Mонокл – монодрамата

НАМЕСТО ХЕПИЕНД на сцената

проф.д-р Христо Петрески

Задачата на актерот при интерпретацијата на монодрамата е тешка и деликатна, затоа што сиот емоционален набој и актерска енергија треба да се пренесе кај присутните, надминувајќи ја тенката граница и бариера меѓу сцената и гледалиштето, исполнувајќи го веќе воспоставениот флуид на понуденото и очекуваното, претпоставеното и можното, (не)запишаното и (не)изреченото.

Без поддршка од руги актери, често и без поголема и позначајна сценографија, костимографија и друга придружба, акерот е САМ на сцената. Значи, акерот е без заштитата што ја овозможуваат сценските артефакти, свртен кон публиката, упатен е само на себеси пред присутните, на сопственото тело и глас, на сопствените вербални регистри и актерски техники.

Всушност, актерот е само продолжена рака и трансмисија на претходниот друг самотник – писателот, па повторно на сцената е осамен и изложен на бројните (не)реални очекувања на хетерогената група гледачи.

Писателот и актерот целло време настојуваат  преку уметничкиот чин да ги збогатат луѓето со извесни сознанија кои тие (не) ги поседуваат. И писателот и актерот не претпоставуваат и не се сомневаат во тоа, напротив, туку длабоко веруваат и секогаш тргнуваат од почеток, од нула.

Монодрамата како театар на еден актер, е магија на движења (гестови) и зборови (реплики), кои треба да го исполнат вакуумот и просторот, да го овековечат времето и мигот, односно еден актер да биде и функционира како цел театар, а монодрамата да не биде монодрама или дуодрама, туку вистинска, повеќезначна и комплетна драма. Притоа, актерот треба да се трандформира во бројни улоги, сите доведени до совршенство, полнота и различност, за да додје до израз актерското богатство, виртуозност и мајсторство.

Во пантомимата и монодрамата – акетрот зџазема центарлно место, тој е единица мерка и креативен баланс (вага) над се друго (над сите други лица и нешта).

За театарот обично се вели дека е колективно дело, а монодрамата како театарски облик е дело на поединецот. Колку и да се чини тоа себично и посесивно, факт е дека актерот кој е единствен човек на сцената – најчесто е себеси и режиасер, многу често и писател, и сценограф, и костимограф, и композитор, и кореограф… Всушност, тој го заменува целиот (неопходен) театар, па не случајно и со право за монодрамата се вели дека е театар со еден и во еден човек, т.е. свет во еден актер, колку тоа да изгледа и звучи Донкихотовски или како Давид пред Голијат…

Непосредноста и директноста, комуникацијата и взаемноста меѓу актерот и гледачите – при изведбата на монјодрамите најмногу, најбрзо и најлесно доаѓа до израз.

Соочен со текстот и улогата што треба да ја толкува, сметајќи само на својот психо-физички хабитус, актерот и денес, по двесетр и пет векови од создавањето на театарот, соочен е со иста задача и предизвик  како и пред дваипол милениуми, а тоа е претставување на вистината за човекот и приближување на суштината на животот, а во монодрамата актерот тоа мора да го направи (во зададениот  ограничен простор без сценски помагала) исклучиво со своето тело како орудие.

Уметничкото дело, олсвен вникманието на публиката, треба да го олсвои И нивниот емоционален свет, да постави прашања и да отвори етички дилеми, а монодрамата го достигнува својот посакуван ефект кога среѓно ќе се спијат актерската дарба и идејата на претставата. Тогаш, се создава театарска свеченост – возбудлива, трансапрентна, уметнички релевантна, а во случајот на монодрамата таа подразбира и актерска зрелост, искуствен багаж, несекојдневен талент, дострели и потенцијали…

Монологот му претходи на дијалогот. Монологот е исповед, обраќање на својот двојник – публиката. Монологот е (авто)анализа и преиспитување (став). Со штитот или на него…

Монодрамата е есенција (бисер), школка која тешко се отвора, но кога ќе се отвори – таа повторно никогаш не се затвора и ништо не е веќе како што претходно било за актерот и публиката.

Под сомнеж е доведен сиот поредок, сите правила и нормативи, сите критерими и вредности, па и човековиот живот и неговата (бес)мисла.

Всушност, монологот претставува дијалог без или само со претпоставени реплики, со многу прашалници и извичници, со реторички фигури и прашања.

Монолошкиот исказ, трагичен или комичен, е мисловен и синтетичен или хуморен и релаксирачки, но и во едниот и во другиот случај – го привлекува вниманието на рецепиентите, воспоставува интеракција и колективна театарска наслада (катарза).

Актерот во монодрамата е и субјект и објект истовремено, а најголемите препреки се оние кои се наоѓаат во него самиот и кои тој мудро, вешто и динамично треба да ги совлада.

Такво е и денешното искуство и впечатокот од заедничката впечатлива и памтлива креација на актерот Страшо Милошовски во еколошката претстава “Ети ја спасува Тера“ на писателот Трајче Кацаров. Сигурен сум дека од оваа пиеса и претстава, која полека но сигурно веќе станува незадолжителна лектира во основното образование и се обработува на педагошките факултети кај нас, набрзо ќе излезе и надвор од нашите републички граници, но и дека можеби ќе иницира одржување на еколошки фестивал, слични други еколошки книги и претстави од страна на истиот автор и актер, но и од други домашни и странски протагонисти…

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

Бога и на народот зборувајќи ја песната во стихови како драмска поезија. Што би значело дека е четвртата стапка. И секако понатаму е петтата стапка. Нашата верба, љубов и посвета за сцената, за нас и самиот Господ. Петтиот елемент – атерот (љубовта). Нели некому му се прави атер, чест, почитување, слава. Народот би рекол : “Не ми го крши атерот?!” Како реплика излезена од самиот живот која се повторува со генерациите што следат. Можеби случајно зборот театар ја содржи честичката Те, која е показна во македонските дијалекти и зборот атар (атер), што во некоја “народна” етимологија би значело место за дарување и почитување, само како размисла и претпоставка. Нели Е-те го атерот. Те-атар. Зборот атер и атар е истоветен во “Речник на македонскиот јазик” е толкуван како: љубов, наклонетост, волја , обѕир…”28

 

Но, да се вратиме на нашата реконструкција за настанување на театарот. На некој начин оваа патека за раѓањето, создавањето, односно настанувањето на театарот можеме да ја провериме секогаш кога имаме време и желба каде било и на кое било место и на отворен и на затворен простор. И секако во неа јасно се гледа дека елитноста е почетната точка на театарот како чин, дејство, зародиш и дека тој секако може, но не мора да заврши во масовна култура. Условеноста е од тоа за што создаваме театар и за кого го создаваме?! Кои се потенцијалните гледачи на славата, обредот, играта, кажано со денешниот речник која е целната група? Од неа е условено дали театарот има допир со елитноста или со масовната култура. Кој е основниот мотив да создаваме театар? На кое ниво тргнуваме кон сценската уметност? На нивото на духовноста или на нивото да заработиме што повеќе пари, како дилема меѓу елитноста и масовноста? Дали театарот е стока за продавање? Опит?! Голема раскрсница меѓу духовноста и тривијалноста. Меѓу елитата и масовноста. Меѓу уметноста и естрадата. Се разбира истите односни се подредуваат и во верските храмови?! Важат и за нив. За мотивот на нивното суштетствување. Дали се работи за “бизнис компании” или за духовни светилишта? Зборуваме за состојбите од сега и овде, од денес. Но, нели спомнавме дека за долготрајноста и феноменот на сцената не можеме да зборуваме само гледајќи и разбирајќи од денешно време. Затоа што се работи за процес. За неколку милениумско траење на тлото на Македонија. За културен и духовен феномен. За нужност и долготрајност.

Илко Стефановски (1952 – 2011)

Роден  : 4 ноември 1952

БитолаМакедонија Македонија

Починал:  6 декември 2011
БитолаМакедонија Македонија

Занимање – театарски и филмски актер

 

 

Илко Стефановски (Битола4 ноември 1952 – Битола6 декември 2011) — македонски театарски и филмски актер,

Биографија

Стефановски е роден во Битола во 1952 година. Во родниот град го завршил основното и средното образование. Факултетот за драмски уметности, отсек актери во класата на проф. Илија Џувалековски го завршил во 1976 година во Скопје. По дипломирањето се вратил во Битола каде ја започнал својата актерска кариера. Уште од почетокот на кариерата се вброил меѓу најзабележителните актерски појави не само во својот матичен колектив, туку и во поширокиот театарски простор. Неговите маестрално остварени ролји во претставите: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “, „Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајќи го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, му донеле безброј награди, скоро на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Како актер блеснал со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програми и сл. Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија – „Охридско лето“, учествувајќи и во проекти надвор од неговата матична сцена.

