МОНКЛ

 

професор Христо Петрески

ЗА РАСКАЖУВАЊЕТО, ПАТУВАЊЕТО И СОНУВАЊЕТО

Мал есеј за животот, книжевноста, театарот, филмот…

2.

Уште кога немавме радио, татко ми секоја вечер ме заспиваше раскажувајќи ми приказни.

А, потоа тоа го правеа Никола Автовски и Борис Мајсторов.

Најсладок беше сонот по раскажаните приказни, зашто продолжував да патувам по измислените и замислените предели, заедно со надреалните и џиновските јунаци, и така бегајќи од нив или трчајќи по нив прескокнував планини, препливував мориња и океани, за кога ќе се разбудев испотен од страшните соништа – да не можам да поверувам дека безгранично скитав и талкав, па дури и летав цела ноќ, а сé уште се наоѓам испотен во мојот тесен кревет…