Премиера детската куклена  претставата „Тоби “ 

 

На  ден 4.04.2018 ,( Среда) со почеток од 19:00 часот

 

Н.У. Театар за деца и младинци-Скопје, ќе се одржи премиерната изведба на детската куклена  претставата „Тоби “  по  текст на Флоријан Зденек, а во адаптација на текст и режија на Драгослав Тодоровиќ .Овој пат „Театарот за деца и младинци“ подготвува навистина специфична бајка длабоко мотивирана од чисти хумани сфаќања.

КАСТ ЛИСТА ,, ТОБИ“

Текст : Флоријан Зденек
Адаптација на текст и Режија : Драгослав Тодоровиќ
Превод : Драгана Лукан Николоски
Креација на Кукли, Сценографија и Костими : Ирина Сомборац
Композитор: Виктор Апостоловски
Видео анимација : Емил Петро

Играат :
Марија Ѓорѓијовска
Катарина Илиевска Силјановска
Винета Дамческа Мојаноска
Ана Левајковиќ Бошков
Мики Анчевски
Инспициент: Ѓуро Дракулоски

Дизајн на плакат и боенка: Ирина Сомборац
Изработка на кукли: Кирил Василев и Ирина Сомборац
Изработка на костими : Љубица Велкова
Столар : Зоран Дабовски
Тон мајстор: Ангеле Насковски
Светло мајстор: Оливер Ставрев
Шминка : Игор Петрески
Декоратери : Јовица Видески , Бујамин Селими и Мирзат Камбери

Режисерот  Драгослав Тодоровиќ ќе каже :

„Постои нешто, особено кај младите, што изгледа како непремостива препрека, никако не сте задоволни од сопствениот изглед.
Каква тага и горчина … Меѓутоа, ако имате, како јазовичарот Тоби, пријателка како госпоѓата Флора, вие многу брзо ќе ја надминете оваа
безмислена грижа. Едноставно, со помош на пријателите ќе се видите себе си од еден сосема друг, среќен агол. Па, вие сте вешти , остроумни , а бога ми
и многу згодни. И уште нешто, немојте да се китите со туѓи перја. Ќе излезете смешни.“*


                                       Режисер    Драгослав Тодоровиќ 

Tome Станквоски

 

Знаат често луѓето што ме познаваат, да ми кажат: Добро бе Томас, што ти текна на 30 години да упишеш глума? Каде се гледаш со глумата? Еве, си работиш наставник…не мислиш дека е сулудо? И слични вакви прашања, кои некогаш на нив се насмевнувам, некогаш се објаснувам, некогаш ми сметаат, а во последно време и ги одбегнувам.
Не знам зошто луѓето така чудно гледаат на тоа што ми се јавило амбиција на „подоцни“ години? Не знам.
Кога одговарам сериозно, го велам следново:
– Нема некоја филозофија и мистерија. Кратко и јасно. Го сакам театарот. Ја сакам сцената. Го сакам филмот. И тој сон мора да се оствари пред да умрам. Да станам професионален актер.
Во театарот наоѓам спас и прибежиште од секојдневни глупости и проблеми.
И уште еднаш, на самиот крај на овој ден само ќе кажам…нека е честит и вечен Светскиот Ден на Театарот.
Театарџии, глумци, режисери, драматурзи…сонувачи…држте се!
Живели!

Tome Станквоски

ТЕАТАР

Празник ,на нашиот храм,на театарот…на само неколку дена пред премиера единствено што ми поминува низ глава се зборовите на овој филозоф…раскош се нашите проби,нашите живеења,нашите приказни од секоја изведба…она што останува е нашата љубов кон раскошот наречен

“Уметноста е секогаш сомнителна затоа што таа ја размрдува удобноста на етаблираниот смисол,затоа што истовремено е многу скапа но и бесплатна и затоа што ова наше општество сеуште нема поим што мисли за сиот раскош што го нуди театарот .”
Roland Barthes