Лоренс Каздан и Барбара Бенедек
ГОЛЕМ СТУД
(дипломска претстава)
ФДУ Скопје, оддел Драмски актери
Класа на проф. Зоја Бузалковска и насл. доц. Александар Степанулески
ХАРОЛД КУПЕР …………………. ЗОРАН МИТРОВИЌ
САРА КУПЕР ………………………. ХРИСТИНА ЦВЕТАНОСКА
СЕМ ВЕБЕР ………………………… ПЕТАР СТОЈАНОВ
КАРЕН БОУЕНС ………………….. САРА АНАСТАСОВСКА
НИК КАРЛТОН ……………………. ИСИДОР ЈОВАНОСКИ
МЕГ ЏОУНС ……………………….. ДУШИЦА ТРЕНЕВА
МАЈКЛ ГОЛД ………………………. ЧЕДОМИР МИТЕВСКИ
КЛОИ ………………………………….. ДУШИЦА НАСТОВА
РИЧАРД БОУЕНС ……………….. ЈАКОВ СПАСОВ
СВЕШТЕНИКОТ …………………. ГРИГОР ЈОВАНОВСКИ
ПОЛИЦАЕЦОТ ……………………. СЕРГЕЈ ДИМОВСКИ
ХАРОЛД КУПЕР …………………. ЗОРАН МИТРОВИЌ
САРА КУПЕР ………………………. ХРИСТИНА ЦВЕТАНОСКА
СЕМ ВЕБЕР ………………………… СЕРГЕЈ ДИМОВСКИ
КАРЕН БОУЕНС ………………….. САРА АНАСТАСОВСКА
НИК КАРЛТОН ……………………. ГРИГОР ЈОВАНОВСКИ
МЕГ ЏОУНС ……………………….. ДУШИЦА ТРЕНЕВА
МАЈКЛ ГОЛД ………………………. ЈАКОВ СПАСОВ
КЛОИ ………………………………….. ДУШИЦА НАСТОВА
РИЧАРД БОУЕНС ……………….. ЧЕДОМИР МИТЕВСКИ
СВЕШТЕНИКОТ …………………. ИСИДОР ЈОВАНОСКИ
ПОЛИЦАЕЦОТ ……………………. ПЕТАР СТОЈАНОВ
Факултетот за драмски уметности од Скопје во соработка со Македонскиот народен театар, на 26-ти и 27-ми март ја одржи премиерата на дипломската претстава ГОЛЕМ СТУД, по сценариото за филмот THE BIG CHILL од Лоренс Каздан и Барбара Бенедек, која се одигра во две постави на Малата сцена на МНТ со почеток во 19 часот. ГОЛЕМ СТУД е дипломска претстава на студентите од одделот Драмски актери во класата на проф. Зоја Бузалковска и насл. доц. Александар Степанулески. Класата ја сочинуваат: Сара Анастасовска, Сергеј Димовски, Григор Јовановски, Исидор Јованоски, Чедомир Митевски, Зоран Митровиќ, Душица Настова, Јаков Спасов, Петар Стојанов, Душица Тренева и Христина Цветаноска. Дипломската претстава ГОЛЕМ СТУД е работена по сценариото на американскиот филм THE BIG CHILL од Лоренс Каздан и Барбара Бенедек. Преводот на насловот е проблематичен, зашто самиот наслов во себе носи повеќезначност, која може да биде „прочитана“ и донекаде разјаснета само во контекстот на времето во кое се одвива дејството. Речиси секаде каде што се зборува за овој филм, излезен во 1983 година, се цитира дообјаснувањето на авторот и режисер на филмот Лоренс Каздан, врзано токму со алузиите кои ги отвора самиот наслов, не докрај јасен дури и за американскиот аудиториум. „ГОЛЕМ СТУД се занимава со членовите на мојата генерација кои откриле дека не сè што посакувале е возможно, дека не секој идеал во кој верувале останал во првите редови на нивните намери. ГОЛЕМ СТУД е за процесот на оладување кој е карактеристичен за луѓето од секоја генерација, кога се движат од надворешно-насочената, повеќе идеалистичка, загриженост на нивната младост до еден вид на само-апсорпција, сопствен интерес, што ги става личните желби над оние на општеството, па дури и – на еден идеал.“ Л. К. Триесет и пет години подоцна, во една средина сосема различна од онаа на Америка во осумдесеттите (со генерации кои растеле и се развивале во шеесеттите) и во еден временски контекст, навидум оддалечен од американскиот, една друга генерација се обидува да проговори за истите тие проблеми, донесувајќи ги на сцената во сета нивна универзалност и препознатливост.Дилемите кои ги загатнува ГОЛЕМ СТУД се проблеми на секоја генерација и се важни во секое општество во кое се случуваат драматични општествени превирања, како што е и нашето. Повеќе од тоа, дилемите ги надминуваат општествените прашања и задираат во најинтимното човечко, важно секогаш и секаде. Во момент кога животот со сета своја комплексност ќе нѐ натера да се запрашаме до каде сме останале доследни на своите борби заложби, верувања и големи планови, а каде сме се изневериле себеси и своите идеали, останува да ги преиспитаме своите постапки и да се обидеме да ја реконструираме надежта дека нашите животи ќе ги поставиме на вистинските основи и дека за тоа не е премногу доцна. Во таа смисла, ГОЛЕМ СТУД е токму тоа – претстава за РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НАДЕЖТА.
ГОЛЕМ СТУД ја судира новата генерација драмски актери со голем предизвик и тешка актерска задача – низ еден реалистичен пристап, во ритам препознатлив за филмскиот јазик и со леснотија во играта, да се обиде да ви ја раскаже оваа сложена драмска приказна…