Мисија
Нашата мисија е да се понуди на децата од сите возрасти, од 0 до 15 години, театарската уметност како секојдневие при нивниот раст и развој.Ние сакаме да се воспостави комуникација и да се започне дијалог со нашите млади луѓе за тековните и секојдневните теми за кои тие се интересираат, односно за теми кои го заземаат нивното внимание.Нашата мисија е да се подигне театарот за деца на исто ниво како „театарот за возрасни“ и сигурно ќе го направиме ова со стремеж кон совршенсвото и високи уметнички критериуми при создавањето на уметност за деца. Нашата мисија е да ги поддржиме и да ги афирмираме нашите автори кои творат во Македонија, но и да истражуваме во европската и светската драматургија за деца. Нашата мисија е да ја вклучиме театарската уметност во нашиот систем за образование на сите нивоа, да се едуцираат едукаторите, публиката и уметниците.
Визија
Визијата на Бабец театар за во иднина е создавање на современ театар за деца кој ќе претставува уметничка, а не образовна институција Тоа е театар што ги развива децата преку уметност, а не ги едуцира за уметност.Театар во кој публика се децата од денешницата, а не публика од иднината и на крајот на краиштата да создаде театар кој е рамноправен дел, а не дополнително средство кон воспитувањето и образованието на децата. Посакуваме Бабец театар во иднина да биде еден од европските театарски центри, во кој ќе се раќаат нови идеи и концепти за развој на театарската уметност за деца секако следејќи ги новите светски трендови.Оваа цел е возможно да се постигне само со безкомпромисна посветеност при работата со деца и за деца.
Екипа
ВАСКО МАВРОВСКИ,
извршен продуцент и директор на ИДТФ Битолино
Роден е 10.09.1981 год во Битола, дипломирал на Националната академија за театарска и филмска уметност “Крсто Сарафов” во Софија на отсекот драмски актер во класата на проф. Стефан Данаилов. Својата професионална кариера ја започнува во 1999 год и досега има реализирано повеќе од 20 рољи, застапен е во постановки на светски класици и домашната драматургија, учествувал во повеќе филмови реализирани од домашни но и од светски познати продукции. Во својата кариера како продуцент се потпишува на десет успешно реализирани проекти. Од 2010 година е вработен во Н.У. НТБ и е основач и претседател на управниот одбор на ЗКУ Детски театар – Битола кој е член на Светската асоцијација на детски театри АССИТЕЈ и Центарот на детски театри од средна и југоисточна Европа ТЕАТАР ЕПИЦЕНТАР. Од 2011 година е директор на ИДТФ Битолино.
ЈУЛИЈАНА МИРЧЕВСКА,
програмски директор и селектор на ИДТФ Битолино
Родена 03.04.1978 год. во Штип, дипломиран актер , Факултет за драмски уметност Скопје, класа на проф. Владимир Милчин.Од 2002 год е вработена во Народниот театар во Битола,покрај настапите на матичната сцена играла во повеќе градови низ Македонија а настапувала и на многу европски и светски фестивали (Париз, Москва, Њујорк, Торонто, Истанбул итн) одиграла повеќе од триесет улоги, автор е на пет драмски текста за деца , режирала четири детски претстави. Основач е на Детскиот театар – Битола. Добитник е на наградата за најдобар млад актер на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински и најдобра женска улога на Фестивалот на античка драма СТОБИ во 2012 год,