НАГРАДА ЗА АКТЕРСКИ АНСАМБЛ ЗА ПРЕТСТАВАТА „ОБЗРНИ СЕ ВО ГНЕВ „ ОД ЏОН ОЗБОРН ВО РЕЖИЈА НА КРИСТИНА ДИМИРОВА. ВО ПРЕТСТАВАТА ИГРААТ ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ, ДАНИЕЛА ИВАНОСКА, ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ И КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА-КЛИНЧЕСКА. НЕОДАМНА ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ „ ГОСТУВАШЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ НА КАМЕРЕН ТЕАТАР НА НЕТА ОДРЖАН ВО ВРАЦА БУГАРИЈА.
Податоци за претставата
Автор: Џон Озборн
Режија: Кристина Димитрова
Драматурзи: Ивана Нелковска,Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија и костими: Илина Ангеловска
Музика: Дарија Андовска
Превод: Лидија Митоска -Ѓорѓиевска
Играат:
ЏИМИ – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ
АЛИСОН – КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА – КЛИНЧЕСКА
КЛИФ – ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ
ХЕЛЕНА – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА
Џон Озборн верува дека театарот треба да се базира на чувствата и животот на луѓето. Поради тоа, најмногу се занимава со оној вид на театар што нуди витална, емоционална динамика, театар што продира низ класните бариери и сите препреки поставени кон патот на чувствата. Убеден е дека ни требаат нови театарски чувства, како што ни треба и нов театарски јазик.
„Обѕрни се во гневот“ ја отсликува побуната на младата несфатена повоена генерација, против генерацијата на нивните родители кои го довеле општеството до пропаѓање во морална и финансиска смисла. Се работи за побуна против светот во којшто владеат материјалните вредности, лицемерието на општеството кон луѓето што се борат за својот напредок а не добиваат ништо, за безволноста, за човечкиот гнев, осаменоста… Текстот се поставува по точно 60 години од неговата прва изведба, a темите кои ги обработува, денес сеисто толку актуелни како во времето кога е напишан.