Заврши ДАФ: Гран при за “Меѓу нас е тивко” на Интимен театар

Претставата „Меѓу нас е тивко“ на Интимен театар од Битола ја доби наградата Гран при „Васил Ќортошев“ за најдобра претстава на Драмскиот аматерски фестивал Кочани. Автори и режисери на претставата се Ана Жежовска, Валентин Дамчевски и Симеона Павловска.

Наградата за најдобра главна машка улога отиде кај Кристијан Јорданов кој глуми во „Адвокатот Патлен“, а за најдобра женска кај Тина Танчева од претставата „Велика“. Гостите од Прокупље, од Аматерското позориште „Хранислав Драгутиновиќ“, за претставата „Ана је чекала“ добија признание за уметничка иновација и истражување во аматерскиот драмски израз.

„Од трње до ѕвезди“ на Летечката театарска трупа од Тетово, пак, е најдобрата претстава за деца. Автор на текстот и режисер е Владимир Јовановски.

Во негови раце отиде и наградата за најдобра режија за претставата „Дом за старци“ на истата театарска трупа од Тетово.

На шесте фестивалки дена публиката во Кочани имаше можност да проследи вкупно 16 драмски изведби во официјална конкуренција, а „Чао пријатно“, беше одиграна ревијално последната вечер.

Младите битолчани”Чорбаџи Теодос” ја преработија во “Господин Теодос Мемето”

 

После долго време, мотивирани од желбата за промена на нашето утре, учениците на ОСМУ Д-р Јован Калаузи поддржани од професорот по Македонски јазик и литература Никола Трајковски, спремија театарска претстава која беше изведена во Народен Театар Битола. Драмата каде се обработуваа општествени теми и проблеми релевантни на денешницата. Во режија на ученичката Јована Ѓерасимоска претставата собра 110 млади луѓе во театарската сала кои беа позитовно изненадени и воодушевени.

Улогите беа донесеми од учениците Симона Коруновска, Александра Трајковска, Аница Атанасовска, Тина Стојаноска, Марио Вељановски, Љупка Цветкова, Магдалена Мајсторовска, Викторија Дејаноска, Благица Стојкоска, Ангела Петрова и Ангела Лозановска.

По успешната премиера учениците планираат да продолжат со успешмата работа во драмскиот клуб како и развојот на вештини потребни во светот.