МАРИНА Поп Панкова актерка

 

Во прво лице

СОНОТ-ПАРАЛЕЛА, ЈАВЕТО – ВОЗДИШКА

1. ЗА СЕБЕ- Актер, Мајка, трепетлика

2 . ЗА ЉУБОВТА: Целина

3. ЗА ЖИВОТОТ: Убав, суров, миговен, возбудлив, минлив..

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Организам за чие постоење се потребни само актерите и публиката. Ништо повеќе.

5. ЗА ДОБРОТО- Го има во сечија суштина. Само треба да се распрета, да се размрда, да се разбуди.

6. ЗА ЗЛОТО- Нужен опозит за да го спознаеме и во целост да му се радуваме на доброто кога ќе ни се случи.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – Си дозволиле да оформат мислење и став без да се потрудат да се запознаеме. Не можам ништо против тоа, освен со чисто срце да им пружам рака.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Малку се. Мои се. Нивна сум.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ- Ја има насекаде..

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА= Ѕвездена прашина

10. ЗА КОЛЕГИТЕ – Единствени. Секој со својата ѕвезда на челото.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ – Некои си останаа неодиграни, со некои сигурно ќе се разминеме, на некои нема да им дојде времето, но целото битие ми се радува на оние кои ме чекаат само мене.

12 . ЗА ИДЕЈАТА- Зрнце околу кое може да се исткае цел еден Универзум.

13. ЗА СОНОТ- Паралела

14. ЗА ЈАВЕТО- Воздишка

15. ЗА ВИНОТО- Силно, слатко, опојно.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО – Таму секој е свој. Топло е и мириса на колачиња со цимет.

За приказните- Треба да ги раскажува само оној кој навистина умее.

17. ЗА КРАЈ- Зар вистина е крај?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *