ЗА МОНО-ФЕСТ, ПОСТ ФЕСТУМ

 

ВО ЧЕСТ НА АКТЕРОТ, ДВЕ ДЕЦЕНИИ, АИРЛИЈА!

Да се биде сведок, а уште повеќе, да се има привилегија да се пишува за еден фестивал, во кој апсолутна творечка моќ ја има токму АКТЕРОТ, главниот експонент и темел на Театарот, е голема чест и привилегија. Уште повеќе што токму фестивалот на Актерот, или поточно на монодрамата, годинава насловен како МОНО-ФЕСТ,или веќе две децении во градот на конзулите меѓународно познат како фестивал на монодрамата, нуди остварувања соголени од колективноста и можноста актерот да се “извлече на грбот“ на својот колега, односно, каде целосната актерска енергија е подарена од индивидиална актерска персона, што пак нуди извонредна можност за театарските сладокусци, да се обидат суштински да проникнат во театарската Магија…

Ако овој вовед од две реченици ви се чини предолг, тогаш само обидете се да замислите колку се дваесет години на макотрпно создавање на Фестивал, кој низ годините, понекогаш,значел и “од по трње“, тогаш во таа замисла/размисла и овие три реченици се прекуси…

За да ви стане појасно, многу кусо, односно накратко, ќе се обидам да ве пренесам, не низ вода, ами низ неодамна завршениот фестивал, на кој видовме осум остварувања, секако достојни за верификација, со помалку, или, за среќа повеќе, збран квалитет за сметка на квалитетот…

Откако прилепчани, од НУЦК “Марко Цепенко“, претставата “Фигурае венерис“ ја играа за монодрамските мајстори-колеги, на натпреварувачкиот старт видовме една насјсмешна, но, и најтажна прикказна од актерот од БиХ, Среќко Марчета кој ни раскажа дека и во воено-емотивниот метеж, Љубовта го чека, и го начекува чувствениот бескрај; па “Контрабас“на Азербејџанецот кој играше на руски, Шовги Гусеинов, кој ни покажа врвно мајдторство, играјќи ја осаменоста, музичката имагинација, на само навидум маргиналецот кој е минимално делче на голем оркестар, кој пак, и служи на неговата

голема, неостварена, соновидна, но сепак и тоа колку присутна Љубов, неговата примадона која оживува помеѓу пивото, извикот во празно и сонот…За сето тоа, жирито:Коле Ангеловски, Весна Петрушевска и Нина Мазур, му го додели, повеќе од заслужено, фестивалското Гран при за целосно остварување; а “Дивото дете од градот“ кое ни дојде од САД, со актерката Тјаша Ферме, ни понуди разиграна и полетна девојка/актерка, која можеби ги подели мислењата, но не нѐ остави рамнодушни; а со “Однапред и одназад“ полскиот актер Матеуш Новак, “кралски“ но и општествено шутовски“ допатува до наградата за млад актер; додека “Сните на Хамлет“, ни го понудија данскиот принц во сајбер-времето денес, преку инспиративната игра на Александар Аладишев, кој пак за жал, напати беше “жртва“ на пекумерната употреба на скајп-комункацијата, со што, се губеше монодранската нишка, па сепак, талентот на Алдашиев остана видлив и неспорен; еднолинискатата изразна линија водена од бугарскиот артист Михаил Милчев, како Мадам Мишима во истоимената монодрама, за малку ќе повлиаеше на будноста на публиката; а пак, проектите како “Јас, Селма со актерката Симона Спировска, едноставно, со својот “обид за претстава“, не заслужуваат фестивалско издание, особено не на јубилејно; за среќа, “Ќиро“ на популарниот актер од Хрватска, Тарик Филиповиќ, не освежи, го сврте целосното вмимание на публиката, од која ја доби фестивалската награда, а која, за воља на вистината ја имаше во повеќе од доволен број, и го оправда, најдиректно, опстојувањето на МОНО-ФЕСТ-от во Градот на конзулите.

На фестивалот, како директен сведок на сите претходни изданија, (а и на ова беше целосно присутен) , преку изложбата на фото-сведоштва, се претстави и доајенот на новинарската фотографија и пишаниот збор, Петар Ставрев, без кој, повеќе од пет децении е незамислив јавниот живот во Битола.

