Конечно, по подолго време, видов класични костими, во една модерна – класнична драма. Костими кои ни прикажаа преку елеганција, со примеси на многу убава, строга, конкретна линија, што е со семејството кое живее во својот беден “раскош“.
Мајката, дама во стара гардероба, и своите две чеда ги вклопила во праволиниското живеење. Така налага опшеството во рамките на грижата за семејството…
Ме водеше цело време чувство дека актерите беа слеани во костимите, а сето тоа придонесе уште повеќе да ни биде раскажана претставата низ костими. Особено “стаклената“ Лаура која и во двата костими ги имаше сите оние чувства, на силна/кревка девојка, а карактерот низ целата претстава ја правеаеше кревка, страмежлива, за сепак, на крај достоинствено како и што се очекуваше од најавата на нејзиниот фустан. Линија на Стаклената девојка, борец.
Машките костими си ја имаа својата улога низ приказнта, од абициозен авантурист, до амбициозен и надежен политичар. Ниту за миг, дел од нивните костими не “мрднаа“ од нивните тела.
Затоа, многу се израдував од тоа што го почувствував, а моето гледачко око не остана рамнодушно од донесената креативност на сцената. Си земав за право да напишам неколу реда. За костимите на Ванчо Василев…. кој се повеќе ја покажува и докажува, умешноста во делот на костимографијата во Теаарот. Уште еднаш ми се потврди дека актерот / костимограф си ја завршил работата проесионално, и дека длабоко аналитички влегол во текстот.
Му благодарам!
Гледачот