Починал ненадејно на 6 декември 2011 година во Битола.

Награди и признанија

Добитник е на престижната републичка награда „11 Oктомври“ (2006 г.)

Филмски остварувања

 

Стефановски уште од почетокот на својата кариера стана дел од познатите актерски имиња, не само во својот матичен театар, туку и во поширокиот театарски контекст.

„Стефановски знаеше да ги надмине и најоптималните очекувања, да блесне и во најделикатните, најсложените сценски зафати, а негови мошне впечатливи актерски остварувања го исфрлија во прв план како мерило за високи актерски достигнувања. Тој се раководеше од сознанието дека се она што се создава, мора да тргнува од врутоците на внатрешниот живот, од внатрешната драма на човекот“, наведено е во соопштениото од театарот.

Стефановски играше во претставите „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “,„ Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајки го Годо“, „Пеш“ ,„Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, кои што му донесоа награди скоро на сите фестивали каде што гостуваше Народниот театар од Битола.

Погребот ќе се изврши утре во 12.00 часот на гробиштата Св. Недела, а комеморацијата ќе се одржи во Битолскиот народен театар во 10.30 часот.

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

Секако, за да се разбере и осознае природата на театарот и неговото 3000-годишно постоење на македонската почва, потребно е да не се разгледува само од денешен аспект. Од она што театарот е денес. Како ѕидана зграда, институција со место за гледачи и сцена, кутија за играта на актерите и сценските дејствија, со светлосен и звучен систем, со простории за пресвлекување, со техника за сценографски промени, со места за оставање палта и театарски кафулиња. Мислам дека од денешен аспект ние само ја гледаме крајната точка до која дошол театарот како институција за да биде масовна култура. Го гледаме неговиот одраз. Сенка. Плакат. Скица. Отпечаток. Ја гледаме неговата графика. Или само дел од неговата Боженственост и посветеност. Иако одвреме-навреме одредени театарски верници успеваат да му ја вратат славата, духовната сила и духовната смисла што повторно нé води до Боженственоста. До врската на театарот со религијата. Како на пример: Питер Брук, Јержи Гротовски, Еуџенио Барба, Џулијан Бек и др. Но, тоа ќе биде тема на четвртата глава на овој труд. Спомнатите театарски апостоли се тие кои успеваат да се доближат до неговата внатрешна, духовна природа. До неговата базична сила. До неговата елитност. Но, речиси секогаш тоа е пат кон себе си, кон спознанието на самиот себе и својата култура, затоа што тие се враќаат на древните принципи на неговата светост. На неговата Боженственост. На неговата изворност и елитност. На стариот антички религиски театар. На институцијата “верски театар”, “обреден театар”, “религиски театар”, “свет театар”, “посветен театар”, што повторно нé доведува до точката на поврзување на сцената и религијата. До нивната духовна врска. Врска која кога се прекинува театарот преминува во масовна култура и ја губи својата душа и духовност. Станува комерција и травијалност.

МНТ: ”Без галама”- на судот на публиката!

 

Во полната сала на МНТ, беше одиграна новата претстава со наслов “Без паника “ во режија на Тони Михајловски

А на сцената… докажаните Весна Петрушевска-Бејбе, Игор Џамбазов, Нино Леви, Арна Шијак, Камка Тоциновски… како и Александар Михајловски, Емилија Мицевска, Александар Ѓорѓиевски, Стефан Спасов…

И секако режисерот Тони, кој сигурно знае како е и зад сцената и на сцената. И токму за тоа и зборува самата претставата, во која актерите играат актери… Интересен е моментот што самата претстава започна сосема невообичаено без стандарден почеток, туку со актерите на сцена кои “ги пробуваа улогите”, си правеа шега на своја сметка, па публиката во прво време не знаеше дали претставата започнала или не. А откога режисерот и официјално и во свој стил на одличен шоумен ја најави изведбата на претставата, започна да се одвива дејствието…

Најавена како комедија на ситуации, на сцената актерите и буквално се најдоа во најразлични ситуации, помалку или повеќе смешни, трагични – реални… трасирани од Мајкл Фрејн, авторот на текстот според кој е правена претставата.

Така, на репертоарот имаме комедија на ситуации, комедија како еден од најтешките жанрови која своја реприза ќе има и на 14 април, а на публиката останува да го каже своето…

Седум претстави на 11. ИТФ „Лица без маски“

 

Четири гостински и три домашни претстави ќе прикаже 11. Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“ кој под мотото „Најди начин“ ќе се одржува од 12-ти до 16 април. Фестивалот ќе биде отворен во Дом на АРМ од 20 часот со документарната и политички ангажирана претстава „Јами дистрикт“ по текст на Милена Боговац и во режија на Кокан Младеновиќ од Србија.

„Лица без маски“ е посветен на независната професионална продукција која го негува експерименталниот и современ театарски израз. Директорот на фестивалот Миодраг Костиќ за МИА истакна дека и ова издание ќе има квалитетни и значајни продукции, претстави кои по својата естетика нудат нови истражувачки и експериментални концепти. Фестивалот донесува и новини зашто првпат на програмата ќе има т.н. сензорна претстава, како и документарна претстава, а сите, вели тој, се брутално искрени и жестоки во актуелниот политички миг во нашето општество, но и на глобално ниво.

– За жал, годинава од сè уште за нас нејасни причини не ја добивме традиционалната финансиска поддршка од Министерството за култура во рамките на годишната програма. И покрај фактот што на фестивалот носиме висококвалитетни продукции и имиња од светот на театарот. Сепак, нашата желба да понудиме нешто ново и различно е посилна. Успеавме во соработка со Конгресниот центар „Александар Македонски“ (Универзална сала) и со финансиска поддршка од Град Скопје и дел од странските амбасади во Македонија, да направиме програма достојна за нашиот фестивал. Верувам дека публиката ќе биде задоволна и од годинашното издание, изјави Костиќ.

Претставата со која во четврток ќе почне 11. ИТФ „Лица без маски“ е продукција на БИТЕФ театар од Белград, новосадскиот Think Tank Studio и Фествалот Maszk од Сегедин, Унгарија. Раскажува за настан од селото Јамина, најстара палеолитска населба во историјата на човештвото, каде НАСА кажува дека е пронајден скелет од најстариот човек на планетата. Бидејќи се наоѓа на територија на три држави: Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, секоја се обидува тоа да го присвои.

Претставата брутално зборува за бесмисленоста на националните поделби во 21 век, кога науката и технологијата одат напред. Според режисерот Младеновиќ, претставата „удира и во стомакот и во главата“ зашто сакале да направат нешто радикално, нешто што ќе биде страв од следна војна.

– Ние во Србија, Босна и Хрватска немаме само исти политики. Имаме и исти луѓе кои ги направија војните во 1990-те. Таа повишена реторика, коцкањето со туѓите животи, со туѓи глави, ќе нè однесе во некоја нова катастрофа. Поради тоа го измисливме тој факт, дека три нации се борат да докажат која е наследник на најстариот човек на светот околу археолошко наоѓалиште. Таквите апсурди може да нè одведат сите нас во нови крвопролевања. Затоа претставата се потсмева на сè што значи политичко опкружување. Нормалните луѓе на Балканот не смеат да дозволат да ни се повторат 1990-те, истакнува режисерот Младеновиќ.

Во едно свое интервју тој вели дека бурно на оваа претстава реагираат само националистите од сите страни кои немајќи лични квалитети и успех се кријат зад нешто што е колективно знаме. – Нацијата е последниот азил за неуспешните луѓе, смета режисерот.

Во претставата играат актерките Исидора Симијоновиќ, Јелена Граовац, Нина Нешковиќ, наратор е Немања Драгоша. Тие, наведува организаторот, заедно со живата музика на групата „VROOM“, ја држат публиката будна, насмеана и затечена во двата часа тотален театар.

На годинашниот фестивал првпат во Македонија ќе гостува сензорна претстава – „Арктик“ во режија на Серџи Отс, на експерименталниот и независен театар „Понтен Пие“ од Шпанија. Од 13-ти до 15 април таа ќе има по три изведби на ден пред платото на Универзална сала каде што ќе биде поставена куќичка.