БОРЧЕ ГРОЗДАНОВ

Театарски „Оскар“ во Турција

 

За претставата „Ромео и Јулија“ на Пројковски

Претставата е на редовниот репертоар во Истанбул и има најмалку по 14 изведби месечно.

Театарската претставата „Ромео и Јулија“ во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски ја доби највисоката театарска награда во Турција. Театарскиот „Оскар“ на ансамблот му беше доделен на гала свеченоста на Турската академија „АФИФЕ ЗАЛЕ“, одржана во понеделникот (14.мај) во Истанбул. Татарските „Оскари“ се најпрестижната театарска манифестација во Турција.

Претставата „Ромео и Јулија“ е во продукција на Националниот театар од Турција, а во уметничката екипа, покрај професионалци од Турција, од Македонија учествуваа и композиторот Горан Трајковски, кореографката Олга Панго и асистентот на режија Атила Клинче.

Премиерно претставата на Пројковски беше изведена есента минатата година на сцената на Националниот театар во Истанбул и веднаш постигна одличен успех и кај публиката и кај критиката, која уште тогаш најави дека ќе биде „голем кандидат за годишните театарски награди“.  Во својата рецензија, еден од најистакнатите театарски критичари во Турција, Јашам Каја, меѓу другото, напиша: „За да ја опишам оваа претстава, нема да згрешам доколку го искористам зборот – совршена, додавајќи дека „приказната која е ставена во еден чин, а трае повеќе од 2 часа, не остава простор за потреба од пауза, бидејќи секако ќе ја гледате во еден здив “.

Претставата е на редовниот репертоар во Истанбул и има најмалку по 14 изведби месечно.

Објавени лауреатите на 20. моно – фест “ Битола 2018 “

 

ГРАН ПРИ  наградата за комплетна претстава оваа година замина за Азербејџан – “ КОНТРАБАС “

Актерот Матеуш Новак – Полска ја понесе наградата за актерска игра во претставата “ ОДНАПРЕД И ОДНАЗАД “

 Публиката едногласно со аплаузи и оации ја потврдинаградат од нив за “ ЌИРО “ на актерот Тарик Филиповиќ

ПРЕСС СРЕДБА СО АКТЕРОТ ТАРИК ФИЛИПОВИЌ НА МОНО ФЕСТ – БИТОЛА

 

Ќиро е голем шармер и господин.

Легендата на хрватскиот фудбал, тренероти  некогашен селектор на третата селекција во светот Репрезентацијѕа наа Хрватска Мирослав Ќиро Блажевиќ, преку актерот Тарик Филиповиќ и мондрамата “ Ќиро“ пристигна и на МОНО ФЕСТ Битола 2018 во Република Македонија.

Чест ми е што по 10 години упорно инсистирање успеав да го убедам популарниот Ќиро да ми ги даде прават да создама монодрама, раскажувајќи ја неговата животна приказна. Тој е голем шармер и господин од кого ниту една дама не е одмината, односно ниедна средба со нив, не поминува,  а тој да на подели комплимент или цвет. Токму поради тоа ме заинтригира како би изгледало живото – Ќиро да ја преточам во театар. Тој е личност која за многумина не е омилена и покрај сите негови релевантни, спортски и животни успеси. Неговиот пат, како и за повејќето од нас, значел “ од по трње“, се до успехот. “, вака Тарик ја започна приказната за исклучително популарната монодрама Ќиро која вечерва ( НУЦКА Битола голема сцена 20.00ч ) ќе биде изведена пред битолската публика, за која владе голем интерес, и денес во претпладневните часови немаше билети.

Како продолжение тој посочи дека Мирослав Ќиро Блажевиќ речиси по секоја негова изведба се интересира за исходот односно реакцијата на публиката. “ Тој тоа го прави затоа штоо му е значајно што мисли народот за него, или во случајов публиката, а по некогаш знае да каже : – Сине, кој знеа колку ќе заработуваш по мојата смрт, На што добива одговр од мене. дека во тој случај ќе престанам да го играм “Ќиро“. “

Тој пред камерите и новинарските екипи кои дојда да го проследат и најават настанот, одговараше на новинарски прашања, меѓу кои на нашите на teatace.mk на кој одговори со многу ведрина и шарм.

