TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

Но, да се вратиме на песната. Барем по тоа е позната македонската култура нашироко. Песната првично посветена на Бога. Нему.

Имаме, фала му на Бога, и еден неолитски музички инструмент, најден во Велешко, на кој свири професорот Драган Даутовски, се вика окарина, но потоа ја нарекоа музичка неолитска флејта. Датиран е 7000 години пред нашата ера. Обол инструмент со големина на орев со три дупчиња, направен од глина, внатре обложен со влакна од коњска опашка. Датацијата е неколку илјади Божји години пред Христа во неолитот. На него професорот Даутовски ги свири неправилните македонски ора, како и македонските песни. Замислете си на инструмент стар неколку илјади години се свират неправилните македонски ора. Тие се тешки за свирење и на современи инструменти, посебно за странците не за Македонци, а камо ли на неолитска флејта или окарина. Со тоа дејство, така се поврзува македонската музика. Се повлекува културна линија од стариот и новиот театар. Се работи за континуитет на славење и чествување. Дионисово. Празнување. Со музиката. Мислам дека се работи за средба на историската македонска религиска драма преку песната од дамнина до она што е театарски сега и овде. Кога од музичкиот неолитски инструмент се свират сегашни песни. Се доаѓа до точката на театарот наречена СЕГА и ОВДЕ. Дека историјата во пишан збор, историската драма застанува и од тука почнува славењето, обредот, посветеноста и религискиот, или Божјиот, светиот, посветениот театар. На почетокот имаме свирење, потоа редење зборови, секако пред тоа хор, песна, оро и еден излегува од орото и кажува стихови во драмска поезија. Некои нешта остануваат да траат како и театарот, така и песните посветени на Бога. Котата на музиката е важен дел на театарот и сцената. Таа е премин од пеан збор кон збор во стихови изговорен од првиот актер кој веројатно го играл Дионис. Музиката и Музите. Голема приказна достојна за сцената.

“Народната музика е првичната музика…праисторијата на музиката е збркана со историјата на музиката… имам хипотеза дека македонските песни се како возможен коректив меѓу двете идејни бази оформени во античноста…”31 Авторот, исто така се обидува да повлече културна линија на современата со старата музика, античка музика, со македонската музика. Како древен адет, како се празнува и слави. Да не го заборавиме пеанот или како што е заведен ПЕАН :

“Свечена молбена или пофална песна во чест на некој Бог… епитет на Аполон, Асклепиј, Дионис…”32

А, суштински четворосложна метричка античка стапка на која се менува нагласувањето. Нели како основното македонско оро со три чекори напред и еден назад или како во современите македонски песни. И нели метричките стапки од ората, стануваат драмска поезија кога актерот излегува од хорот и орото и зборува поезија во стихови. Но, да го спомнеме и Аполон како славен Бог од нашите антички предци.

“…неговата врска е со Артемида, Дионис, со музите, хорите, харитите и нимфите… обележен е како водач на хорот на музите… на Дионис му се пеени дитирамби, на Аполон пеани… тој е Бог на музиката и уметноста…” 33

Го спомнуваме Аполон, брат близнак на Артемида како Бог на духовната светлина и гадателството. Едно од кадењата за Аполон покрај маната, како култно растение е и со гравот. И денес во Македонија имаме надерени луѓе кои гатаат на грав, а гравот е национално јадење кај нашиот народ. На Аполон, инаку славен ид, нашите антички предци му се пеени ПЕАНИ. И денес, за некој кој е учен велиме дека е “пеан”. Како споредба дека духовната култура на тлото на Македонија е присутна кај нас и во нас.

Ги давам овие примери, за да се види дека културата се прелевала низ цивилизациите на македонското тло, а голем дел од неа, дури од неолотско време е присутен како обред, адет, верување, како театарски дејство, како суеверие, религија и денес. А, тоа е всушност и природата на театарот. Играјќи на сцената се допира тровремието: сегашност, минато и иднина. Играме текстови напишани во минатото, кои се толкуваат во сегашноста и со тоа ја предвидуваат иднината. И имаме придвижување од хор и оро и песна кон зборување драмска поезија во стиховите, кои всушност се метричките стапки на ората, а денес на драмите во стихови и поезијата. Еден процес на родение на театарот.