– Ограничен број од 20 посетители на една изведба ќе имаат можност да ја видат и почувствуваат магијата на студениот Арктик, а доживувањето е бесценето и уникатно, посочи организаторот на фестивалот.

На 14 април на Малата сцена во Македонскиот народен театар ќе гостува „55 нијанси на геј“ на „Ќендра мултимедија“ од Косово во режија на Блерта Незирај. Претставата минатата година предизвика голем регионален интерес.

Четвртата гостинска претстава е „Дримвил“ на „92. Арт театар“ од Атина во режија на Ефи Меравоглу, која ќе биде изведена на 15 април на Малата сцена во Македонската опера и балет.

Од македонската независна продукција на 13 април од 22 часот на Малата сцена на Универзална сала ќе гостува Интимен театар од Битола со претставата „Три напред, три назад (седум осмини)“ во режија на Софија Ристевска, која лани ја доби наградата за најдобра режија на ИТФ „Лица без маски“.

На последната фестивалска вечер (16 април) од 20 часот во Детскиот театарски центар ќе настапат минатогодишните победници на „Лица без маски“- независниот театар „Артопија“ со претставата „Ужегнатост“ во режија на Владимир Милчин.

Пред доделувањето на трите фестивалски награди, на 16 април од 22 часот на Малата сцена на МОБ ќе биде изведена кореодрамата „Ла Ла Ла“ – авторски проект на Саша Евтимова

” Грдото пајче ” Х. К. Андерсен

 

Илустрација на сказната од Вилхелм Педерсен— првиот илустратор на Андерсен

Грдото пајче (данскиDen grimme ælling) — позната сказна од данскиот баснописец Ханс Кристијан Андерсен, која важи за мошне оригинален вид на биографска сказна.[1] Првпат е објавена во 1843 година.

Својот трнлив пат низ животот и творештвото најдобро го оцртал со помош на сказната „Грдото пајче“, во 1843 година. Во оваа приказна симпатично запишува:

Не е лошо да се родиш покрај бара заедно со патките, ако си се извел од јајце на лебед.

Ваквото творештво на Андерсен одекнало низ целиот свет. Оваа сказна-биографија се смета и за сказна-манифест, па дури и за упатство за секој млад човек, без непотребно морализирање, дека секогаш патот на успехот е полн со непредвидливости, искушенија и неизвесност, но само работата е таа што ги решава сите дилеми на една животната и творечката егзистенција.