Така , запрашан дали можеби во иднина планира да “симне“ уште некој легендарен спортски лик – легенда, па можеби да направи “фестивалска мини колекција“, одговри кратко; “Засега тоа не ми паѓа на ум, а ни во иднина“ .

Човекот кој зад себе има десетици премиери и дури 4 000 изиграни претстави и кому ова му е прва монодрама продуцирана преку театарот “Керемпух“ – Загреб каде што е повеќе од две децении, не планира (барем засега) да се занимава со екстра заработка од театарот, бидејќи , запрашан од легендата Ќиро “има ли пари во сето тоа ?“ одговрил дека нема, но дека пари се заработуваат на друг наачин, а театарот најчесто го работи од љубов, а и затоа што по професија е актер.

Што се однесува до алтернативниот начин на заработка, водителеството пред се преку квизовите на државната ХРТ, хрватските тв серии и филмови, сетоа тоа (особено водителството) за Тарик Филиповиќ прераснува во втора професија, односно начин на живот.

Од другите познати личности Тарик го има играно и првиот председател на Хватска Фрањо Туѓман, преку кој го има “шокирно “ и Фабијан Шоваговиќ лично, кој пак му комплементирал како го “скинал“ ликот на пертседателот.

За тоа колку значат ваквите комплименти и што всушност значи контактот и соработката со “старата “ гарда на хрватското глумиште, Филиповиќ за teatarce.mk кратко додаде; Ја имав таа привилегија и среќа, играјќи во разни проекти во театарот, тв и филмот и со Шоваговиќ, но и со легендите Борис Дворник, Мустафа Надаревиќ. Вања Драх и уште неколку мина од нив, што е повеќе од драгоцено искуство, а да не зборувам за чувството кога ќе добиете комплимент од нив!

Иако ова не му е прво гостување во Македонија, тој за прв пат е во Битола и по кусата прошетка низ градот на конзулите и широк сокак, кусо прокоментира; Битола е многу убав град, кој ме потсетува на мојата родна Зеница, која е полна со душа и топлина подарени од широкогради луѓе. Затоа на момети се почувствував како да сум дома.

МОНО – ИЗБЛИК НА АКТЕРСКОТО МАЈСТОРСТВО

 

20 години МОНО – СПЕКТАКЛ

Се запаочна Моно … и тоа со моно светогледот на Петар Ставрев, кој веќе пет децении со својата фотографија и збор е присутен во Македонија и пошироко, а токму на Фестивалот на мнодрама, и токму со повод, за 20 – годишнината на интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, популаниот МОНО-ФЕСТ, како еден и единствен, кој ги посведочил двете децении постоење, кој имаше своја презенатација на овие досегашни две десетлетија….И можете да замислите што ќе беше, ако на десетината паноа и изборот од 50-ина  фотографии да можеше да презентираат сите 3 000 кои ги “уснимил“ за само дваесетина години.

Потоа, фестивалот започна со „голема„ претстава на Прилепскиот театар , “ Фигурае, Венерис “ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска  ( оваа “големина“ беше само најава на “помалите“ моноспектакли, кој следуваа(т) на фестивалот ), како увертира на фестивалот кој пред се ги има во предвид и за цел, мајсторствата на Акетрот – индивидуалец…

А тие, актерите – индивидуалци, пак, имаа за цел да докажат и покажат дека единствениот пиедестал е резервиран, токму за нив Актерите….

Така, Среќко Марчета од Нови Град Б и Х, докажа дека има Големо срце; по него од Баку , Азербејџан ни пристигна „Контрабас„ на Шовги Гусеинов, кој ни докажа дека актерското мајсторство се состои од градацијата од едноставноста преку непретенциозноста, до досегањето на актерската магичност и необичност ;  за да “Дивото дете во градот„ преку Тјаша Ферме, ни покаже дека токму Играта е дел од актерската магија; па “Однапред и одназад“ да добиеме слика дека ниту кралевите не се имуни на обичноста, преку актерот Матеуш Новак од Веглин, Лублин, Полска;… и на крај да запловиме по “Сните на Хамлет“ со Александар Алдишев од Русија кој ни покажа дека “Данскиот крал“ е денешен, наш, светски, современ.

