното чудесно“, Калина Брајковска со “Зад виножитото“, но пред публиката се изведоа и претставите “Странци”, “Девојчето со жиците”, Мизантроп”… Фестивалот на 4 август го одбележа и својот 58-ми роденден.

Утревечер (17 август), со почеток во 21 часот, во црквата “Св.Софија”, во рамки на фестивалот, концерт ќе одржи Антонио Серано, на усна хармоника и Констанца Лехнер, на клавир од Шпанија. На програмата ќе бидат изведени Франциско Тарега, Мануел де Фаља, Енрике Гранадос, Пабло де Сарасате, Карлос Густавино, Астор Пјацола. Антонио Серано е шпански виртуоз на усна хармоника, а пијанистката Констанца Лехнер има студирано и за чембало, стара музика, модерен клавир и џез на „Школата за креативна музика“ во Мадрид.