Содржина

Беше едно топло и убаво лето. Од едно гнездо близу една стара пропадната куќа една патка лежеше во своето гнездо над јајцата. Во гнездото имаше 6 јајца. Секој дена по сто пати патката ги гледаше се додека еден ден на едно од јајцата не забележа пукнатина. И набргу потоа од петте јајца се видеа жолти глави. Од сите пет јајца излегоа пет убави пајчиња, но само едно јајце не беше пукнато. Во тоа јајце беше грдото пајче. Едно утро додека спиела наеднаш нешто што мрдало под неа ја разбудило. Таа била многу изненадена и веднаш се тргна од под пајчето. Кога го видела била изненадена. Тоа пајче било многу грдо. Следниот ден времето беше многу убаво. Сонцето блескаше на зелените лисја и мајката патка ги зела малку патчињата надолу кон водата и скокна во неа. Едно по едно патчињата скокнаа внатре во водата со очите затворени. Тие пливаа многу убаво со своите нозе, а со нив беше и грдото пајче. Мајката ги зела пајчињата и се вратиле во нивниот дом. Утредента повторно отишле да пливаат. Подоцна мајката патка ги зела патчињата и ги однела со старите дворови на фармата за да ги запознае со една стара патка која била позната мегу сите птици. Кога стигнаа таму, нивната мајка им рече: „Мора да одите таму и да се поклоните пред старата патка“. Патките го направиле тоа и старата патка била многу задоволна од нив. Другите патки си се погледнале меѓу себе и забележале дека го нема грдото пајче. Тој избегал претходната вечер кога не можел веќе да го поднесе тоа што му го правеле пајчињата. Додека сите пајки и пајчиња спиеле тој се искрал и тргнал по патот. Но наеднаш застанал. Пред него било едно четириножно суштество од кое грдото пајче било многу исплажено. Тоа четириножно суштество било куче. Патчето било премногу исплашено и се обидувало да си ја сокрие главата со крилјата. Патчето сакало да се спаси и му рекло на кучето: „Јас сум премногу грдо па дури и куче да ме јаде.“ Кучето побегнало. Пајчето во себе си рекло: „ Па тоа е голема милост“ И пајчето легнало малку да одмори. Кога се веќе било тивко подолго време тој станал и тргнал по патот. По некое време стигнал до една куќа. Пајчето се доближило до куќата и забележало еден стол и легнал под столот. Тој мислеше дека никој нема да го види па затоа остана таму и спиеше цела ноќ. Во таа куќа живеела една стара жена заедно со нејзината мачка и една кокошка. Тоа пајчето го дознало следното утро кога се разденило и кога тие го забележале нивниот посетител. Тие не знаеле како да му пријдат па затоа на секој начил се обидувале да го направат тоа. „Можеш ли да носиш јајца?“- го прашала кокошата. Пајчето спокојно одговорило: „Не јас незнам како“. Кокошката била навредена и му го свртела грбот на пајчето. На ред дошла мачката и таа го прашала: „ Можеш ли да ја набчкаш кожата кога си лут и да предеш кога си задоволен. И повторно пајчето морало да признае дека не може да ги направи тоа. Призна дека може само да плива. Но затоа пајчето останало таму три недели и делело хранат со мачката и кокошката. Но кога сонцето излезе, а воздухот стана потопол пајчето сакако да плива, па затоа ја напуштило вилата. Тој беше многу среќен и возбуден бидејќи повторно е во водата. Некое време тој беше многу среќен но наскоро дојде зима и снегот почна да паѓа и студот да стега. Секое утро било постудено и постудено, а патчето никогаш не било на топло. Најпосле една горчлива нок нозете не ги чувствуваше и студот го обвзема. Но за среќа по патот низ кој одело грдото пајче поминувал еден ловец кој ја преминувл реката и видел што се случило со грдото пајче. Целата зима грдото пајче било во куќата на тој ловец. Утредента кога грдото пајче станало се чувствувало некако поинаку. Тој се чувствувал многу поинаку, неговите крилја биле многу посилни и се чувствувал дека може да лета. Наеднаш тој се вивна во облаците и беше во близина со едно јато птици. Во себе си рекол: „Јас ке ги следам иако сум грд. Сите ги пречекале со пријатно добредојде. Грдото пајче застанало да зборува со една патка и и рекло: „Ако треба да умрам би сакал ти да ме убиеш. Јас сум премногу грд за да живеам. И како што зборуваше се погледна надолу во водата. Видел бел отсјај во водата и се изненадил. Не им верувал на своите очи. Во водата видел бел убав лебед. Тој си продолжил со својот живот како бел лебед и бил многу среќен.

 

Велешкиот театар со „Синиот портокал“ гостува во Софија

Во четврток, на 29 март, со претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски, Театар „Јордан Х.К-Џинот“ Велес ќе гостува во Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија, Р.Бугарија.
„Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи. Во време на глобализација кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националноста и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа претставата топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација.

Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

„Синиот портокал“ е трета продукција од Програмата на Велешкиот театар за 2017 година и е една од најизведуваните претстави со над 30 изведби на репертоарот на театарот. Претставата досега беше изведена и во Центарот за култура во Радовиш, фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, „Скопско лето“, Македонското културно лето во Албанија, фестивалот „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, како и на фестивалот „Ин Виница веритас“ во Виница.
Со почит,
Театар „ЈХК-Џинот“, Велес

ПАНФИЗ – 2008 (10 – 14 МАРТ)

 

