„Бабец театар“

 

Претстави од Израел и Австрија ги освоија срцата на најмладите битолчани
– Вечер 07.08.2015
Вториот фестивалски ден од ИДТФ „Битолино” вчера започна со прекрасна комична претстава на театарската компанија „Рути Тамир” од Модин, Израел. „Четири басни и Кралицата” е претстава во која четири приказни се заробени во една бајка, една виртуозна комична креација за осум животни и една кралица. Претстава која создаде еден магичен свет во кој на еден пластичен и лесен начин со многу специфични движења една актерка ни претстави четири приказни кои никого не остави рамнодушен. Рути Тамир дипломирала класичен и модерен балет во Израел, а своето образование го продолжила на универзитетите во Флорида и Охајо на секторите за актерска игра и пантомима, но исто така има работено во многу држави низ светот и е добитник на наградата за најдобра актерка во Израел за 2013
година.Фестивалскиот ден заврши со претставата „Гласно и тивко” на театарската компанија „Син пламен” од Грац, Австрија. Театар кој во фокусот на своите претстави го има поставено човекот, неговите проблеми, прашања, страсти и нескротливата глад за животот. Секогаш критички настроени кон општеството експириментираат и откриваат нови слоеви на функционирање на човечкото битие. „Гласно и тивко” е претстава посветена на едно патување и авантура на два сосема спротиставени ликови и карактери, низ игрите и лудориите на двата актери и одличната идеја за создавање на сценографија во форма на триаголник која беспрекорно функционира од самиот почеток до крајот. Најмладата публика имаше можност да биде дел од еден нов свет во кој уште еднаш се заклучува дека токму различностите меѓу нас го прават светот поинтересен и исполнет со многу бои.Денеска на последниот ден од фестивалот Битолино ќе бидат изведени претставите „Овоштарникот со праски” на Новата сцена при Н.У. Центар за култура Битола во 18:30 часот која е во продукција на театар Masque од Витлеем, САД а во изведба и режија на Lary Hunt, како и претставата „Кралицата Конг” во 20 часот во големата сала при Н.У. Центар за култура Битола а во продукција на La Bazooka театарот од Le Havre, Франција, а воедно ќе биде доделена и наградата ГРАН ПРИ за „Најдобра претстава во целина” од стручното жири на фестивалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *