НАМЕСТО ХЕПИЕНД на сцената
проф.д-р Христо Петрески
Задачата на актерот при интерпретацијата на монодрамата е тешка и деликатна, затоа што сиот емоционален набој и актерска енергија треба да се пренесе кај присутните, надминувајќи ја тенката граница и бариера меѓу сцената и гледалиштето, исполнувајќи го веќе воспоставениот флуид на понуденото и очекуваното, претпоставеното и можното, (не)запишаното и (не)изреченото.
Без поддршка од руги актери, често и без поголема и позначајна сценографија, костимографија и друга придружба, акерот е САМ на сцената. Значи, акерот е без заштитата што ја овозможуваат сценските артефакти, свртен кон публиката, упатен е само на себеси пред присутните, на сопственото тело и глас, на сопствените вербални регистри и актерски техники.
Всушност, актерот е само продолжена рака и трансмисија на претходниот друг самотник – писателот, па повторно на сцената е осамен и изложен на бројните (не)реални очекувања на хетерогената група гледачи.
Писателот и актерот целло време настојуваат преку уметничкиот чин да ги збогатат луѓето со извесни сознанија кои тие (не) ги поседуваат. И писателот и актерот не претпоставуваат и не се сомневаат во тоа, напротив, туку длабоко веруваат и секогаш тргнуваат од почеток, од нула.
Монодрамата како театар на еден актер, е магија на движења (гестови) и зборови (реплики), кои треба да го исполнат вакуумот и просторот, да го овековечат времето и мигот, односно еден актер да биде и функционира како цел театар, а монодрамата да не биде монодрама или дуодрама, туку вистинска, повеќезначна и комплетна драма. Притоа, актерот треба да се трандформира во бројни улоги, сите доведени до совршенство, полнота и различност, за да додје до израз актерското богатство, виртуозност и мајсторство.
Во пантомимата и монодрамата – акетрот зџазема центарлно место, тој е единица мерка и креативен баланс (вага) над се друго (над сите други лица и нешта).
За театарот обично се вели дека е колективно дело, а монодрамата како театарски облик е дело на поединецот. Колку и да се чини тоа себично и посесивно, факт е дека актерот кој е единствен човек на сцената – најчесто е себеси и режиасер, многу често и писател, и сценограф, и костимограф, и композитор, и кореограф… Всушност, тој го заменува целиот (неопходен) театар, па не случајно и со право за монодрамата се вели дека е театар со еден и во еден човек, т.е. свет во еден актер, колку тоа да изгледа и звучи Донкихотовски или како Давид пред Голијат…
Непосредноста и директноста, комуникацијата и взаемноста меѓу актерот и гледачите – при изведбата на монјодрамите најмногу, најбрзо и најлесно доаѓа до израз.
Соочен со текстот и улогата што треба да ја толкува, сметајќи само на својот психо-физички хабитус, актерот и денес, по двесетр и пет векови од создавањето на театарот, соочен е со иста задача и предизвик како и пред дваипол милениуми, а тоа е претставување на вистината за човекот и приближување на суштината на животот, а во монодрамата актерот тоа мора да го направи (во зададениот ограничен простор без сценски помагала) исклучиво со своето тело како орудие.
Уметничкото дело, олсвен вникманието на публиката, треба да го олсвои И нивниот емоционален свет, да постави прашања и да отвори етички дилеми, а монодрамата го достигнува својот посакуван ефект кога среѓно ќе се спијат актерската дарба и идејата на претставата. Тогаш, се создава театарска свеченост – возбудлива, трансапрентна, уметнички релевантна, а во случајот на монодрамата таа подразбира и актерска зрелост, искуствен багаж, несекојдневен талент, дострели и потенцијали…
Монологот му претходи на дијалогот. Монологот е исповед, обраќање на својот двојник – публиката. Монологот е (авто)анализа и преиспитување (став). Со штитот или на него…
Монодрамата е есенција (бисер), школка која тешко се отвора, но кога ќе се отвори – таа повторно никогаш не се затвора и ништо не е веќе како што претходно било за актерот и публиката.
Под сомнеж е доведен сиот поредок, сите правила и нормативи, сите критерими и вредности, па и човековиот живот и неговата (бес)мисла.
Всушност, монологот претставува дијалог без или само со претпоставени реплики, со многу прашалници и извичници, со реторички фигури и прашања.
Монолошкиот исказ, трагичен или комичен, е мисловен и синтетичен или хуморен и релаксирачки, но и во едниот и во другиот случај – го привлекува вниманието на рецепиентите, воспоставува интеракција и колективна театарска наслада (катарза).
Актерот во монодрамата е и субјект и објект истовремено, а најголемите препреки се оние кои се наоѓаат во него самиот и кои тој мудро, вешто и динамично треба да ги совлада.
Такво е и денешното искуство и впечатокот од заедничката впечатлива и памтлива креација на актерот Страшо Милошовски во еколошката претстава “Ети ја спасува Тера“ на писателот Трајче Кацаров. Сигурен сум дека од оваа пиеса и претстава, која полека но сигурно веќе станува незадолжителна лектира во основното образование и се обработува на педагошките факултети кај нас, набрзо ќе излезе и надвор од нашите републички граници, но и дека можеби ќе иницира одржување на еколошки фестивал, слични други еколошки книги и претстави од страна на истиот автор и актер, но и од други домашни и странски протагонисти…