12 претстави според драмите на Вилијам Шекспир, на десет јазици, и во изведба на околу 300 актери, домашни и странски, го сочинуваат, шесто по ред, издание, на театарскиот фестивал Битола Шекспир фестивал, кое почна синоќа 23 јуни и ќе трае до 30 јуни.
Со изрека од Шекспир градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, го отвори фестивалот во Народниот театар во Битола, а битолскиот глумец Огнен Дранковски, кој работи и твори и во Глоуб Лондон го најави отворањето, признавајќи дека има блага трема од возбуда.
Фестивалот почна со изведбата на “Јулие Цезар- Рес Публика или Коза Ностра” на домаќините, битолскиот народен театар, со Соња Михајлова, Иван Јерчиќ и Петар Горко во главните улоги. Вечниот Шекспир пренесен на сцена низ една актуелна призма, одново го постави прашањето кој владее со општеството, и дали имаме республика или коза ностра? По бурните аплаузи, домаќините и гостите актери од Хрватска, Романија, Казахстан и други земји, славеа во Белата куќа, со одличниот рок бенд “Ние, другарите”. Во следните денови, како што ни откри актерот Борис Чоревски, по секоја претстава во холот на театарот ќе следува забава со некој бенд. “Кралот Ричард Трети”, “Шекспир сонет 66″, ” ЈасХамлет”, “Отело-незаконска литургија”, “Сонот на Вилијам”, “Ромео и Јулија не трагедија”, “Магбет”, “Жените на Шекспир”, концерт “Шекспир акапела”, “Кралот Лир” и “Зимска бајка”, е програмата на фестивалот. Театарска Битола цела седмица ќе пулсира во ритамот на вечните дела и мисли на најславниот драмски пишивач, Шекспир. Фото: Стефан Ѓоргиевски
Валентина Ѓ. Парго