МОНО – ИЗБЛИК НА АКТЕРСКОТО МАЈСТОРСТВО

 

20 години МОНО – СПЕКТАКЛ

Се запаочна Моно … и тоа со моно светогледот на Петар Ставрев, кој веќе пет децении со својата фотографија и збор е присутен во Македонија и пошироко, а токму на Фестивалот на мнодрама, и токму со повод, за 20 – годишнината на интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, популаниот МОНО-ФЕСТ, како еден и единствен, кој ги посведочил двете децении постоење, кој имаше своја презенатација на овие досегашни две десетлетија….И можете да замислите што ќе беше, ако на десетината паноа и изборот од 50-ина  фотографии да можеше да презентираат сите 3 000 кои ги “уснимил“ за само дваесетина години.

Потоа, фестивалот започна со „голема„ претстава на Прилепскиот театар , “ Фигурае, Венерис “ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска  ( оваа “големина“ беше само најава на “помалите“ моноспектакли, кој следуваа(т) на фестивалот ), како увертира на фестивалот кој пред се ги има во предвид и за цел, мајсторствата на Акетрот – индивидуалец…

А тие, актерите – индивидуалци, пак, имаа за цел да докажат и покажат дека единствениот пиедестал е резервиран, токму за нив Актерите….

Така, Среќко Марчета од Нови Град Б и Х, докажа дека има Големо срце; по него од Баку , Азербејџан ни пристигна „Контрабас„ на Шовги Гусеинов, кој ни докажа дека актерското мајсторство се состои од градацијата од едноставноста преку непретенциозноста, до досегањето на актерската магичност и необичност ;  за да “Дивото дете во градот„ преку Тјаша Ферме, ни покаже дека токму Играта е дел од актерската магија; па “Однапред и одназад“ да добиеме слика дека ниту кралевите не се имуни на обичноста, преку актерот Матеуш Новак од Веглин, Лублин, Полска;… и на крај да запловиме по “Сните на Хамлет“ со Александар Алдишев од Русија кој ни покажа дека “Данскиот крал“ е денешен, наш, светски, современ.

Приказната продолжува вечерва со ““Јас, Селма“ на актерката Симона Спировска (20.00ч, НУЦК Битола – Нова сцена) и “Мадам Мишима “ со Михаил Милчев од Бугарија, (Мала сцена  Битола  22.оо ч )

Утревечер ни доаѓа актерот Тарик Филиповиќ, кој го отелотворува популарниот “Ќиро Блажевиќ“ ( 20.00ч голема сцена НУЦК Битола), кој има чеат да го затвори фестивалот. По неговиот настап, следува “последниот збор“ на жирито, Коле Ангеловски, режсер – претседател,  Весна Петрушевска, актерка и Нина Мазур, драмски автор, – членови, кои ќе одлучуваат за наградата Гран при на јубилејниот 20 –  ти МОНО – ФЕСТ Битола 2018 година.

Борче Грозданов