КАМКА Тоциновски актерка

 

Во прво лице

НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ СЕ НАЈУБАВИТЕ

1. ЗА СЕБЕ: Другите секогаш знаат повеќе за мене .

2 . ЗА ЉУБОВТА: Кучешката ми е поблиска .

3. ЗА ЖИВОТОТ: Никој не рекол дека е лесен .

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Живот е.

5. ЗА ДОБРОТО: Не победува секогаш .

6. ЗА ЗЛОТО : Човечко е .

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ : Сакај го непријателот свој да те видам…

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? : Еднаш еден човек ми кажа : во животот пријателите ќе ги изброиш на една рака , ако се повеке несто со тебе не е во ред .

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Тугја ми е.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Штом ти се налепи тешко да ја истресеш.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ : Моите колеги се поинакви .

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Тие се најубавите .

12 . ЗА ИДЕЈАТА : “ Идеите се незни кога се рагаат, а груби кога стареат “

13. ЗА СОНОТ : Сонот е слободен.

14. ЗА ЈАВЕТО : Често би сакала да е сон.

15. ЗА ВИНОТО: Од пијаниот и будалата бега .

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО : Еден за сите, сите за еден .

17. ЗА КРАЈ : Само како нов почеток.

АМАДЕУС од Питер Шафер во режија на Иван Лео Лемо – Театар Штип низ слики

 

4 МАЈ

Амадеус – Премиера 4ти Мај Петок 20ч Театар Штип Премиера на претставата АМАДЕУС од Питер Шафер во режија на Иван Лео Лемо.

Играат:
Амадеус – Ефтим Трајчов Ѓаурски
Салиери – Владимир Тулиев
Констанца – Душица Тренева
Вентичели – Пеце Ристевски/Мирко Голомеов
Јосип II – Кристина Атанасова Арсова
Барон Ван Свитен – Миле Вратеовски
Коморник Фон Штрак – Раде Рогожаров
Гроф Розенберг – Милорад Ангелов

„Бабец театар“

 

Претстави од Израел и Австрија ги освоија срцата на најмладите битолчани
– Вечер 07.08.2015
Вториот фестивалски ден од ИДТФ „Битолино” вчера започна со прекрасна комична претстава на театарската компанија „Рути Тамир” од Модин, Израел. „Четири басни и Кралицата” е претстава во која четири приказни се заробени во една бајка, една виртуозна комична креација за осум животни и една кралица. Претстава која создаде еден магичен свет во кој на еден пластичен и лесен начин со многу специфични движења една актерка ни претстави четири приказни кои никого не остави рамнодушен. Рути Тамир дипломирала класичен и модерен балет во Израел, а своето образование го продолжила на универзитетите во Флорида и Охајо на секторите за актерска игра и пантомима, но исто така има работено во многу држави низ светот и е добитник на наградата за најдобра актерка во Израел за 2013
година.Фестивалскиот ден заврши со претставата „Гласно и тивко” на театарската компанија „Син пламен” од Грац, Австрија. Театар кој во фокусот на своите претстави го има поставено човекот, неговите проблеми, прашања, страсти и нескротливата глад за животот. Секогаш критички настроени кон општеството експириментираат и откриваат нови слоеви на функционирање на човечкото битие. „Гласно и тивко” е претстава посветена на едно патување и авантура на два сосема спротиставени ликови и карактери, низ игрите и лудориите на двата актери и одличната идеја за создавање на сценографија во форма на триаголник која беспрекорно функционира од самиот почеток до крајот. Најмладата публика имаше можност да биде дел од еден нов свет во кој уште еднаш се заклучува дека токму различностите меѓу нас го прават светот поинтересен и исполнет со многу бои.Денеска на последниот ден од фестивалот Битолино ќе бидат изведени претставите „Овоштарникот со праски” на Новата сцена при Н.У. Центар за култура Битола во 18:30 часот која е во продукција на театар Masque од Витлеем, САД а во изведба и режија на Lary Hunt, како и претставата „Кралицата Конг” во 20 часот во големата сала при Н.У. Центар за култура Битола а во продукција на La Bazooka театарот од Le Havre, Франција, а воедно ќе биде доделена и наградата ГРАН ПРИ за „Најдобра претстава во целина” од стручното жири на фестивалот.

„Ничија земја“ на МНT го отвора МТФ „Војдан Чернодрински“

Од 8 до 15 јуни во Прилеп ќе се одржи 53-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а во конкуренцијата за награди се 12 претстави на македонските професионални театри, соопшти денеска претседателот на Советот на фестивалот и селектор Катарина Коцевска.Фестивалот на 8 јуни ќе го отвори претставата „Ничија Земја“ од Денис Тановиќ во режија на Александар Морфов, а во продукција на Македонскиот народен театар.