Приказната продолжува вечерва со ““Јас, Селма“ на актерката Симона Спировска (20.00ч, НУЦК Битола – Нова сцена) и “Мадам Мишима “ со Михаил Милчев од Бугарија, (Мала сцена  Битола  22.оо ч )

Утревечер ни доаѓа актерот Тарик Филиповиќ, кој го отелотворува популарниот “Ќиро Блажевиќ“ ( 20.00ч голема сцена НУЦК Битола), кој има чеат да го затвори фестивалот. По неговиот настап, следува “последниот збор“ на жирито, Коле Ангеловски, режсер – претседател,  Весна Петрушевска, актерка и Нина Мазур, драмски автор, – членови, кои ќе одлучуваат за наградата Гран при на јубилејниот 20 –  ти МОНО – ФЕСТ Битола 2018 година.

Борче Грозданов

 

 

Ангелчо Илиевски, режисер

 

Во прво лице

Непријателите се само несреќни луѓе

1. ЗА СЕБЕ: Непоправлив оптимист. Ме прават среќен мали и едноставни нешта.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Јелена.

3. ЗА ЖИВОТОТ: Неиспишана книга, од нас зависи како ќе ја исполниме.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Верувам во вистински и храбар театар.

5. ЗА ДОБРОТО: Битно е да го има, ама го нема, за жал.

6. ЗА ЗЛОТО: Многу го има, за жал.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Тоа се само несреќни луѓе.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Многу сум им благодарен за сѐ.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Добро е да се биде свој.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Ја обожувам!

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Заедно го сонуваме сонот наречен театар.

11. ЗА НЕНАПРАВЕНИТЕ ПРЕТСТАВИ: Претставите секогаш си го наоѓаат своето вистинско време.

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Водилка која ме движи напред.

13. ЗА СОНОТ: Ако престанам да сонувам сѐ ќе престане да постои…

14. ЗА ЈАВЕТО: Сурово.

15. ЗА ВИНОТО: Престанав да го пијам, штета, проблеми со притисок…

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Најголема подршка во сѐ.

17. ЗА КРАЈ: Секој крај е само уште еден нов почеток!

ПАНФИЗ – 2008 (10 – 14 МАРТ)

 

