“ Шиле “ монографија за Васил Шишков 

 

ПОВЕЛЕТЕ ВЉУБЕНИЦИ ВО УБАВИОТ ЗБОР!!!

 

Да се дружиме во негова чест, бидејќи токму денес требаше да го прослави својот 48 роденден!.

 

“ Шиле “ монографија за Васил Шишков 
автор Борче Грозданов 

ОД АВТОРОТ

Клучалка отворена за сите

Да се распостели еден живот, човечки, човечно, непосредно, со сите недостатоци и доблести, а притоа да не се задржи дозата на воајеризам, да се исклучи сеирџизмот, неискрените намери, па дури и цинизмот, особено ако се работи за еден турбулентен бит, каков што е тој на Васил Шишков, не само што е невозможно, туку е и непожелно.
Ова е, пред се, така бидејќи, самиот тој си ја распостилаше душата, пред се и над се , знаејќи дека задгрбното озборување не му бега, “ копањето ”, по неговите рани, исто така, само и само за да се задоволи eгото, помало од зрно прашина, на не мал број негови “душегрижници“!
За жал, тоа, беше негово секојдневие, па така, авторот на ова писание – животопис, не ја исклучува можноста дека и тој, но и сите вие, кои ќе допрете до ова четиво, нема да го осквернавите со некоја си своја “ квази тема за дилема ”… / ПРОДОЛЖУВА /