Коцевска која за четири месеци откако е на функцијата гледала 30-тина претстави на македонските театри, нагласи дека селекцијата е на 12 претстави кои ќе бидат во трката за награди и за највисокото Фестивалско признание – најдобра претстава во целина. Годинашни добитници на наградата за животно дело се: актерот Петре Арсовски и композиторот Љупчо Константинов. Наградите ќе ги добијат, традиционално, на отворањето на Фестивалот.

Според Коцевска, ќе се утврдува и придружната програма, како и претставата за затворањето на фестивалот на 15 јуни во чест на наградените.

– Фестивалот, најреномираната манифестација за театарската уметност кај нас, е одраз на програмата што ја имаат македонските театри меѓу двата фестивала и очекуваме да понуди богата програма, а фестивалската публика е високо едуцирана веќе 53 години, рече Коцевска.

Покрај претставата „Ничија земја“ на МНТ од Скопје, во официјалната конкуренција се „Клетници“ на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, „Жените“ во продукција на Албански театар, „Бог на масакрот“ на Народниот театар од Штип, „Крал лир“ на Турски театар, „Ужегнатост“ во изведба на Независната театарска група „Артопиа“.

Театар комедија ќе ја изведе претставата „Дони Дарк“, а Народниот театар од Струмица во официјалната фестивалска програма е со претставата „Царот Владислав“. Ќе бидат изведени и „Лет над кукавичјото гнездо“ на Драмски театар од Скопје, „Еднаш свет изградив“ на Театарот за деца и младинци од Скопје, „Тоалет за дами“ во продукција на Народниот тетар од Велес и „Доктор Фауст“ на Народниот театар од Битола.

Театар – Живот – професија

 

Да се живее мигот овде и сега, на сцена, со посветеност, интензитет, емотивна и енергетскска ангажираност, без да се штедиш, како во најбитните моменти во животот, непрестано да се трага по решенија кои се доволно добри за да ја заслужат сцената и да не ја потценат публиката, секојдневно да се обидуваш да ги рушиш поставените лимити, за да отидеш потаму, е работата која знае да те стави во најголемата бездна но и да ти приушти да чекорош по облаци и мориња, да леташ, да лебдиш, да паѓаш, да умираш и повторно да се раѓаш.
На сите оние кои го одбрале овој живот- професија, им го честитамсветскиот ден на театарот!!!

Роберт Ристов актер

“ЧОВЕКОТ И ОГНОТ” во режија на Дејан Пројковски – фестивалот “ТАБРИЗИМ” во Иран

 

“ЧОВЕКОТ И ОГНОТ” во режија на Дејан Пројковски со огромни овации на фестивалот “ТАБРИЗИМ” во Иран

На 5то издание на меѓународниот фестивал ТАБРИЗИМ кој што се одржува во градот Табриз, Иран театарот ФАБРИКА на 29.04.2018 ја одигра премиерната изведба на ЧОВЕКОТ И ОГНОТ во режија на Дејан Пројковски.
На последниот ден од програмата во полниот амфитеатар се одигра претставата која е базирана врз античките митови кои во себе го содржат пркосот на човекот кон боговите.
Претставата помина одлично, со овации од публиката која повеќе пати ги враќаше актерите на сцената за да поздрави. На крај голем дел од публиката остана да ја поздрави екипата на Театар Фабрика, да им честита за одличната претстава и да се фотографира со актерите и режисерот. Освен публиката на фестивалот, одлични реакции пристигнаа и од театарската јавност, учесниците од другите земји како и од екипата на фестивалот. Фестивалот се одржаа од 25 до 30 април на кој што учествуваа уметници од повеќе земји: Италија, Ирак, Азербејџан, Казахстан, Турција, Грузија, Австрија, Германија и Македонија.

“ЧОВЕКОТ И ОГНОТ” е претстава која зборува за вечната борба меѓу доброто и злото, за конфликтот меѓу човекот и боговите и за страданијата што човекот треба да ги издржи по патот кој што води до вистината. Мотивот на претставата е базиран врз античките митови кои во себе го содржат пркосот на човекот кон боговите. Претставата е создавана низ еден истражувачки процес каде што врз принципите на античката драма и трагедија е изграден сопствен сценски јазик на постмодерна античка драма. Главен елемент на претставата е жестокота на актерската игра и тестирањето на границите на човечката издржливост на сцена.

Креативниот тим во овој проект го сочинуваат : Валентин Светозарев-сценограф, Марија Папучевска-костимограф, Горан Трајкоски-композитор, Олга Панго-кореограф и Андреј Цветановски како асистент на режија. Во претставата играат : Томе Станковски, Марија Петреска, Андреј Лалчевски, Марија Кондовска и Марија Баркова.