Првиот фестивал на пантомима и физички театар во Македонија се одржа како манифестација без финансиска поддршка од Министерството за култура. Покренувач, организатор и селектор на програмата е Трајче Ѓорѓиев и самиот актер и пантомимичар. И покрај редуцираната првобитн а програма и замисла, сепак на ова прво издание на програмата се најдоа седум претстави од жанрот на пантомимата и физичкиот театар. Како коорганизатор на првиот фестивал се јавува МНТ на чија сцена се одигруваа сите седум претстави. Манифестацијата е со натпреварувачки карактер, а одлучено е да се доделува само една награда за најдобра претстава односно остварување, а истата се состои од една слика од познатиот македонски ликовен уметник, Мирослав Масин. Жирито на првиот фестивал работеше во состав: Тодор Кузманов, театарски критичар, Гордана Дејан Поп Христова, кореограф и Дарко Спасов, драматург. Мотото под кое се покренува оваа нова театарска манифестација е интеркултурната размена и потикнувањето и мотивацијата на млади уметнички кадри од земјата во областа на пантомимата и физичкиот театар. Токму во овој контекст паралелно со претставите се предвидува и одржување на работилници, предавања и презентација на разни школи и учесници на фестивалот. ПАНФИЗ – 2008 беше отворен со претставата „Човекот“ во изведба на Трајче Ѓорѓиев. Овој пантомимски перформанс е работен односно базиран на класични пантомимски дела на Марсел Марсо. Станува збор за сцените насловени како, „Кафуле“, „Уличен свирач“, „Суд“, „Кафез“ и „Човекот“. Значи, станува збор за оформување на нашето секојдневие, но паралелно се одигруваат и универзални и филозофски обоени теми, со завидна доза на хумор и комика. Сите посочени теми и дилеми, Трајче Ѓорѓиев со средствата на пантомимата ги понудува во една питка и забавна форма. Притоа, тој постигнува апсолутна препознатливост и јасност така што публиката ги идентификува, ги препознава ситуациите и реагира на истите. „Човекот“ е прва пантомимска претстава на Т. Ѓорѓиев со која тој досега настапувал во повеќе земји (Кина, САД, Германија, Хрватска, Словенија, Бугарија…) Претставата „Хомо луденс“ ја изведе бугарскиот пантомимичар Александар Илиев. Беше тоа една алегориска претстава за човекот и универзумот. Човекот се заигрува и токму играта ќе биде основата од која се создава и се обликува светот. На овој пат, се разбира, се случуваат бројни перипетии, кои Александар Илиев ги изведува со извонредна леснотија и верба. Претставата „Контрасти“ ја изведе „Непостоечкиот театар“ од Романија, а во неа настапија Дана Кавалеру и Ричард Бовноцки. Во нивниот перформанс се комбинираат пантомимата и танцот со многу оригинални сценски решенија во приказната за мажот и жената кои се будат во ист кревет обидувајќи да се сетат каде порано се виделе односно се сретнале. Претставата изобилува со многу хумор во прикажувањето на спротивностите меѓу мажот и жената во секојдневниот живот, но и на јавната општествена сцена. Пантомимичарот од Јапонија, Акира Шимизу ја изведе претставата „Златната тишина“ успевајќи да ги плени и восхити гледачите со својата виртуозна изведба. Втората театарска трупа од Романија „Караван арт“ се претстави со шоуто „Флерт“ во изведба на Андреа Падурару и Михаил Баранга. Тие беа максимални во сликањето на чинот на заведувањето и барањето на сопатник, како комедија која се одигрува во пет чекори. Како македонско-бугарска копродукција трупата „Полихимнија“ ја изведе претставата „Харакири“ со Д. Вељиќ, В.Арев и К. Трајковски, а како последна претстава на првиот ПАНФИЗ Театарот за пантомима од САД ја изведе „Елементарни приказни“ на Рик Вејмер. Беше тоа мал серијал на класични и модерни пантомиски вињетки во кои некогаш преовладува лиричноста, а другпат комичноста, илузијата

73 години МНТ/Изложба – „Моќта на актерот“

Тоа се: Вера Вучкова – Жежељ, Добрила Пуцкова, Добрила Чабриќ – Ивановска, Тома Киров, Кирил Ќортошев, Цветанка Јакимовска, Ратко Гавриловиќ, Драга Арсенска – Велможин, Драги Крстевски, Стојка Цекова, Борис Стефановски, Драги Костовски, Пантелеј Мирковски, Таше Кочовски, Кирил Попов, Вукан Диневски, Чедо Камџијаш, Анче Џамбазова, Димитар Костов, Кирил Андоновски, Душко Костовски, Владимир Светиев, Александар Џуровски, Кирил Псалтиров, Мирче Доневски, Кирил Коруновски, Александар Шехтански и Гоце Влахов.