ВО ЧЕСТ НА АКТЕРОТ, ДВЕ ДЕЦЕНИИ, АИРЛИЈА!
Да се биде сведок, а уште повеќе, да се има привилегија да се пишува за еден фестивал, во кој апсолутна творечка моќ ја има токму АКТЕРОТ, главниот експонент и темел на Театарот, е голема чест и привилегија. Уште повеќе што токму фестивалот на Актерот, или поточно на монодрамата, годинава насловен како МОНО-ФЕСТ,или веќе две децении во градот на конзулите меѓународно познат како фестивал на монодрамата, нуди остварувања соголени од колективноста и можноста актерот да се “извлече на грбот“ на својот колега, односно, каде целосната актерска енергија е подарена од индивидиална актерска персона, што пак нуди извонредна можност за театарските сладокусци, да се обидат суштински да проникнат во театарската Магија…
Ако овој вовед од две реченици ви се чини предолг, тогаш само обидете се да замислите колку се дваесет години на макотрпно создавање на Фестивал, кој низ годините, понекогаш,значел и “од по трње“, тогаш во таа замисла/размисла и овие три реченици се прекуси…
За да ви стане појасно, многу кусо, односно накратко, ќе се обидам да ве пренесам, не низ вода, ами низ неодамна завршениот фестивал, на кој видовме осум остварувања, секако достојни за верификација, со помалку, или, за среќа повеќе, збран квалитет за сметка на квалитетот…
Откако прилепчани, од НУЦК “Марко Цепенко“, претставата “Фигурае венерис“ ја играа за монодрамските мајстори-колеги, на натпреварувачкиот старт видовме една насјсмешна, но, и најтажна прикказна од актерот од БиХ, Среќко Марчета кој ни раскажа дека и во воено-емотивниот метеж, Љубовта го чека, и го начекува чувствениот бескрај; па “Контрабас“на Азербејџанецот кој играше на руски, Шовги Гусеинов, кој ни покажа врвно мајдторство, играјќи ја осаменоста, музичката имагинација, на само навидум маргиналецот кој е минимално делче на голем оркестар, кој пак, и служи на неговата
голема, неостварена, соновидна, но сепак и тоа колку присутна Љубов, неговата примадона која оживува помеѓу пивото, извикот во празно и сонот…За сето тоа, жирито:Коле Ангеловски, Весна Петрушевска и Нина Мазур, му го додели, повеќе од заслужено, фестивалското Гран при за целосно остварување; а “Дивото дете од градот“ кое ни дојде од САД, со актерката Тјаша Ферме, ни понуди разиграна и полетна девојка/актерка, која можеби ги подели мислењата, но не нѐ остави рамнодушни; а со “Однапред и одназад“ полскиот актер Матеуш Новак, “кралски“ но и општествено шутовски“ допатува до наградата за млад актер; додека “Сните на Хамлет“, ни го понудија данскиот принц во сајбер-времето денес, преку инспиративната игра на Александар Аладишев, кој пак за жал, напати беше “жртва“ на пекумерната употреба на скајп-комункацијата, со што, се губеше монодранската нишка, па сепак, талентот на Алдашиев остана видлив и неспорен; еднолинискатата изразна линија водена од бугарскиот артист Михаил Милчев, како Мадам Мишима во истоимената монодрама, за малку ќе повлиаеше на будноста на публиката; а пак, проектите како “Јас, Селма со актерката Симона Спировска, едноставно, со својот “обид за претстава“, не заслужуваат фестивалско издание, особено не на јубилејно; за среќа, “Ќиро“ на популарниот актер од Хрватска, Тарик Филиповиќ, не освежи, го сврте целосното вмимание на публиката, од која ја доби фестивалската награда, а која, за воља на вистината ја имаше во повеќе од доволен број, и го оправда, најдиректно, опстојувањето на МОНО-ФЕСТ-от во Градот на конзулите.
На фестивалот, како директен сведок на сите претходни изданија, (а и на ова беше целосно присутен) , преку изложбата на фото-сведоштва, се претстави и доајенот на новинарската фотографија и пишаниот збор, Петар Ставрев, без кој, повеќе од пет децении е незамислив јавниот живот во Битола.
БОРЧЕ ГРОЗДАНОВ