Првиот фестивал на пантомима и физички театар во Македонија се одржа како манифестација без финансиска поддршка од Министерството за култура. Покренувач, организатор и селектор на програмата е Трајче Ѓорѓиев и самиот актер и пантомимичар. И покрај редуцираната првобитн а програма и замисла, сепак на ова прво издание на програмата се најдоа седум претстави од жанрот на пантомимата и физичкиот театар. Како коорганизатор на првиот фестивал се јавува МНТ на чија сцена се одигруваа сите седум претстави. Манифестацијата е со натпреварувачки карактер, а одлучено е да се доделува само една награда за најдобра претстава односно остварување, а истата се состои од една слика од познатиот македонски ликовен уметник, Мирослав Масин. Жирито на првиот фестивал работеше во состав: Тодор Кузманов, театарски критичар, Гордана Дејан Поп Христова, кореограф и Дарко Спасов, драматург. Мотото под кое се покренува оваа нова театарска манифестација е интеркултурната размена и потикнувањето и мотивацијата на млади уметнички кадри од земјата во областа на пантомимата и физичкиот театар. Токму во овој контекст паралелно со претставите се предвидува и одржување на работилници, предавања и презентација на разни школи и учесници на фестивалот. ПАНФИЗ – 2008 беше отворен со претставата „Човекот“ во изведба на Трајче Ѓорѓиев. Овој пантомимски перформанс е работен односно базиран на класични пантомимски дела на Марсел Марсо. Станува збор за сцените насловени како, „Кафуле“, „Уличен свирач“, „Суд“, „Кафез“ и „Човекот“. Значи, станува збор за оформување на нашето секојдневие, но паралелно се одигруваат и универзални и филозофски обоени теми, со завидна доза на хумор и комика. Сите посочени теми и дилеми, Трајче Ѓорѓиев со средствата на пантомимата ги понудува во една питка и забавна форма. Притоа, тој постигнува апсолутна препознатливост и јасност така што публиката ги идентификува, ги препознава ситуациите и реагира на истите. „Човекот“ е прва пантомимска претстава на Т. Ѓорѓиев со која тој досега настапувал во повеќе земји (Кина, САД, Германија, Хрватска, Словенија, Бугарија…) Претставата „Хомо луденс“ ја изведе бугарскиот пантомимичар Александар Илиев. Беше тоа една алегориска претстава за човекот и универзумот. Човекот се заигрува и токму играта ќе биде основата од која се создава и се обликува светот. На овој пат, се разбира, се случуваат бројни перипетии, кои Александар Илиев ги изведува со извонредна леснотија и верба. Претставата „Контрасти“ ја изведе „Непостоечкиот театар“ од Романија, а во неа настапија Дана Кавалеру и Ричард Бовноцки. Во нивниот перформанс се комбинираат пантомимата и танцот со многу оригинални сценски решенија во приказната за мажот и жената кои се будат во ист кревет обидувајќи да се сетат каде порано се виделе односно се сретнале. Претставата изобилува со многу хумор во прикажувањето на спротивностите меѓу мажот и жената во секојдневниот живот, но и на јавната општествена сцена. Пантомимичарот од Јапонија, Акира Шимизу ја изведе претставата „Златната тишина“ успевајќи да ги плени и восхити гледачите со својата виртуозна изведба. Втората театарска трупа од Романија „Караван арт“ се претстави со шоуто „Флерт“ во изведба на Андреа Падурару и Михаил Баранга. Тие беа максимални во сликањето на чинот на заведувањето и барањето на сопатник, како комедија која се одигрува во пет чекори. Како македонско-бугарска копродукција трупата „Полихимнија“ ја изведе претставата „Харакири“ со Д. Вељиќ, В.Арев и К. Трајковски, а како последна претстава на првиот ПАНФИЗ Театарот за пантомима од САД ја изведе „Елементарни приказни“ на Рик Вејмер. Беше тоа мал серијал на класични и модерни пантомиски вињетки во кои некогаш преовладува лиричноста, а другпат комичноста, илузијата…

дел од Монографијата по повод 10 години ПАНФИЗ

„Бабец театар“

 

Во Битола празник на детскиот театар – започна „Битолино“
– Канал 5 – 06.08.2016
Фестивалот е во организација на „Бабец театар“ од Битола, а финансиски е поддржан од Министерството за култура, Општина Битола и од амбасадите на САД и на Австрија. Директорот на манифестацијата, Васко Мавровски на денешната прес-конференција информира дека оваа година на фестивалот ќе настапат пет театри од Белгија, Албанија, Русија, Ерменија и од Франција. Тој додаде дека „Бабец театар“ и покрај финансиската криза ќе продолжи да создава театарски претстави кои, пред се, ќе бидат достојни за презентација пред публиката и кои ќе допрат до секое дете. – До крајот на оваа година најавуваме два нови наслови и веќе сме во преговори да го продолжиме проектот – редовен репертоар со детски претстави. Горди сме што создадовме една генерација млади луѓе кои токму поради нас го засакаа театарот, додаде Мавровски. Шестото издание на ИДТФ, како што соопштија организаторите, ќе го отворат децата од театарската школа Бабец со изведба на претставата создадена по идеа и текст на Јулијана Мирчевска со наслов „Моето кралство“. – Секојдневно ме погодуваат настаните од нашата реалност, од овој свет кој стана премногу злобен за да можам да го сакам, одземени ми се мислите, во главата ми остануваат слики на скратени детства и постојано ми се раѓаат прашања дали од секогаш човештвото било вакво. И токму затоа колку повеќе стареам, повеќе сакам да бидам дете, во душата, во срцето и затоа го создадов „Моето кралство, истакна Мирчевска, која е и програмски директор на фестивалот. На Битолино утре ќе се одржи театарска работилница на новата сцена во Центарот за култура – Битола на тема:„Невербалната комуникација во театарот“. И оваа година претставите на ИДТФ „Битолино“ ќе се борат за наградата „Најдобра претстава во целина“, а ќе биде доделена од тричлено жири во состав Валентина Грамосли и Никола Пројчевски – актери во Народниот театар во Битола и Јавор Зехиров – магистер за куклен театар од Софија, Бугарија. Фестивалот е поддржан од Центарот за култура Битола, НУ Народен Театар Битола, Светската асоцијација за детски театри АССИТЕЖ и Асоцијацијата за детски театри од средна и југоисточна Европа ТЕАТАР ЕПИЦЕНТАР.