ТЕАТАР ФАБРИКА е независен театар кој овозможува преиспитување и создавање на вистински театарски вредности, експериментален пристап и постојана надградба на професионалните капацитети на театарски уметници вклучени во креативните процеси. Театар Фабрика е создаден како место за лабораториски процеси и надминување на конвенционалните принципи на работа.

„Бабец театар“

Место повеќе за театарските претстави на театрите од Хрватска и Шведска
– Макфакс – 06.08.2015
Во средата, во Центарот за култура во Битола официјално беше отворен ИДТФ Битолино 2015 кој оваа година слави јубилеј од пет години од своето постоење. Првиот фестивалски ден започна со претстава која е во официјална конкуренција на долгогодишните пријатели на ИДТФ Битолино а воедно и минатогодишните победници на фестивалот „Мала Сцена“ од Загреб, Хрватска. Претставата е со наслов „Не, не ти! Или за разликите“ во режија на Нора Крстуловиќ. Како и секоја година така и оваа Мала Сцена дојде со претстава која носи многу голема порака и е посветена на проблемите со кои одредени деца се среќаваат. Битолската публика досега во нивна продукција имаше можност да гледа претстави посветени на малолетничката деликвенција, претстава за децата со посебни потреби а минатата година на сцената во Битола за прв пат настапија со претстава во која главната улога ја толкуваше слепа актерка. Оваа година се занимаваат со проблемот на децата со епилепсија, односно за разликите помеѓу децата, игрите, луѓето, зошто некои деца смеат и можат се, а некои не, всушност ова не е приказна со почеток и крај, ова е една игра, театарска игра во која се прашуваме: Зошто ти неможеш? Но не го прифаќаме одговорот: Ете така НЕ! А бараме објаснување за него. Претставата беше наменета за деца поголеми од 7 години,Честа да го отворат свечено петтото издание на ИДТФ Битолино им припадна на децата од театарската школа „Бабец“ со краткиот перформанс создаден по идеа и текст на Јулијана Мирчевска со наслов „Тажната Нула“. Оваа приказна беше пренесена низ играта на 15 деца кои низ комични и лирични моменти покажаа дека иако малечки се свесни за светот во кој живееме и дека почитта едни меѓу други не прави само посилни а со тоа и помоќни да создаваме подобар свет. За крај на првиот фестивалски ден се одигра претставата „Звучи – Зун Зун!“ во продукција на театарот од Лунд, Шведска SAGOHUSET што во превод значи „Дом на бајките“. Театарот е формиран во 1987 година и тематски е посветен на Конвенцијата на Обединетите Нации за правото на секое дете да биде вклучено во културни настани, со други зборови претставите на овој театар се гласот на безгласните на оние кои во реалниот живот не се главни јунаци, на обесправените, на оние кои никогаш не добиле вистинска шанса. Овој театар секоја година има повеќе од 400 изведби на свои претстави во јужниот дел на Шведска и насекаде низ светот. Претставата „Звучи – Зун Зун!“ заедно со децата ја истражува музиката, животот, движењата, емоциите, тишината и мирот. Еден актер, музичарка и танчерка не водат низ нивниот свет наречен Зун Зун и се инспирација за родителите и стручните лица за тоа како треба да се работи со мали деца.Денеска на програмата на Битолино во 18:30 часот на Новата сцена при Н.У. Центар за култура Битола ќе биде изведена претставата „Четири басни и Кралицата“ која е во режија на Рути Тамир а во продукција на Ruti Tamir Mime and Theater Company од Модин, Израел, а додека пак во 20 часот во големата сала при Н.У. Центар за култура Битола ќе се изведи претставата „Гласно и тивко“ во режија на Моника Зухрер и Клаус Сивалд а во продукција на Theater Feuerblau од Грац, Австрија. Влезот за сите претстави е слободен.

Ѓокица Лукаревски / 1951 /

Ѓокица Лукаревски (Скопје29 април 1951) — македонски актер, познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации

Националност  Македонец 

Познатпо улогата во:  Фросина Мирно лето Црно семе

Занимање Актер

  • Биографија

Лукаревски е роден 1951 година во Скопје. Една година по зваршувањето на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, во 1977 година се вработил во Драмски театар – Скопје. Со својата длабока доживувана актерска интерпретација Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави каде толкува главни и споредни улоги.

  • „ПАРТИЈА РЕМИ“ – ВО ЧЕСТ НА АКТЕРОТ ЃОКИЦА ЛУКАРЕВСКИ  – 2018

Награди

  • Главната актерска награда на Интернационалниот театарски фестивал на детски претстрави во Котор – Црна Гора.
  • Прв добитник е на Наградата за најдобра епизодна улога „Димче Трајковски“ што се доделува на традиционалната смотра на професионалните театри во Прилеп.

Филмографија