Гледачот во театарот … некогаш и сега !

Порано, во “античко време“, театарот имаше конкретна цел – да предизвика катарза кај гледачот: духовно и душевно очистување на битието. Гледачот беше задоволен од овој ефект, наречен катарза.

Еден ден (како гром од ведро небо) се појавија експресионистите. И они имаа конкретна сценска цел – низ сирови, елементрани бои и форми, преку жестока, нагонска игра да предизвикаат кај гледачот емотивен стрес. Имено, во неговиот желудник се случуваше Sturm und Drang гледајќи ги сценските ликови како низ очајнички крикови ја бараат својата изгубена душа. Гледачот беше задоволен од овој “ефект“, од овој макабр танц.

Потоа дојде Брехт, донесе Verfremdungs-effekt. И овој ефект имаше конкретна цел – да ја врати свеста на гледачот таму кај што и’ е местото – од свест по себе, во свест за себе. Гледачот, иако на кратко, сепак беше задоволен од овој Verfremdungs-effekt.

Театарот е како бордел  – секој може да влезе внатре и да го добие она што ќе го ЗАДОВОЛИ. Денес, гледачот најмногу се задоволува од “ услугите “ на експресионистите – жестокост, страст, суровост, агресија, крв и сперма… мускул и пот.
Денешниот гледач како да е нагонски наклонет кон овој вид на уживање, кон овој макабр танц на денешницата.

– Макабр ефектот на експресионистите владее со сцената.
– Verfremdungs ефектот на Брехт полека исчезнува во сопствениот заборав.
– Античкиот ефект (катарза) е длабоко сместен во меморијата на една одамна исчезната цивилизација.