
ПРЕМИЕРА 10 И 11 НОЕМВРИ
Народен театар Битола Сезона 2013 ЕСЕНИН музичко-поетска драма Режија: Благојче Божиновски
Адаптација и музика: Марјан Неќак Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
ЛИЦА: Стариот Есенин-Митко С. Апостоловски
Младиот Есенин-Влатко Илиевски(к.г.)
Исидора Данкан и Гаља -Габриела Петрушевска; Мајката-Соња Ошавкова; Есенин-Михаил Истилијанов; Суфлер-Зорка Ѓаковска; Инспициент-Мирослав Лазаревски
…
Беше уметник (како и повеќето од нас) со детско срце и детска наивност. Влатче(така го именуваме)сум убедена дека со наивноста и добрината создаваше свој свет далеку од законите на “урбаната” џунгла и суровоста во преживувањето.Покрај неговата убавина, пристојноста, воздрзаноста, обраќањето со ВИЕ на повозрасен колега и НЕТРАЧАРЕЊЕТО беше посебноста на неговата личност. Доблесна личност. До тука било….Не ги издржа Исусовите години!! Наполни 33год. и отпатува.Толку многу убавина собрана на едно место одеднаш замина….
На 06.07.2018 година околу 23.,00 часот во Скопје, на ул.„3-та Мак.Бригада“, во патничко моторно возило “Тојота“ пронајден е починат В.И (33) од Скопје. Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција , се наведува во соопштението од МВР.
Личен како Божество со глас ангелски и небесно сини очи…. Харизматичен, талентиран, срдечен, неодолив, шармантен, посебен….
Имаше толку многу потенцијал во себе што бев убедена дека три животи ке ти бидат малку за да го облагодариш овој свет со твоите доблеси, а не дека за толку кратко и брзо ќе не напуштиш…
Почивај во мир убавино.
Европска новинска интернет страница која се занимава со Евровизија ја пренесе веста за смртта на македонскиот пејач Влатко Илиевски, кој во 2011. година ја претстави Македонија на тоа натпреварување со песната „Русинка“.
Во 2000 година, членовите на македонскиот рок бенд Морал го побарале Влатко да се приклучи на нивниот бенд со кој во 2001 година почнале со снимање на албумот кој го завршиле 2003 година (“Кога патувам”). Албумот остана познат по песните “Панично те сакам”, “Скопје”, “Ти си”, “Ова е Македонија” и “А ти ме убиваш”. Во 2005 година, Морал предгрупа на “Deep Purple” на нивниот концерт во Скопје.
Својата соло кариера ја започнал во 2007 година. Ќе бидат забележани песните “Небо” (изведена на Охрид фест 2008), “Уште си ми ти”, “Со дуги зборови” (од македонскиот избор за Песна на Евровизија “Скопје 2008” во Метрополис Арена) , “Не можам да бидам” (изведена на Макфест 2008 со Дани), “Така требало да биде”, “Се што сакав после тебе”, “Сите ми се криви”, “Гушни ме” (со Тамара изведена на Макфест 2009), “Скитник”, “Најјбогат на свет” (Скопски фестивал 2009 година и добитник на наградата “Радиски фестивал”, март 2009), “Роза сине”, “Исцеление”, “Пак на старо” (Макфест 2009), “За љубов се пее до крај” (со Ристо Самарџиев, наградата на Охрид Фест 2009), “Работнички шампионе”, “Среќа” (Скопски фестивал 2010, втора награда) и “Есен”.
Неговиот прв соло концерт е одржан на 5 јуни 2010 година, во салата “Борис Трајковски” која беше исполнета до последно место со околу 10.000 публика. Како гостин на концертот се јавува Тамара и нивниот стар стар бенд. Како гости се појавија и локалните групи Швалири и ДЗХМС.
Илиевски има снимено филмска серија која ќе се емитува во септември.