20.06.2018 во 19 часот во Н.У. Театар за деца и младинци. Според делата на Вилијам Шекспир
Преводи и препеви од Богомил Ѓузел , Драги Михајловски и Георги Сталев
Адаптација на драмите , Кореографија и Режија : Кренаре Невзати -КЕРИ

Играат :
Вилијам, дете – Бојан Кирковски
Мери, мајката на Вилијам – Катарина Илиевска -Силјановска
Пук, шут кај Оберон – Симона Спировска
Коле/Пирам, другар на Вилијам и братот на Столе– Мики Анчевски
Санде/Тизба, другар на Вилијам – Мартин Јорданоски
Томе/Ѕид/Месечина, другар на Вилијам – Марија Ѓорѓијовска
Столе/Лав, другар на Вилијам и братот на Коле – Бојан Лазаров
Оберон, крал на самовилите – Бојан Лазаров
Титанија, кралица на самовилите – Наташа Петровиќ
Три Вештерки – Изабела Новотни, Ана Левајковиќ-Бошков, Емра Куртишoва

Ромео, син на Монтеки – Бојан Кирковски
Јулија, ќерка на Капулети – Наташа Петровиќ
Дворјани и војска / Капулети – Бојан Лазаров, Винета Дамческа Мојаноска
Дворјани и војска / Монтеки – Мартин Јорданоски, Марија Ѓорѓијовска
Коментатор – Мики Анчевски
Хамлет, принц на Данска, син на поранешниот и внук на сегашниот крал – Бојан Лазаров

Офелија, ќерка на Полониј – Наташа Петровиќ
Духот на кралот на Данска, татко на Хамлет – Винета Дамческа -Мојаноска
Актер / Гертруда, кралица на Данска – Катарина Илиевска –Силјановска
Актер / Крал – Винета Дамческа -Мојаноска
Актер / Клавдиј, кралот на Данска – Мартин Јорданоски
Малиот Дух – Марија Ѓорѓијовска
Изработка на костими : Љубица Велкова, Раде Василев; Изработка на кукли и реквизити : Кирил Василев и Барбара Цвејиќ – Рив; Инспициент: Ѓуро Дракуловски;Тон мајстор: Ангел Hасковскич. Cветло мајстор: Оливер Ставрева; Шминка : Игор Петрески; Декоратери : Бујамин Селими , Јовица Видески и Мирсат Камбери
„Сонот на Вилијам“,
е драмски производ во потрага по старо-
новото фантастично пријателство на Шекспир со сите
генерации и во секое време-невреме.
Со оглед на фактот дека Шекспировото книжевно дело е
безвремено и универзално, разбирливо и блиско до сите луѓе
ширум светот, нема дилема дека и децата би знаеле да ги
препознаат и да ги почувствуваат најсуптилните емоции и
целата магија што ја нудат неговите ликови.
Потребата од комуникација меѓу Шекспир и децата е
неминовност. Соочувањето со него, доаѓа порано или
подоцна, но секако е неизбежно. Децата, несвесно,
секојдневно се среќаваат со неговите современи живи
„човечки реплики“ и животни ситуации, а нивната
универзалност само ја потврдува надвременската мисла на
Шекспир: „ Да се биде или не, прашање е сега“; „Царство за
коњ давам“; „ Красното е гнасно, а гнасното красно.“; Згасни,
згасни кандилце“; „В манастир, в манастир бегај“; „О Ромео,
о Ромео! Но зошто ти Ромео си?“; „Совеста нѐ прави сите
кукавици“; „Бидете силни во делата, како што сте силни во
мислите“…
Друг мотив за прилагодување на неговата единствена
книжевна оставина на перцепцијата на децата, е фактот што
последно такво претставување на Шекспир во Македонија е
направено пред повеќе од 30 години.
Водечката идеја, spiritus movens за претстава „Сонот на
Вилијам“: децата да „пораснат“ преку претставата, а
возрасните, макар за миг, да се вратат во детството.
Комичните и трагичните моменти се менуваат токму како и
во животот, како и во борбата меѓу доброто и злото. А, секоја
од сцените во претставата „Сонот на Вилијам“ е компонирана
како филмски кадар и следуваат една по друга како филмски
секвенци, како минијатури, токму како во сон.