TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

Но, да се обидеме да направиме размисла, анализа околу нашата тема за врската на театарот и религијата. Во запишаниот текст (небаре драмски монолог) на почетокот ја каниме Божицата на нашите празненества, слично како што почнува епот “Илијада” на Хомер со обраќање кон Бога. Значи имаме засведочени празненства,слави, игри во нејзина чест или обреден, ритуален театар. Записот е на златни плочки оставени во гробовите. Имаме култ кон мртвите, однос со минатото и порака за иднината со молби до Божицата. Имаме приказна, запишана приказна што прави, што правела, Божицата Тиха, како поука и историја и што бараме ние од неа. Запишано е и свештенодејствие кадење со ливан и аромати. Основни елементи за обреден театар. И ако молитвата ја споредиме со некој христијанска молитва ќе видиме дека концепцијата, намерата , стилот е сличен. Обраќање кон Бога, дарување со дар, хор, свештенодејствија, поучни слова за Бога како драмска приказна и слично. И игри, слави во нејзина чест како Дионисови игри. Се разбира, ако театарот не го разбираме со едноставната дефиниција за гледањето и место од кое се гледа. Мислам дека суштината на театарот е вклучувањето на гледачите во неа, во него, во самиот духовен процес со емпатија и учество во процесот на играта, чинот на театарот, било со дејство во храмовите (крстење, молење, дарување и сл.), било со емпатија во современиот градски театар. Односно доживување на чувствата кои ги раскажува и игра приказната и дејството од сцената како свои. И тоа е патеката меѓу елитноста и масовноста. Процес кој се повторува и веројатно на театарот му ја дава долговечноста и виталноста. Му ја дава неговата општетствена нужност.