Петар Стојанов актер

Во прво лице

ЗЛОТО ЌЕ ГО ПРЕДИЗВИКАМ НА ДВОБОЈ!

1. ЗА СЕБЕ Не знам многу работи за себе – секојдневно учам. Се трудам да бидам секогаш искрен и да делам љубов, разбирање и позитивна енергија на луѓето околу мене.

2. ЗА ЉУБОВТА: Мораме внимателно да ја чуваме и разменуваме. Таа е медот на животот. Без неа сме ,,тапи суштества”.

3. ЗА ЖИВОТОТ: Чудесна работа.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Сè за него.

5. ЗА ДОБРОТО: Исто така.

6. ЗА ЗЛОТО Ќе се борам со него, ќе го предизвикам на двобој!

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ Нека се живи и здрави. Сè се враќа – сè сe плаќа. – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Живи, здрави, среќни и весели. САМО НАПРЕД.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ Хаха, паа, се наоѓа понекогаш.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА Добра е. После кратко време се зајакнува имунитетот од неа.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ Еден куп успешни проекти.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ Ќе бидат (се надевам). Рано е уште.

12. ЗА ИДЕЈАТА Разработи ја и реализирај ја.

13. ЗА СОНОТ Без сон животот нема цел. Мораме да сонуваме.

14. ЗА ЈАВЕТО Треба само да работиме за да го подобриме.

15. ЗА ВИНОТО In vino veritas – ,,велеа старите” .

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО Извор на топлина и љубов. Без нив – ништо.

17. ЗА Мамма миа? Прекрасен проект и процес кој ќе го паметам секогаш. Ми се случи токму тогаш кога ми беше најпотребно, и воопшто не се штедев. Правев и правам се со ОГРОМНА ЉУБОВ.

18. ЗА КРАЈ? Ве поканувам на Дипломска претстава на класата на проф. Зоја Бузалковска. На 26ти и 27ми Март во Македонскиот Народен Театар. Ви благодарам за прашањата. СЕ НАЈДОБРО!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *