„ЦАРСТВО НЕБЕСКО“ 23 мај во МНТ гостува Народно позориште Белград

 

На 23 мај во МНТ гостува Народно позориште Белград со претставата „ЦАРСТВО НЕБЕСКО“ – ЕПИКА БАЛКАНИКА
Претставата се игра на две локации. Првата локација е на големата сцена во Македонски народен театар со почеток во 19:00 (траење 90 минути), и втората локација е Младински културен центар во кино „Фросина“ во 21:00 (траење 45 минути).

Режисер: ЈЕРНЕЈ ЛОРЕНЦИ

Играат:
ОЛГА ОДАНОВИЌ
НАТАША НИНКОВИЌ
НАДА ШАРГИН
ХАНА СЕЛИМОВИЌ
БРАНКО ЈЕРИНИЌ
БОЈАН ЖИРОВИЌ
НИКОЛА ВУЈОВИЌ
МИЛУТИН МИЛОШЕВИЌ
СЛАВЕН ДОШЛО

Царство небеско – Епика балканика ја обработува српската епска поезија. Режисерот Јернеј Лоренци ја обработува оваа тема „поради љубовта кон древните приказни и песни, како први документи на нашата цивилизација. Ме интересираат темите, мотивите, дилемите, кои се тие страдања и мечти, и каква врска има сето тоа со нас денес. Многу заедничко. Во епиката работите се малку посурови, непосредни, со помалку лаги. А и страстите помалку се кријат. Ме фасцинира мечтата во приказните и песните, бидејќи имагинацијата е најголемата привилегија на човековото постоење. Српските песни се одлична комбинација на историјата, од една страна, и митологијата, од друга страна. Понекогаш дури и митоманијата. Тој раб помеѓу историјата и митоманијата ме е особено интересен, сé она архетписко, важно за нашата потреба за раскажување на приказни.“

(извадок од интервју со режисерот)