Претставата „Вдовицата се мажи“, Театарот од Велес

Се врати со две награди на фестивал во Русија

Со претставата „Вдовицата се мажи“, Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ од Велес  ги доби наградите за најдобра странска претстава и најдобар актерски ансамбл на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ – Лобња во Москва, Русија

Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова како Попова, Васил Зафирчев како Смирнов и Младен Крстевски како Лука. Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова.

„Вдовицата се мажи“ е претстава работена според едночинката „Мечка“ на А.П.Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски.Таа е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава пред се за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе.