Синоќа заврши шестиот по ред Битола Шекспир Фестивал. Имавме ретка можност да погледнеме претстави на дел од најзначајните режисери во регионов, како Златко Паковиќ, Александар Поповски, Кокан Младеновиќ, Диана Добрева, Диего де Бреа, Дино Мустафиќ… Беше вистинско уживање!
Само ме чуди фактот што нашите режисери, актери, и останати театарски дејци беа реткост во гледалиштето на Народен Театар Битола. Цела Македонија можеш со кола да ја завртиш за три часа, ама очигледно Битола беше предалеку за нашите театарџии.
Драги колеги, после ова се’ повеќе сфаќам зошто театарот во Македонија тапка во место, ги сфаќам и наградите на нашите фестивали, и ретките критики, и затапеноста… би можела вака да набројувам до утре.
Убедена сум дека само со отворен ум можеме да одиме напред, и дека има луѓе кои се попаметни ДУРИ И ОД НАС, па можат по нешто и да не’ научат, ама АКО ВИ Е ДОБРО, ТОГАШ НИШТО!
Викторија Степановска