Тихомир Стојановски
Култот на славење е засведочен со леб и вино, житни дарови, мед. Во Говрлево се најдени мали плодови на жито од глина, обредни лепчиња, се забележува култ кон плодноста (Големата Божица мајка е блажена на некои престави од глина) најдени се две маски од глина, што го потврдува чинот на преправање како театарски елемент да бидеме некој друг, да го одиграме или да му се приближиме на Бога, да ја повикаме со имитативна магија, игра за да ја донесеме, добиеме плодноста, да го режираме сопствениот живот. Да се обидеме да бидеме поблиску до него. До создателот. До владетелот и небесниот и земниот. Да ги одиграме своите желби, мечти и соништа за да ни ги исполни и да нé благослови и дарува Бог. Мислам дека тоа е почетната точка на театарот. Причината за неговото настанување, духовниот смисол и трајност. Неговата општествена нужност.
Но, да видиме што пишува во одредени книги за нашава тема. На пример кај Борза и Хамонд како авторитети за античка Македонија и антиката. Кај Борза имаме термин “пиериски Македонци” што се вразува со приказната од митологијата со Пиер и Музите.