И БИ ФЕСТИВАЛ! НАШ, ТЕАТАРСКИ И МАКЕДОНСКИ, ВО ЧЕСТ НА ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ!
ПОЗДРАВ, ПА И ВГОДИНА СО ЗДРАВЈЕ!
Нормално е на почетокот, а не на крајот да го посакам и поздравам, собиранието на се она што е најдобро во Република Македонија на Театарски план…Најпрвин, за квалитетот на виденото-мојот а и општиот впечаток е дека “можело и подобро!“Ако на ова следствено е дека “Секогаш може и подобро!“…тогаш ајде, сите заедно да го дофатиме подоброто!
А тоа ќе го направиме само и само ако бидеме внатрешно реални и доблесни да си ги признаеме грешките! Да ѕирнеме одвнатре, во своите во случајов театарски домови-сцени и реално да се запрашаме: – Што нудиме?! Дали ако понудиме голотија и беспредметна деструкција без поента, а се во име на “светските текови“ сме поголеми во очите на гледачот?! Апсолутно не!
Или ако ги сведеме актерите на рецитаторска секција, Шекспир би бил поголем и посовремен! И повторно едно Големо Не! Дали преку приказот на сликата на војната која не така одамна ни се случуваше колку и тоа да е добро, ќе бидеме посовремени?! НЕ!
Дали ако не го почитуваме првото (или мноооогу реткото) шекспировско писание од македонски автор и ако го исплукаме, ќе покажеме дека сме “посветски“?! ПАК И ПАК НЕ!
Дали ако ме гледте во очи и ми кажете дека, не јас, ами постоењето на моето дело (неаналитично) не постои, односно, е речиси “ништовно“, тоа е навистина така? НЕ!
Секако дека трудот на Сонувачите не треба дасе обезвредни и секако, треба да се одбележи и да остане макар и во пајажината на нашата меморија – “ од денес до утре“ врзана, без ни пред ни потоа, и кога да помислиме дека од само СЕГА СЕ ЖИВЕЕ, д а не потсетува, тоа што ќе остане, за да не го поништуваме театарскиот опстој!
Театарот, за среќа, ќе постои се додека постои макар и последниот гледач на планетава Земја! А нив, гледачите ги имаше и “отпојќе“, на МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ што би рекле домајќините, од Градот под Маркукуле и мајтапот!
Фактот дека со својата п(р)ојава тие ве верифицираат, е причина повеќе, мои драги Тесписи, да “туркате за напреј!“
Секако, дека вкупниот мозаик има и во себе сигурно содржи и светли моменти, но барем за мене, преовладува мнението оти лошото (грдото) го надвладеало доброто(убавото,но за сѐ и секогаш има наук за подобро, “за напреј“, затоа свртетет се кон себе, преиспитајте се драги мои пријатели од фелата, ин пред да помислите дека тој што одбира е виновен, помислете дека вие сте тие што го нудите она што го одбира задолжениот за репертоарот ни Фестивалски!
Борче Грозданов