„Фигуре венерис хисторе“ на отворањето на Интернационалниот фестивал на монодрама Битола 2018

 

Со претставата „Фигуре венерис хисторе“ на Горан Стефановски, во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, во режија на Наташа Поплавска, на 11 мај во петок, ќе започне 20-тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама Битола 2018, соопштија организаторите на фестивалот на денешната пред конференција.

„Учесниците на Фестивалот кој е од натпреварувачки карактер, годинава ќе ги оценува меѓународно жири предводено од нашиот театарски доајен Коле Ангеловски и членовите Нина Мазур од Германија и актерката Весна Петрушевска. Покрај претставите, во рамки на ова јубилено издание, ќе има и дополнителни содржини. Непосредно пред свеченото отворање, во фоајето на Народниот театар во Битола ќе биде отворена изложба на фотографии по повод 20 години од постоењето на фестивалот од нашиот сограѓанин, новинар и хроничар Петар Ставрев, насловена како „Низ фотографскиот светоглед“. На 14 мај ќе се одржи промоција на книгата „Со вкус на овошен сладолед“ на театрологот Трајче Кацаров“, рече в.д. директорот на Центарот за култура Зоран Димовски.

Селекторот Петар Мирчевски истакна дека за овој фестивал навистина има голем интерес од страна на актерите кои работат монодрами од цела Европа, но поради финансиските ограничувања, се гледа да се направи селекција од најдоброто понудено и возможно, за да гостуваат квалитетни претстави за фестивалот.

„Драго ми е што и годинава ќе има барем една домашна претстава, иако станува збор за приватен проект, а тоа е претставата

„Јас,Селма“, во изведба на актерката Симона Спировска .

За Гран при наградата ќе се борат и Шовги Гусеинов од Азербејџан, со претставата „Контрабас”,

Тјаша Ферме од САД, со претставата „Дивото дете во градот”,

Матеуш Новак од Полска, со претставата „Однапред и одназад”,

Миxаил Милчев од Бугарија со претставата „Мадам Мишима”,

Среќко Марчета од Босна со претставата „Големо е моето срце”,

Александер Аладишев од Русија со претставата „Сништата на Хамлет”

Тарик Филиповиќ од Хрватска со претставата „Ќиро Блажевиќ“, истакна селекторот Петар Мирчевски.

20-тиот Интернационален фестивал на монодрама Битола 2018 годинава ќе се одржува од 11-15 мај, на кој ќе бидат прикажани 9 театарски претстави, од кои 8 ќе бидат монодрами и ќе се натпреваруваат за наградата Гран при на фестивалот. Министерството за култура во рамките на годишната програма за Интернационалниот фестивал на монодрама Битола 2018 одвои 400.000 денари, а Општина Битола му додели 100.000 денари.

Гостувања во мај: Велешкиот театар на три фестивали

Велешкиот театар “Јордан Х.К-Џинот”, во мај ќе настапи на три интернационални театарски фестивали во Бугарија и Русија. Со претставата “Шумата на моето дрво” од Сашо Димоски, во режија на Александар Ивановски, а во копродукција со “Северно од Импакт”, театарот на 15 мај ќе игра на Интернационалниот театарски фестивал “Тара-ра-бумбиа” во Благоевград, Бугарија.

На 17 мај, театарот ќе настапи и на Интернационалниот театарски фестивал на претстави за деца “Волшебната завеса” во Трговиште, Бугарија со претставата за деца “Волшебникот од Оз” од Л.Френк Баум, во режија на Александар Ивановски.

Од 25-ти до 31-ви мај, пак, со комедијата “Вдовицата се мажи” според “Мечка” на Антон Павлович Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски, Велешкиот театар ќе настапи и на Интернационалниот театарски фестивал “Руска класика – Лобња” во Москва, Русија.